логоFacebookTwitterYouTubeeMail

   7.Vselenski.sobor

Скопје, 27ми октомври 2019 год.- храм на св.Петка, н.Црниче

(18 недела по Педесетница)

Свето евангелие според светиот апостол Лука 7:36-50

 7.Vselenski.sobor

 На 27ти октомври 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

 7.Vselenski.sobor

Преподобна Параскева (Петка)

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

 

На 27ми окромври 2019 година, кога Македонската Православна црква-Охридска епархија молитвено го прослави споменот на преподобна Параскева (Петка), во храм кој го носи нејзиното име, во скопската населба Црниче, Митрополитот Струмички г. Наум во сослужение на свештенството од Скопската епархија и ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи  Архиерејска  Божесвена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

  7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

7.Vselenski.sobor

 Митрополит Струмички Наум: Искушението на разумот


Кога говоревме за злоупотребата на првата светлина, рековме дека, всушност, не можеме да ја злоупотребиме самата светлина (зашто тоа е Божја благодат), туку го злоупотребуваме само соодветното знаење што позади нејзиното повлекување останува. Го злоупотребуваме во две насоки: за судење и осудување, како и за подучување на другите. Тоа е последица од нашата гордост. Ваквото постапување е почеток и крај на нашиот духовен развој.

Делот за судењето и осудувањето е разбирлив мисловно за нашиот разум иако, и покрај тоа, сите ние често паѓаме во таквиот грев. Но, некој ќе праша: што има лошо во подучувањето на другите, особено на оние што не знаат? Ништо лошо за тие што се поучуваат, под услов пишаното или кажаното да е точно – затоа што многупати и тука се греши (да не говориме за погрешно време, место, публика итн.).

Што е со оној што поучува? Неискуството не сфаќа дека само онаа светлина што произлегува од чистењето на суштината на умот (која се наоѓа во срцето), значи која допрела до нашето срце и извира од него, може да допре до срцето на ближниот и да го познае; да ја запали светлината во неговото срце, да го крепи и да му помага да чекори по патот на Вистината.

Што го спасува неопитниот, во светлината на просветлувањето, „проповедник“? Го спасува да проповеда само како свештеник Божји во послушание, и тоа ако претходно смирено го одбил оној под чие послушание се наоѓа; да проповеда согласно потребите што ги одредува оној во чие послушание се наоѓа (според потребите на Црквата), притоа не истакнувајќи свое мислење, туку мислењето на светите Отци.

Најпросто кажано, не поучувај други сам од себе додека да го добиеш дарот на умно-срдечната молитва и просветленоста на умот. Не го активирај предвреме интелектуалниот дар, на кој многу си работел, додека не го преобразиш со дарот на просветленоста, на кој треба да поработиш. Направи смирението и воздржанието во интелектуалниот дар да ти станат притисокот под кој срцето многу побрзо ќе се очисти и отвори, отколку кај оние што тој дар го немаат.

Деца, не ги расфрлајте напразно своите дарови; не се расфрлајте со празни зборови, зборови без сила кои никому ништо не значат, ниту некој ги памти, заради малку лажна, само човечка слава. Социјалните мрежи се најголемата замка и алатка што демонот може да ја искористи на ваша штета и на штета на Црквата ако постапувате неразумно, надвор од послушание – надвор од богодадениот поредок на нештата. И обратно, социјалните мрежи можат да бидат многу силна алатка на Црквата – доколку се користат во послушание, во смирение.

Митрополит Струмички Наум

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »