логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Градејќи го спасението, Бог сака да се спасуваат оние коишто сакаат да бидат спасени, но, сепак, никого не го принудува на тоа.


Свети Макариј Велики

ГРАДЕЈЌИ СПАСЕНИЕ, БОГ САКА ДА СЕ СПАСУВААТ ОНИЕ КОИ САКААТ СПАСЕНИЕ, НО СЕПАК НИКОГО НЕ ПРИНУДУВА
Земајќи го врз себе товарот на грижа за спасување на човекот, Господ Бог нашиот Исус Христос го извршил својот домострој од самиот почеток, грижејќи се преку отците, патријарсите, преку Законот и пророците, за конечно и сам да дојде, презирајќи ја смртта на крстот и претрпувајќи смрт. Сиот негов труд и грижа се состоеле во тоа од Својата природа со Дух да породи чеда, благоповелајќи да се родат одозгора, од Неговото Божество. Како што земните татковци се тажни кога не имм се раѓаат деца, така и Бог, бидејќи го возљуби човечкиот род  како Свој образ, сакал да го породи од Своето Божествено семе. И Христос е многу тажен кога некои не сакаат да го примат таквото раѓање и да бидат родени од Светиот Дух. Зашто, Тој за нив страдал и за нивнно спасение поднесувал страдање.

Бог сака сите луѓе да се удостојат за такво раѓање, затоа што за сите умрел и сите ги повикал кон живот. Затоа што без тоа раѓање душата не може да живее, како што рекол Бог: Вистина, вистина велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо (Јован 3, 3). Тие што поверувале во Бог, Mу пришле и се удостоиле за тоа раѓање, причинувајќи  радост и голема веселба на небесата за оние кои се родиле. Сите ангели и свети сили се радуваат заради душата која се родила од Духот и која станала дух.

Земјоделецот по цела нива фрла семе и сака секое да донесе плод. Потоа доаѓа со српот и се жалости доколку не најде плод. Така и Бог сака Неговиот збор да се посее во човечките срца. Меѓутоа како што работникот е нажален поради оскудната нива, така и Бог се скорби поради срцата кои што не носат плод.
Како кога царот не би се посрамил за сиромашниот и болен човек, и ќе почне со лекарства да ги лечи неговите рани, пренесувајќи го во својот дворец, облекувајќи го во порфир и со дијадема и правејќи го учесник на својата трпеза, така и царот небесен-Христос му приоѓа на болниот човек, го исцелува и го принесува до Својата царска трпеза. Притоа Тој го издигнал до таква чест не правејќи воопшто никаква присила над неговата воља, туку дејствувајќи со совети.
Во Евангелието е напишано дека Господ ги испратил своите слуги да ги повикаат гостите и да им објават: Ете приготвив јадење (Матеј 22, 4). Меѓутоа поканетите откажувале говорејќи: Купив пет чифта волови, или: Се оженив (Лука 14, 19-20). Гледаш ли дека оној кој што кани е готов, а дека поканетите се одрекле, а затоа самите се криви. Гледаш ли дека Бог им приготвил Царство и ги повикува да влезат, но тие не сакаат.
Бог постојано удира во дверите на нашето срце сакајќи да му отвориме како би можел да влезе и да почине во душите наши, правејќи си семејство во нас. Затоа што тој говори:  Ете стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата ќе влезам при него (Откр. 3, 20). Тој благоповелал многу да пострада, предавајќи го Своето тело на смрт и избавувајќи не нас од ропство за да дојде во нашата душа и во неа да создаде семејство. Затоа што Неговата храна и пијалок и облека и покрив и одмор се наоѓа во нашата душа. Затоа тој непрестајно удира на врата сакајќи да влезе кај нас. Ајде да го примиме и да го воведиме во себе затоа што Тој за нас претставува и храна и пијалок и вечен живот. Ниедна душа која што нема сега да го прими при себе и која нема да го успокои во себе, или подобро-која што сама нема да се успокои во Него-нема да има наследство со светите во Царството небеско и нема да може да влезе во небескиот град. Ти сам воведи не во него Господе Исусе Христе!

Подготвил: Светлана Димовска



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 397
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 480
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 433
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…