Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 20259 јуни
Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,
тој Господи љубовта Твоја ја повикува.
За Името Твое глава веднеејќи, и за нетлената одора на Онаа која те роди,
на Кирил свети полкови ангели му испрати.



Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите молитви ликува.
Добродетели со љубов си стекнала, маченичке, чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот кој се бори против родот човечки, добро си пострадала, и си го посекла Копронима со мечот на верата, Теодосија, и пред Небесната брачна одаја си се претставила, радувајќи се.
Блажен е подвигот твој оче преподобен, допирајќи го светот не дозволи тој да те оскверни, пригледуваше сираци и вдовици, згрижуваше сиромашни –
Раззеленувањето на дрвјата ја покажува силата на пролетта, но ти Терапонте со благодатта Христова, надминувајќи ја природата створена, со вера во Оној Кој човекот не го напушта, ја исповеда верата во Пресвета Троица, и покажа Бог преку тебе дека во живот вечен, од мртвило изведува.
Благословен си, Христе Боже наш,
Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена во земјата. 























