логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

02.jpg

 00.jpg

29 октомври/11 ноември 2016 лето Господово

06.jpg

 

Голема е милоста на нашиот Бог, со која нè посети Исток од висините (сп. Лука 1,78). Пресветиот наш Бог постојано си одбира начини за благодатно да го посети Својот верен народ,00.jpg а денес таа Негова благодатна посета ја почувствуваа сите присутни во Свештената Бигорска Обител од самиот миг на пристигнувањето на исклучително скапоцената и вешто изработената икона на Светите солунски Браќа, рамноапостолните Отци наши, сесловенските Учители и Просветители, Кирил и Методиј. Ова, со голема љубов сотворено, мајсторско дело е, навистина, достоен одраз на нивната небесна слава, бидејќи на иконата, која е со размер 104х72 см., убавината на нивните живописани Божествени ликови е надополнета со еден прекрасно искован опков од злато и сребро, збогатен со бисери и полудраги камења и, особено, со гравирани медалјони со ликовите на Господ Исус Христос, Пресвета Богородица, Светиот Рамноапостолен кнез Борис-Михаил Покрстителот, и на Светите Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Но, тоа дело е и одраз на силната вера, молитвеност и внатрешна величина на неговите творци, а воедно и дарители, благочестивите Димчо и Антонија Димчовски од Р. Бугарија. Овие двајца неверојатно надарени, а сепак толку скромни зографи, живеат и работат во малото планинско село Гостилица. Воскреснувајќи ги во својата дејност старите и заборавени иконографски техники на древните мајстори, тие изработуваат од минијатура, па до царски икони, и тоа во традиционален византиски стил, ползувајќи злато, сребро, опков, емајл, бисери, полудраги камења...Торжествениот и достоинствен пречек ја покажа неизмерната почит, љубов и благодарност на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, и целото братство, кон апостолското дело на Светите Првоучители и Покрстители, а големата благодат што притоа се излеа, несомнено сведочи за духовното присуство на овие наши возљубени Пастири на родот словенски. Токму затоа, краткото поздравно слово на Старецот беше исполнето со голема благодарност кон Бога, Светиите и сите оние што ни ја овозможија оваа денешна голема радост:

17.jpg
Поздравно слово на Н. В. Архимандрит Партениј за пристигнувањето на иконата на Светите Кирил и Методиј

„Господ ќе излее слово и мудрост од нив..., и мнозина ќе го фалат нивното знаење. За векови тоа нема да биде уништено и нема да отстапи од нив, и нивното име ќе живее од поколение во поколение. Народите ќе раскажуваат за нивната мудрост, а Црквата ќе објавува за нив похвала (Извадок од пофалното слово на Св. Климент Охридски за Свв. Кирил и Методиј, преславните учители на словенскиот народ, според Книгата Мудрост Сирахова). Овие пофални, но, во исто време, и пророчки зборови на Светиот отец наш Климент Охридски за Светите Рамноапостоли Кирил и Методиј, до денешен ден, со несмалена сила, се овистинуваат. Зашто, има ли народ што не благоговее пред овие два Божествени светилника, коишто, со духот на премудроста од Света Троица, ја осветлуваат целата вселена?! А колку, пак, повеќе треба да се фалиме со нив, ние, словенските народи, имајќи ги како две очи со кои прогледавме и гледаме во убавините на верата спасоносна, во тајните на вистинското Откровение Божјо? Со кого друг би можеле да се гордееме и радуваме толку славно, ако не со овие тајнописци на Божественото слово, кои, со своите аз, буки, веди..., преку Духот на живиот Бог, го напишаа Христовото писмо, не на камени плочки, туку врз телесни плочки на срцето на нашиот славјански род (2 Кор. 3,3), приведувајќи го, истовремено, во светот на словесноста? Оттука, разбирлива е нашата сегашна, неискажлива радост, што Светите просветители и наши први духовни татковци, преку оваа чудесна икона, на благодатен начин ја посетија оваа Света Обител, која и самата е нивно духовно наследство. Радоста наша, пак, ја прави уште посвештена тоа што оваа нивна икона ни доаѓа од братска Бугарија, земјата со која имаме најблиски сродствени духовни врски и многу заеднички историски очертанија. Всушност, и покрстувањето на нашите братски славјански народи, и просвештението преку светото Кирилометодиевско дело, имаат заедничко начало. Затоа, овој благослов на нашите заеднички првоучители и родоначалници, со блажено ликување ги бранува нашите души, поттикнувајќи нè кон должна благодарност.Најнапред, Му благодариме на Пресветата Троица, Триипостасниот Бог, Вдахновителот на небесната мудрост и богопознание, што ни ги испрати денес Своите, Нему подобни, сесловенски Апостоли. Им благодариме неискажливо и на самите Светители, премилите Кирил и Методиј, што нè удостоија денес со својата благодатна посета преку нивната преубава икона, и на тој начин го благословија и поддржаа нашиот скромен потфат да подигнеме скит во нивно име во с. Битуше. Впрочем, оваа икона ќе биде поставена како главна, целивна икона во новоизградениот скитски храм. Ви благодариме премногу и на вас, возљубени наши Димчо и Антонија Димчовски, кои со Божјо вдахновение и Негов талант ја изработивте оваа скапоцена икона, и благодушно ја подаривте на Свештената Бигорска Обител! Да не беше Вашата огромна љубов кон православните светињи, посветеноста кон зографската дејност и благородството на Вашите богољубиви души, денес немаше да ја имаме оваа преголема радост. Затоа, Вашите имиња ќе останат засекогаш запаметени во нашите скромни молитви кон Господа. Најпосле, Му благодарам и на Неговото Преосвештенство, епископот Велички, г. Сиониј, игуменот на Тројанската Света Обител, што Ве испрати Вас, сепрепеподобен отче Стефане, собрат на истата обител, да ја придружувавте оваа, за нас голема, светиња при нејзиното патување дотука. За крај, ќе завршиме повторно со зборови од Пофалното слово на Свети Климент, вообличени како молитва кон Рамноапостолите: Преподобни и вистински пастири, молете се непрестајно и срдечно за вашето избрано стадо, прогонувајќи ги нашите страдања и избавувајќи нè од беди и неволи. Просветлете ги очите на нашите срца и поткрепете го нашиот ум, за да ги следиме достојно вашите стапки. Амин!“

07.jpg

12.jpg

14.jpg

15.jpg

 

 18.jpg

 

 

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

« »

Православен календар

 

01/05/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

ВЕЛИКА СРЕДА – Преподобен Јован; Светиот маченик Јован Нови Јанински; Светите маченици Виктор, Зотик, Зинон, Акиндин и Северијан; Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Блажен си ти Јоване преподобен, радост на големиот Григориј – твојот учител, смирен по срце, сотрудник на Јосиф, славејот на...

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная