логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

На ден 01. 09. 2018 година, кога Светата Црква си спомнува за Празникот на иконата – Патеводителка на Пресвета Богородица; св. мч. Андреј Стратилат; преп. Теофан Македонски, со благослов на надлежниот архиереј на Австралиско-сиднејската православна епархија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плашки и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а во организација на Македонската православна општина при Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам и на Македонската православна младина на Австралија (MOYA) во Мелбурн во најодалечениот престол на древната и славна Светиклиментова црква се одржа свечена прослава по повод големите јубилеи на нашата Помесна Македонска праволавна црква – Охридска архиепископија.


Верниците при Австралиско-сиднејската православна епархија си спомнаа за големите јубилеи: „1000 години од издавањето на хрисовулите на Василиј II со кои Охридската архиепископија добила канонски легимитет и од Константинопол (1018-2018); 60 години од нејзиното возобновување во лицето на Македонската православна црква (1958 – 2018); 1155 години од Моравската мисија на рамноапостолните солунски браќа свети Кирил и свети Методиј, сесловенските учители и просветители и по повод 5 годишнината од блаженото упокојување на првиот Архиереј на македонската дијаспора, блажено упокоениот Митрополит Полошко – кумановски Кирил (2013-2018), кој долги години ја предводел Американско-канадско-австралиската епархија.


Чествувањето на овие јубилеи започна со Света Божествена литургија во Соборниот храм на Австралиско-сиднејската православна ерапрхија - „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам. На литургијата богослужеше, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински во сослужение на архимандритот Гаврил (Галев) и на гостинот од Руската задгранична црква во Австралија, протојереј-ставрофор Јован Димитров. Пред присутните за време на Литургијата беседеше отец Ефтим. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.


Веднаш по Литургијата беше ослужен помен за упокоените архиепископи и за Митрополит Американско-канадско-австралиски Кирил. За време на поменот од името на верниот народ се обрати заменик претседателот на Македонската православна младина на Австралија, др. Ананија Ананиевски, кој укажа дека: „Поменот беше во знак на благодарност за сè што направи за сите нас дедо Кириле, за твојата неизмерна грижа и љубов околу обединувањето на македонскиот народ во прекуокејанските земји, организирајќи ги во формираните од лично од тебе над 40 црковни општини, кои до денес со почит се сеќаваат на твојот спомен, кој не бледнее и по цели пет години откако нè напушти. Твојата мудрост и личност фали во овие времиња во нашата Црква, но сеќавањето на тебе и на твоите бесценети дела, кои ги остави во наследство ја исполнуваат таа празнина. Вечен ти спомен!“.

  • 1
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 2
  • 20
  • 21
  • 22
  • 3
  • 4
  • 40
  • 41
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9


По трисагијата започна Свечената јубилејна духовна академија. Најнапред со пригодно слово пред присутните се обрати отецот Ефтим, кој меѓу другото, нагласувајќи го значењето на Охридската архиепископија, возобновена во лицето на Македонската православна црква за дијаспората рече: „Охридската црква низ сиве овие години исполнети со бројни искушенија, остана духовна мајка на македонскиот народ не само во Татковината, туку насекаде, а особено овде во македонската дијаспора на Австралискиот континент. Нас единствено како народ нè сочувала Охридската архиепископија, возобновена како Македонска православна црква. До ден денес македонските црковни општини при храмовите се центарот и прибежиштето на Македонците ширум светот“.


На Духовната академија на голема радост беше одржана и промоцијата на книгата на Неговото Високопреподобие, Архимандритот Гаврил (Галев), игумен на македонскиот православен манастир „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк. Присутните беа запознаени со содржината на книгата „Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот отечник“ од страна на отец Гаврил, кој како автор кратко посочи: „дека во делото накратко се разработени теми од Лествицата и Египетскиот Патерикон, кои преставуваат неисцрпни и постојано актуелни енциклопедии и кодекси на вистинско христијанско живеење во Светиот Дух. Книгата е прирачник за секој христијанин на патот кон Царството Божјо. На тој пат на очистување подвижникот поминува три нивоа на духовен растеж: чистење на срцето, просветлување на умот и обожување. Тој е единствениот пат кој нè води кон изгубениот рај“ – меѓу другото истакна отец Гаврил. На крај тој се заблагодари најнапред на надлежниот архиереј на Австралиско-сиднејската православна епархија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плашки и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, како и на сите негови духовни чеда што овозможија се отпечати оваа книга во издавателство на издавачката куќа „Свети Гаврил Велички“ при Австралиско-сиднејската православна епархија. Присутните бесплатно добија примерок од книгата, а исто така како додаток со книгата добија и печатен примерок од неодамнешното интервју на отец Гаврил: „Да ги надминеме сите наши непријатности и да погледнеме нанапред“, кое излезе по повод 20 годишниот јубилеј од ракополагањето во јеромонашки чин. Интервјуто е достапно и можете и електронски да го прочитате на следниот линк: http://mpcaus.org/wp-content/uploads/spisanie/Intervju-dodatok.pdf.


На крајот свечената академија беше затворена со уметничко-културна програма во изведба на Маја Наумовска и Магдалена Крстевска, кои со нивните милозвучниот гласови му дадоа посебен свечен карактер на прославата. Со благодарствените песни кон Семилостивиот Бог беше означен крајот на свечената академија, на која учество зеде многуброен народ од Малбурн и околината, како и од сите краишта на Австралија. По манифестацијата се одржа и коктел на кокј присутните го продолжија своето дружење, со надеж и верба дека повторно соборно уште долги години ќе ги прославуваат радостите на нашата Македонска православна црква – Охридска архиепископија.

Известува:
Др. Ананија Ананиевски



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

26/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Артемон; Светиот маченик Крискент; Светата маченичка Томаида;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная