логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Здружението  Македонски  национален  комитет  како  дел  од  Меѓународниот  совет  на музеите (МНК ИКОМ) е доброволно, непартиско, невладино, непрофитно и стручно здружение на музејските работници и на граѓаните на Република Македонија. Во него членуваат повеќе од 160 музејски работници, стручни лица од музеи од нашата земја и се дел од меѓународната мрежа ИКОМ.
ИКОМ Меѓународен совет на музеите е организација формирана во 1946 година со цел да се создаде мрежа на музеи и на музејски професионалци од земјите од целиот свет, кои се грижат за културното и за природното наследство.

Во таа мрежа се вклучи и Република Македонија со формирањето на Македонскиот национален комитет на 12 мај 1993 година и тој е верификуван од Извршниот совет на ИКОМ во Париз. Од тогаш до денес, националниот комитет израсна во професионално  здружение  кое,  согласно  своите  програмски  цели  и  задачи  МНК  ИКОМ организира  бројни  предавања,  трибини,  изложби,  промоции  и  советувања  од  доменот  на музејското   работење.   Најголемиот   дел   од  програмските   активности   на   здружението   се финансиски подржани од Министерството за култура на Република Македонија, но и од наши соработници, општини и други субјекти.

Во рамките на одбележувањето на Јубилејот 25 години од основањето на МНК ИКОМ во 2018 година беа организирани повеќе активности во Република Македонија: Советување 18 Мај - Меѓународен ден на музеите во Демир Хисар (кое се одржува традиционално секоја година уште од 1994 година, а во согласност со годишните предложените теми на Меѓународниот комитет на музеите – ИКОМ, а се организираат во градот на културата за тековната година); Награда 18 Мај- Меѓународен ден на музеите за 2017 година (доделена традиционално по 10ти пат, годинава одржано во Музеј на град Скопје); „Музеј за сите“ (одржано во Порта Македонија); промоција на „Музеолошки речник“ од авторот проф. Д-р Крсте Богоески (Музеј на македонската борба). Оваа година МНК ИКОМ беше координатор на Програмата за одбележување на 18 Мај - Меѓународен ден на музеите и Европска ноќ на музеите (19.5.2018) за територијата на Република Македонија и домаќин на Тркалезната маса под наслов „Што е музеј? Нова музејска дефиниција“ (одржана на 24.5.2018 во Археолошки музеј на Македонија) во соработка со Регионалната Алијанса на ИКОМ за Југоисточна Европа (RA ICOM SEE) и ICOM Standing Committee Museum Definition, Prospects and Potentials (MDPP).


Оваа   година   Советувањето   на   тема   „Хиперповрзани   музеи:   нови   пристапи,   нова публика“ беше одржано заедно со Форумот на МНК Син Штит „Имплементација на европски стандарди  и  мерки  за  справување  на  ризикот  од  природни  непогоди  и  други  несреќи  на културното  наследство“,  а  во  соработка  со  ИКОМОС  Македонија  и  МНК  Син  Штит  беше одржана Јавна расправа по предлог законот за јавниот интерес во културата. МНК ИКОМ има потпишано меморандум за соработка со МНК Син Штит и ИКОМОС Македонија во 2010 година. Претставници на МНК ИКОМ присуствуваа и на Годишниот состанок на Консултативниот Совет на ИКОМ во Париз и на состаноците на RA ICOM SEE.

Во оваа прилика со особена чест и задоволство ве каниме да присуствувате на прославата на Јубилејот 25 години од основањето на МНК ИКОМ, која ќе се одржи на 18.12.2018 година во НУ Музеј на македонската борба, а ќе биде одржана и промоција на зборникот MUSEOLOGICA MACEDONICA бр. 13 (2013/2017). Промотор на зборникот е проф. д-р Даворин Трпески.


Ви благодариме на соработката и постојаната поддршка на активностите на Здружението


МНК ИКОМ.

Со почит,

Маја Чанкуловска-Михајловска претседател на МНК ИКОМ



Поуки од Светите Отци

krusevoexport