логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Излезе од печат „Мисли за женската душа: есеи за психологијата на животот“ од д-р Дмитриј Авдеев (13.09.2018 10:25)

Неодамна, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум излезе од печат книгата „Мисли за женската душа: есеи за психологијата на животот“ од д-р Дмитриј Авдеев и Јоана Беседина, во издание на списанието „Премин“. Издавањето на книгата го овозможи манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.

Оваа книга, можеби, првенствено е полезна за жените што се наоѓаат на патот на Верата. Истовремено, се надеваме, и читателот што е веќе воцрковен ќе нацрпи од неа нешто важно и полезно. Авторите на книгата и нивните собеседници овде размислуваат за предодреденоста на жената, за т.н. „криза на средните години“, за кариерата, за проблемите на современото семејство, особено за „осаменоста во бракот“, за сопружничките односи, воспитанието на децата и за многу други работи што ја вознемируваат современата жена.

Проф. д-р Дмитриј А. Авдеев е православен лекар-психијатар, психотерапевт, медицински психолог, доктор по медицински науки. Завршил последипломски студии на Богословскиот факултет на Универзитетот „Лукијан Благо“ (Романија). Од 1991 година активно работи во правец на формирање христијански однос кон психичките заболувања, т.е. на моделот на православната психотерапија. Ја разработува православно ориентираната програма за рехабилитација на лица што страдаат од наркоманија и алкохолизам. Член е на руски и на меѓународни професионални здруженија и асоцијации. Автор е на повеќе од 300 духовно-просветни, научни публикации и мултимедијални проекти, во кои спаѓаат над 60 книги, издадени освен на руски и на повеќе светски јазици. Основач е и директор на Институтот за проблемите на формирањето христијански однос кон психичките заболувања, каде што е и редовен професор. Во текот на своите дваесет години работа им укажал помош на илјадници луѓе.

Јоана Анатољевна Беседина е православна новинарка, автор на низа духовно-просветителски публикации во руското списание „Женско здравје“.

*

Како да се сочува семејството? Има ли универзални правила за семеен живот?

Караниците се речиси неизбежно искушение практично за секое семејство. Најважно е да не им се даде простор на моменталните емоции. Со време, треба да се дојде до тоа караници воопшто да нема. Во семејството треба да се научиме да се љубиме еден со друг. Дури и во секојдневните навики и постапки. На пример, мажот не си ги чисти чевлите. Првата година од заедничкиот живот дури и неговите неисчистени чевли ти се допаѓаат. По две години – ти станува сеедно, а по пет години неисчистените чевли те лутат толку многу што мора да се караш поради тоа. Караниците ќе се случуваат дотогаш додека не почнеш незабележително да ги чистиш неговите чевли и да ги оставаш во аголот каде што стојат. И, тоа нема да го правиш затоа што му попушташ. Едноставно, неговите слабост и мрзеливост ги покриваш со љубов. Но, до тоа треба да се дојде.

Универзални правила за тоа како да се однесуваат луѓето во семејството нема. Секој си одбира нешто за себе. Можам да дадам некои општи препораки. Немојте обајцата истовремено да се лутите. Не викајте еден на друг.

Ако некој од двајцата сака да победи во спорот, отстапете му ја победата на другиот. Ако мора да се прекори некој, направете го тоа со љубов. Никогаш не ги споменувајте грешките од минатото. Не легнувајте да спиете додека не се смирите. Сте кажале нешто набрзина и непромислено? Веднаш барајте простување.

Светата царица Александра во своите записи забележала дека не може да има длабока и искрена љубов таму каде што има егоизам. Една од тајните на семејната среќа е вниманието еден кон друг. Мажот и жената постојано треба да си укажуваат знаци на најнежно внимание и љубов. Среќата на животот се состои од одредени мигови: од малечките задоволства на бакнежот, насмевката, добриот поглед, срдечниот комплимент, од добрите мисли и искрените чувства. Неопходно е отворено да се разговара, да се споделуваат своите тешкотии и желби. Сопрузите треба да си помагаат еден со друг и да се грижат еден за друг. Треба да се уважуваат мислењата, вкусовите, навиките на другиот. Заедничкиот живот задолжително бара отстапки и компромиси. Има уште еден важен елемент – единство на интересите. Секоја мудра и верна жена со радост ќе се интересира за работата на нејзиниот маж. Таа ќе сака да знае за секој негов нов проект, план, тешкотии, сомненија. Таа ќе сака да знае кој негов потфат е успешен, а кој не е. Треба да се споделуваат товарите на грижите. Така ќе живеете еден живот, а не два. Не треба да имате тајни еден пред друг. Пријателите на семејството треба да бидат само заеднички. На тој начин, двата живота ќе се слеат во еден. А вие ќе ги споделувате и мислите, и желбите, и чувствата, и радоста, и тагата еден на друг. За да ја сочувате љубовта, треба да бидете отворени и доверливи еден кон друг.

(извадок од книгата)

Извор: МПЦ-ОА

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »