логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

09 јули/22 јули 2017 лето Господово    

 

Со благослов на нашиот надлежен архипастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, неодамна беше обновен прекрасниот мермерен саркофаг на игуменот – обновител на Светата Благовештенска Обител – Пречиста, хаџи-Теодосиј, што се наоѓа прилепен до храмот, од јужната страна, во тремот.

Великиот наш духовник и преродбеник Теодосиј Пречистански, кој се одликувал со исклучителна посветеност кон Божјото и народното дело, бил роден во 1810 година во Скопје. Неговите родители биле преселени од кичевското село Орланци. Уште од млади години Теодосиј бил испратен во манастирот Пречиста, при чичко му Макариј, тогашен игумен на манастирот. Напојуван од благодатните струи на Пречистата Владичица, Теодосиј многу рано го возљубил рамноангелскиот живот и бил потстрижен за монах. Во 1838 година, по враќањето од поклонението на Божјиот Гроб во Ерусалим, бил избран за игумен. Меѓутоа, во 1843 година Арнаути – разбојници од Дебар до темели го опустошиле и изгореле манастирот. За овој настан постои и запис во една парусија на Манастирот, во која се вели: „Дојдоа сарацените и сотворија големо озлобление кон луѓето што ги најдоа овде, а после и манастирот го запалија, и изгоре до крај, во летото од Христа 1843-то“.

Од пожарот се спасила само малата, скромна црква. Веднаш после ова големо искушение, игуменот хаџи Теодосиј со големо смирение пристапил кон изградбата на нови конаци. Кога тие биле готови, браќата, што дотогаш привремено живееле под сеници, се прибрале во новите зданија и со топли молитви Му благодареле на Бога што им дал таков свет и великодушен игумен. Со својата ревност и посветеност кон Светињата, хаџи Теодосиј брзо ја стекнал љубовта на околното население и станал највозљубен Старец и духовник во околината. Но, неговата саможртва за Бога и ближните не престанала тука: набрзо тој намислил да подигне велелепен и огромен храм. Таа грандиозна негова мечта нашла поткрепа и со радост била прифатена од преданото му население. Така, во 1848 година, благодарение на Божјата милост, големата народна помош и апостолската непоколебливост на отец Теодосиј, била довршена градбата на денешниот воодушевувачки храм, прв во Македонија со таква големина и убавина. На 25 мај 1873 година, после страдалничкиот игуменски живот, исполнет со голготски искушенија, гоненија и заточенија,  преподобниот Теодосиј се преселил во вечниот спокој на Царството Христово. На погребот му присуствувало целото кичевско духовенство, како и многуброен народ, што само ја покажува љубовта која населението ја имало кон него.

Во септември истата, 1873 година, Теодосиевиот наследник во игуменството, а воедно и негов сродник, знаменитиот македонски духовник и голем борец за Божјото и народното дело, Козма Пречистански – подоцна егзархиски дебарски митрополит, му направил на својот Старец и претходник еден прекрасен мермерен гроб, со необично убав и трогателен епитаф. Всушност, овој надгробен натпис претставува стихотворба напишана на архаично македонско народно наречје, со елементи на црковнословенски јазик, и се одликува со особена семантичка длабочина, како и висока лирска убавина и префинетост. Сето тоа го прави епитафот една уникатна и мошне значајна литературна творба. Содржината ги опфаќа главните биографски податоци, заслугите и духовното благородство на игуменот Теодосиј. Исто така, во епитафот е изразена и големата тага на манастирските браќа и на неговиот внук Козма, кому, поради заминувањето од овој свет, му „остави скорби, жалост за времена долга“.

Од непознати причини, дел од гробните плочи некогаш биле отстранети од гробот и несоодветно разместени во подоцна доградениот параклис на Свети Николај Чудотворец. Мермерните плочи, пак, со епитафот биле поставени како чесна трпеза во олтарот на. Пред скоро време, кога започна обновувањето на параклисот и неговото оспособување за богослужение и во зимскиот период, плочите од гробот, вклучително и тие со епитафот, беа пронајдени и внимателно извадени. Сега, тие се собрани и професионално очистени и реставрирани од академскиот скулптор Боро Србиноски од Македонски Брод. По желба на сестринство, гробот повторно е соодветно составен и подигнат на првобитното ниво, така што сосема го врати својот достоинствен изглед. Би било добро да се спомене дека подоцна, во истиот гроб, бил погребан и значајниот дебарски Митрополит Козма – сотворителот на епитафот, како и познатиот собирач на македонски народни умотворби и истакнат деец на македонското ослободително движење – јероѓаконот Јосиф Пречистански.

Во продолжение го наведуваме целиот текст од епитафот, во првообразна форма и во современа македонска транскрипција:

Чіа кости покриваеши, о каменю хладный,

от маловременій живот землю преданіи?

Мужа почтена ѿ славіанска рода и племена,

ѿ родителя православна у град Скопіе рождена.

От время детинства свое отечество оставилъ,

у монашески чин благоговѣйно приступил.

По благонаравіу за надзірател ся избралъ,

тридесят и три лета в монастір сей слугувал.

Церков и вся околна зданіа сей созыдалъ

и прочая имотъ благолѣпно умножавалъ.

Стигна у прилична и удовлетворна старост,

даде народу примѣръ и неісказана радостъ.

Ревниф за благоугодна дела нашиот старец,

основа училиште народу безцѣнет вѣнец.

Хілядо осум стотина и десет от Христа лета,

покоиніот Теодосиа роден бы у света.

Хілядо осум стотин седумдесет и три лета,

до двадесет и пети маіа живува на света.

Подиже се споменик егумену ѿ народа,

за знак свое слугуванѣ и от почтена рода.

От братіа монастирска и ѿ братанца свога,

кому остави скорби, жалост за времена долга.

Свершіся памят его в лѣто сіе, септембер пети,

сви братіа речите вѣчна ему памят бити.

Современа македонска транскрипција:

Чиа кости покриваеши, о камењу хладниј,

от маловремениј живот земљу преданиј?

Мужа почтена от славјанска рода и племена,

от родитеља православна у град Скопје рождена.

От времја детинства свое отечество оставил,

у монашески чин благоговејно приступил.

По благонаравиу за надзирател сја избрал,

тридесјат и три лета в монастир сеј слугувал.

Церков и всја околна зданиа сеј созидал

и прочаја имоти благолепно умножавал.

Стигна у прилична и удовлетворна старост,

даде народу пример и неисказана радост.

Ревниф за благоугодна дела нашиот старец,

основа училиште народу безценет венец.

Хилјадо осум стотина и десет от Христа лета,

покојниот Теодосиа роден би у света.

Хилјадо осум стотин седумдесет и три лета,

до двадесет и пети маја живува на света.

Подиже се споменик егумену от народа,

за знак свое слугуване и от почтена рода.

От братиа монастирска и от братанца свога,

кому остави скорби, жалост за времена долга.

Свершисја памјат его в лето сие, септембер пети,

сви братиа речите вечна ему памјат бити.

 

 

 

Известува: Сестринството на Свештената Пречистанска Обител „Благовештение на Пресвета Богородица“



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

02/05/2024 - четврток

Велигденски пости; (пост на масло)

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК – Преп. Јован Ветхопештерник; Св. мчци. Христофор, Теона и Антонин

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Блажен си ти Јоване преподобен, радост на големиот Григориј – твојот учител, смирен по срце, сотрудник на Јосиф, славејот на...

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная