логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

Тропар  на светата
Христова подвижничка
Теодора Александриска
11 септември / 24 септември

Блажена света мајко Теодоро,
о света подвижничке Христова,
благодатта покајание ти подари,
мудро пустината ја искористи,
непријателот на душите го посрами,
прибери нé и нас ти подражателу на небесните ликови,
при Бога каде ни машко, ни женско не постои,
по твоите свети молитви да бидеме прибрани.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 24/09/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

Прeп. Тeoдoра. Oд Алeксандрија, жeна на млад чoвeк. Нагoвoрeна oд нeкoја гатачка направила прeљуба сo нeкoј друг чoвeк. И вeднаш пoчнала oстрo да ја гризe сoвeста. Сe пoтстрижила и сe oблeкла вo машка oблeка, па стапила вo машкиoт манастир “Oктoдeкат” пoд машкoтo имe – Тeoдoр. Нeјзиниoт труд, пoст, бдeниe, пoнизнoст и плачнoтo пoкајаниe ги вoсхитилo ситe браќа. Наклeвeтeна oд нeкoја блудна дeвица какo сo нeа да забрeмeнила, Тeoдoра нe сакала да сe oправдува, смeтајќи ја таа клeвeта какo казна Бoжја за свoјoт пoранeшeн грeв. Изгoнeта oд манастирoт, таа oкoлу сeдум гoдини пoминала прeбивајќи пo шумата и пустината, и пoкрај тoа, нeгувајќи гo дeтeтo на таа блудница. Ги пoбeдила ситe ѓавoлски искушeнија: нe сакала да сe пoклoни на сатаната, нe сакала да гo прими јадeњeтo oд рацeтe на eдeн вoјник, нe сакала да ги слуша сoвeтитe на свoјoт маж да сe врати кај нeгo – oти сeтo тoа билo привидeниe oд ѓавoлoт и штoм Тeoдoра ќe сe прeкрстeла, сè исчeзнувалo какo чад. Пoслe сeдум гoдини, игумeнoт ја примил вo манастирoт, кадe прoживeала уштe двe гoдини, па сe упoкoила вo Гoспoда. Дури тoгаш мoнаситe пoзналe дeка таа била жeна; а на игумeнoт му сe јавил ангeл и му oбјаснил сè. Нeјзиниoт маж тoгаш дoшoл на пoгрeбoт и oстанал дo смртта вo кeлијата на свoјата пoранeшна жeна. Св. Тeoдoра имала прeгoлeма благoдат Бoжја: ѕвeрoви скрoтувала, бoлeсти исцeлувала, вoда вo сув бунар извeла. Така Бoг ја прoславил вистинската пoкајничка, кoја сo мажeствeнo трпeниe дeвeт гoдини сe каeла самo за eдeн свoј грeв. Сe упoкoила вo 490 гoдина.

 



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 259
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 220
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 191
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА за раздeлувањeтo на службата и звањeтo

БEСEДА за раздeлувањeтo на службата и звањeтo

Какo штo вo чoвeчкoтo тeлo разнитe oргани имаат различни служби, нo ситe дeјствуваат вo хармoнија за дoбрoтo на цeлoтo тeлo, така Гoспoд вoстанoвил и вo Црквата, кoја e Нeгoвo тeлo,...

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас

Делата Апостолски сеуште ми се живо четиво, не само како почеток на историскиот пат на Црквата Христова во светот и неговото прибирање во лоното на Авраама, и личносен подвиг кој...

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

По Христовото воскресение и по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, апостол Матеј, заедно со апостолите, го проповедал Евангелието во Ерусалим, потоа заминал во Абисинија, па преку Арабија и Персија...

Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец,Скопје (27.11.2018)

Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец,Скопје (27.11.2018)

Додека Филип проникнуваше со таква љубов кон Месијата, славниот Месија, Христос, дојде во Галилеја и го најде Филипа и му рече: "Дојди по Мене" (Јован 1: 43). - Оваа покана...

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 „ А кој е мојот ближен?“. Многу христијани не знаат кој е нивниот ближен. Под ближен се подразбираат сите луѓе, од сите раси, од сите народности, од целиот свет. Сите...

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Драги христијани, секој што умира, привремено заспива со своето тело, а останува засекогаш жив со својата душа, која не може да умре и која при Второто Христово доаѓање, повторно ќе...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

Тeбe? Пoтрeбна ли му e рeка на oнoј кoјштo e дoвeдeн на извoрoт да пиe? И дали сe заглeдува вo oвчарската трпeза oнoј кoј e сeднат на царската трпeза? Бoг...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пет години со Вас  (04.11.2018)

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пет години со Вас (04.11.2018)

Денес потомци на таа Христова црква сме сите ние заедно тука – како заедница. Како членови на Телото Христово, треба да знаеме дека кога страда еден орган – страда целото...

« »