логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Право да се плука во супата


Градска кујна, во едно малечко градче во близина на Москва. Тивко свири музиката од филмот „Последното искушение на Христос“. Во средината стои котел со ладна супа. Кон котелот, со решителни чекори се упатува Либертаријанец, покажувајќи јавна намера да плукне во него. На патот му излегол Конзервативец.
Конзервативецот: Застанете!
Либертаријанецот: Вечно вие стоите на патот на прогресот.
К: Кај сте тргнале?
Л: Јас морам вам да ви дадам одговор? Добро, нека ви биде. Одам да плукнам во супата!
К: А, не... Многу работи трпев, но ова не.
Л: Токму од тие причини не ги поднесувам конзервативците! Малку им е самите да се конзервативци, сакаат на сите и на секого да му кажуваат, каде да плука!
К: После јас треба да ја јадам таа супа!
Л: И јас исто така! Зошто си мислите дека Вие имате поголеми права на супата од мене? Имам право да плукам каде што сакам! Сега не е средновековието!
К: А јас имам право да ја јадам супата без Вашата плунка?
Л: Повелете. Кој ви смета да си сварите одделно супа? Варете го во посебно тенџере и не плукајте во него, но зошто се мешате на други да им кажувате?
К (малку збунето): Па... Тоа е многу нехигиенски, да се плука во супата. Таму може да се развие хепатитис, сифилис...
Л: Што, сакате да кажете дека јас имам сифилис? Значи вие конзерваторите вечно ќе измислувате за нас секакви глупости.
К: Не, што зборувате вие.
Л: Тогаш што е работата?
К: Ако плукањето во супата стане обичај, тогаш ќе се најдат и луѓе кои навистина имаат заразни болести...
Л: Ако вас навистина ве вознемируваше распространувањето на заразни болести, ќе ја поддржевте програмата за обучување на децата во училиштата, за користење на презервативи!
К: Сепак, согласете се, дека сифилисот може да се пренесе и преку плунката во супата...
Л: Наскоро, медицината конечно ќе расчисти со сифилисот и Вашиот аргумент ќе ја изгуби секоја смисла. (Се движи кон супата. Конзервативецот не го пушта).
Л (нервозно): Пуштете ме!
К: Слушајте, зошто Вие не си сварите супа во посебен сад и да плукате во него, колку сакате? Или да почекате, кога таа супа ќе биде кај Вас во чинијата, и тогаш да плукате во неа?
Л: (нервозно) Вие сакате да нè пикнете во гето? Да ни дозволите да плукаме во супата само зад завеси? Е нема да успеете! Ние – не сме граѓани од втор ред!
К: Не планирам никаде да ве затворам. Едноставно не сакам да плукате во супата.
Л: Таквите како Вас ги палеле научниците во средните векови!
К: Од каде сега научници?
Л: И тоа, заради ваши причини!
К: Какви „наши“?
Л. Во земјата Шлезвинг – Голдштејн, инквизиторите запалиле 95% од жените!
К: Дури 95 %?
Л: Ете го, цинизмот на конзервативците! Зарем болката на една изгорена жена е помала, ако не се 95%, туку помалку?
К: Каква врска има тоа со плукањето во супата?
Л: Таква, што вели, дека Вие, конзерваторите не сте тие кои може да ни кажете каде да плукаме, а каде не! Пепелта на Галилеј чука во моето срце!
(малку поспокојно)
Вие, можете воопшто да наведете било какви разумни причини, поради кои јас не треба да плукам во супата?
К: Тоа е нехигиенски.
Л: Тука јас веќе ве побив!
К: (Малку нервозно) На крајот на краиштата, јас не планирам да ја јадам супата, кај што плукале секакви либертаријанци!
Л: Па не јадете, кој ве тера?! Да, – сум го заприметил тоа кај Вас, конзерваторите – кога ќе ви снема аргументи, почнувате да викате! А потоа, едноставно ќе ги запалите оние што не се согласуваат со Вас!
К: Тоа е општествена супа! Зошто се должни сите останати да ја јадат супата, во која што вие плукавте?
Л: Од кај Ви е правото да диктирате, каков треба да биде составот на супата за сите останати?
Во цивилизираните западни земји Вас одамна ќе ве тужеа!
К: Не знам како е во „цивилизираните западни земји“, но кај нас нема таков обичај, да се плука во супата!
Л: Аха. Обичаи, традиции, духовност, православие, монархија, народност... Да ви се даде сила, Вие сите со сила ќе го носевте во Црква... И со полиција ќе проверувавте дали носат крст на вратот.
К: Јас сакам само една работа – да не плукате во супата.
Л: Аха. Значи, кај вас не смее да се плука во супата, кај тартаријанците – мајонезот, кај поклониците на Глукибузуки од западна Танганика не смее при варењето на супата да се произнесе зборот „Јоксељмоксељ“ и да се потскокнува на левата нога... Што е, зарем ви сметам да ги пазите Вашите (цензурирано) табуа? Само зошто сакате да ми ги наметните и мене?
Конзервативецот се замисли за миг; либертаријанецот потскокна кон лонецот и плукна во супата. Тој си заминува со победнички израз и му мавта со раката приемникот. Од ходникот се слушна заглушувачко:
- Relax! (опушти се)
- Не прави го тоа!
Конзервативецот остана во длабока замисленост.
(Се спуштаат завесите)

п.с. Конзервативецот и Либертаријанецот не претставуваат карикатури на некои конкретни лица.

Сергеј Худиев

За Преминпортал: З.Д/ПП



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »