логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


  HRISTOS3.jpg

                                   Таинствена милост


“И така кога даваш милостиња, не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда. А ти, кога даваш милостиња, да не знае твојата лева рака што прави десната, за да биде твојата милостиња тајна, и тогаш твојот Небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно“. (Матеј 6, 2-4)   

Дарот на милоста, колку прекрасен и насолзлив во моментот во кој се случува, толку лавиринтно испреплетен анализирајќи ги чувствата и на дарителот и на примателот, а најповеќе со неговото судбинско влијание врз нивната незапечатена иднина. Ќе биде даден во висина на две лепти или повеќе, ќе следи на срамно подадена рака или маска од тажачки успешно подготвени да омекнуваат срца, ќе исполне еден миг и хронично празен стомак или ќе биде заработка за денот денешен до утре, на истото место со истите фрази. Физичкиот облик на дарот ќе се промени, преработи, исфрли, конвертира, одземе, изгуби ... некогаш може да се спомене, но и заборави. Но, поради тоа што минливото никогаш не ни било приоритет, да продолжиме да се храниме со ангелските карактеристики на дарувањето ...
Кога даваме милостиња, таа да не се разгласува како што прават лицемерите за да бидат пофалени од луѓето. Современите услови на живеење овозможија медиумите да проследат се, па дури и милоста, иако чин на срцето. Една слика, а повеќе од илјада зборови за жртвата на дарителот, неговата добрина во овој суров свет и уште една тема за воодушевување во темните кулоари. Ми недостига ли хуманост во мојот профил за да се завртам назад и уверам дека некој го гледа актот на дарување? Зошто ми е потребна потврдноста во погледот на публиката за да се почувствувам малку почовечки наспроти самиот јас во деновите кога сум негоден и за самиот себе, а камо ли кон другите? Што има толку силно во аплаузот на крајот, кое е премногу површно и евтино за да и даде крилја на душава за нејзиниот пат кон горе? Веројатно пофалбата како меур од сапуница ги исполнува алвеолите кои требаше да ни бидат светлосни точки и ги набубрува како заболена лимфна жлезда за да бидат уште една отскочна штица на суетата и навиката да се лета.
Но, тие веќе ја добиле својата награда. Награда им е нивниот вишок кој одлучиле да го даруваат на толку помпезен начин. Награда им е пиедесталот од кој дарувале, биле видени и крунисни со воздишките на многумина. Награда им се и озборувањата кои ја ткаат славата, апсолутно незаинтересирано дека создадале само бледа сенка на оргиналот од небесата.
Милостињата е тајна. Носи свој превез со завеса од молба од очите на примателот да не биде призната неговата немоќ и да биде заборавен неговиот срам. Има своја соба за плачење, осамено место за возрасни кои не наидоа на разбирање во светот и се задржаа во неа за да ја акумулираат топлината на дарувањето. Има своја гора за исповед, високо место каде разговорот со Бога е надежен и води кон простување на многу гревови избришани со гласот на душата која допрела своја сострадалничка. Ја дава десната рака и не кажува ништо никому. Се оградила од левата која не припаѓа во триаголникот: таа – Бог – туѓата отворена, а може и да дошепне нешто штио разумот ќе го возгордее и ќе ја уништи радоста што претстои. Ја дава и го напушта местото не објаснувајќи си ни себе си нешто што како монолог може да значи скала повисоко од збунетиот фарисеј. Само рака е, но знае да чува тајна, посебно ако молкот го загнездува срцето во нежна обвивка со симптоми на спокој и онака хипнотички сите органи ги повикува на обоена рапсодија. Во тој стремеж никој не ни помислува на награда. Но, Отецот Кој гледа тајно, ќе не награди јавно. Ќе бидеме запишани во Книгата на животот, ќе пееме во првиот ред на ангелите, ќе се наситиме со правда и милост, ќе го гледаме Бога, ќе се наречеме синови Божји ... И кој би посакал поинаква награда ...

 

 

Meteori.Dr.jpg

 

  • SP Apostol
  • 19 ти aприл, лето Господово 2014

  Друго:

 

9-ти март, лето Господово 2014

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

« »