логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Face Off
(Време е да се запознаеме такви какви што сме)

Секое уметничко дело, без оглед во која техника и во кој материјал е изработено, е одраз на душата на уметникот, а тајната на душата е како тајната на затворената врата. Кога и да ја отворите, секогаш гледате нешто што претходно не било таму.
Токму такви се ликовите од кои се составени делата на младиот скулптор Горазд Христов. Тој, со своите веќе препознатливи отисоци на човечки ликови во глина започнал сосема случајно, некаде на средината од своите студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Една прилично непријатна душевна состојба, го доведува до првиот „бакнеж“ со глината. Едноставно,  ја ставил главата во садот со глина подготвена за моделирање и го направил својот прв отисок. Отисокот бил грд и го покажувал неговото моментално (не) расположение. Таа вечер го пикнал своето лице во глина барем десетина пати.
Од тогаш направил отисоци на сите свои блиски пријатели и роднини, на не толку блиски пријатели и соседи, на сите кои биле подготвени да ја пикнат главата во глина. Не во песок, за да се скријат, туку во глина, за да се видат такви какви што се однатре во моментот кога го прават отисокот.
Време е да се запознаеме такви какви што сме – е идејата на авторот.
Некои од делата нашле и своја употребна вредност, како држачи за шишиња, некои се споиле во големи приказни, се поврзале меѓу себе во големи и величенствени уметнички дела.
Токму тие се сега дел од првата самостојна изложба на Горазд Христов  - Face Off.
Некои сметаат дека овие отисоци се морбидни и вознемирувачки, но што е делото ако не вознемирува?!

Горазд Христов
08.11.1993
Нобелова 1б, Скопје.
+389 71 866 354

Горазд Христов (08.11.1993. Нобелова 1б, Скопје. +389 71 866 354) завршил средно уметничко училиште, отсек керамика, а потоа го продолжил школувањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек Вајарство. Дипломирал во 2016 година.

 


Поуки од Светите Отци

krusevoexport