логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Почитувани,


Ве покануваме на 6 септември 2017 во 19 ч. во просториите на „Мала станица“, на јавна дебата организирана од страна на Националната галерија на Македонија.

Јавната дебата се однесува на размена на мислења и предлози за изработка на основен проект за реконструкција на објектот „Мала станица“, објект кој е во составот на Националната галерија на Македонија.
 
Потребата од пообемен зафат во однос на подобрувањето на условите на овој објект е со цел приближување кон светските стандарди за презентација, чување и заштита на уметничките дела.

За таа цел воочена е потребата од покривна реконструкција; изработка на депо со придружни конзерваторски простории; соодветен работен простор за вработените; во приземниот дел организирање на едукативен дел и книжарница; целосно реорганизирање на санитарните и електротехничките инсталации, кои се однесуваат на работните простории и на изложбените делови, како и илуминацијата на самата фасада на објектот; дополнително термотехничките и машински инсталации претполагаат еден товарен лифт за превоз на артефакти и лифт за посетители и систем за вентилација и климатизација кој е особено важен за депоата за чување на уметничките дела.

Во согласност со и заради овие потреби од ново архитектонско, ентериерно и техничко уредување и подобрување на објектот, на јавната дебата би се разговарало околу можните предлози за подобрување врз основа на стекнатите искуства и знаења на професионалните познавачи на музеолошката и галериската проектна и обликовна проблематика, но и на искуствата со користењето на објектот од страна на уметниците и на јавноста.

На оваа јавна дебата се поканети: министерот за култура Роберт Алаѓозовски, архитекти и уметници, музејски работници, докажани во својата струка, како и заинтересираната јавност, сè со цел од неа да произлезат предлози за решенија кои ќе придонесат објектот „Мала станица“ да стане модерен и функционален културен објект по сите современи потреби, норми и стандарди.

Панелисти: м-р Дејан Ивановски, Бесиан Мехмети, м-р Виолета Бакалчев, д-р Огнен Марина, Мерита Максути, д-р Мартин Гулевски, м-р Гордан Николов, директор на Музејот на Македонија, м-р Елизабета Аврамовска, м-р Вана Урошевиќ, м-р Роберт Јанкуловски и м-р Оливер Мусовиќ.

Модератор: м-р Виолета Бакалчев.      


Со Почит,

Национална галерија на Македонија

 


Поуки од Светите Отци

krusevoexport