логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Iljadaletie-Bigorski-Manastir-18 А како благодарност за архипастирските молитви и поддршката за синодската прослава на бигорското илјадалетие, нашиот старец и игумен, владиката Партениј го одликува Архиепископот г. г. Стефан со највисокото милениумско одликување на Бигорскиот Манастир – лента со ѕвезда и крст со ликот на Чесниот Претеча. Од своја страна, пак, Архиепископот му подари на денешното славје едно прекрасно вдахновено слово за денешното историско собитие, за бигорското минато, но и совремие.

Слово на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, при одбележувањето на 1000-годишнината на Бигорскиот Манастир „Свети Јован Крстител“, на 18 октомври 2020 година.

Денешниов свечен ден е прекраток, за да ги опише, барем, главните настани од илјадагодишната историја на Бигорски. Но, кога, за момент,  на овие илјада години би гледале како на еден ден, тогаш би можеле да го видиме првиот Охридски архиепископ Јован Дебранин како го основа и осветува манастирот. Би биле сведоци на генерации верници, монаси и мирјани, како ја надградуваат и оддржуваат жива, бигорската обител. Би ги виделе македонските неимари како од варовник ги ѕидаат овие прекрасни градби, легендарните Мијаци – копаничари како трпеливо го резбаат бигорскиот иконостас, прочуените зографи како ги сликаат познатите фрески и икони.

 3.angeli.so.truba Но, со примањето на словото Божјо преку рамноапостолните словенски просветители свети Кирил и Методиј, а особено преку нивните најзнаменити ученици Климент и Наум, делото на светите браќа заживеало, а на нашите простори пуштило особено длабоки корени. Токму Евангелието ги учело нашите предци да го почитуваат заветот Божји, односно евангелските заповеди и да ја негуваат верата Христова.
Постојат сигурни податоци дека овој манастир постоел во XI век – време кога Самоиловата држава била поразена од страна на византискиот император Василиј II.

3.angeli.so.trubaИлјадагодишното наследство во коешто се слева текот на богослужбениот и аскетско-исихастичкиот живот, го направиле ова место плодотворна почва за обожение, Едемска градина за духовно наситување и за успокојување, прибежиште на душите изморени и обременети од гревот и светот. Во текот на десетте изминати столетија, Бигорски заблескал подобно на Горнатата одаја во Ерусалим, и во него секојдневно се слуша шумот на Педесетницата; оваа благословена падина на Бистра се открила како нова Таворска Гора, каде што преку зраците на Таворската светлина се преобразиле и осветиле многу души;

Bigorski.Pendarovski.orden2Денес, во особено свечена и достоинствена атмосфера во претседателската резиденција на Водно, а по повод големиот јубилеј: „1000 години Бигорскиот Манастир“, Претседателот на државата, г. Стево Пендаровски го додели високото државно признание „Орден за заслуги за државата“. Орденот му беше врачен на нашиот старец и игумен, Епископот г. Партениј, во присуство на: Премиерот на Владата г. Зоран Заев, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Епископот Хераклејски г. Климент,

3.angeli.so.trubaДенес напладне, во Претседателската резиденција на Водно, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата" на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител", по повод 1000-годишнината од неговото основање. На свеченоста свое обраќање имаа македонскиот претседател Пендаровски и старецот и игумен Епископот г. Партениј, а настапи и бигорскиот монашки хор.

Видео спот „1000 години Бигорски манастир“, специјално подготвен за милениумскиот јубилеј од страна на продукциската куќа „Дрим фектори“, за што сме им неизмерно благодарни.

    Како вистински раритети во ризницата на манастирот се издвојуваат трите хартиени (графички) икони и една двострана графичка бакрорезна плоча, клише за печатење на овие икони. Оваа мала двострана бакрорезна плоча, всушност, е и единствената зачувана од времето на 19 век. Постарата графичка икона со претстава на св. Јован Крстител, патронот на манастирот, игуменот Арсениј ја нарачува во 1831 г., а изработена е од халкографот монахот Теофил на Света Гора и отпечатена во 1832 г. Иконата е реплика на постарата чудотворна икона од 17 век. З

Всушност, станува збор за одбележување на едно траење и за еден духовен континуитет кој самиот за себе многу кажува, а уште повеќе сведочи, не само за минатото, туку и за сегашноста и за иднината. И денешново чествување, како и многуте други одбележани или што ќе се одбележат, најмногу го потврдуваат нашето охристовено битисување, како и нашата црковна вистина и нашето црковно право на самобитност и автокефален живот.

3.angeli.so.trubaИзложбата ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во присуство на претставници на Владата, дипломатскиот кор, како и митрополити на МПЦ-ОА, и тоа: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и нашиот старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј. Присутни беа и повеќемина свештеници на нашата света Црква. Свое пригодно слово имаше и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

На 4 октомври 2020 година, на празникот Собор на сите македонски светители, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи  Златоустова Литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во Скопје. Пред Литургијата беше осветен новиот фрескоживопис. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Јован Пачемски: Недела на митарот и фарисејот (21.02.2021)

Јован Пачемски: Недела на митарот и фарисејот (21.02.2021)

Во самиот почеток од прочитаната свангелска приказна, нашиот Спасител Господ Исус ХРИСТОС ни покажува на кого ја наменил оваа парабола. Таа е упатена кон сите оние кои во себе се...

Митрополит Струмички Наум: Почетната благодат на митарот (20.02.2021 16:58)

Митрополит Струмички Наум: Почетната благодат на митарот (20.02.2021 16:58)

Главната карактеристика, која го оформува профилот на луѓе каков што е фарисејот, е користењето на знаењето што останува по доволното чистење на енергијата на умот за судење и осудување на...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Митрополит Струмички Наум: Закхеј (13.02.2021)

Митрополит Струмички Наум: Закхеј (13.02.2021)

   Колкумина се навистина подготвени да се откажат од своето славољубие, од својата лажна слава; и колкумина се подготвени да изгледаат бедно или да служат за потсмев заради Господ Христос, и...

Митрополит Струмички Наум: Гноми, т.е. мислење (03.02.2021)

Митрополит Струмички Наум: Гноми, т.е. мислење (03.02.2021)

Гноми постои и е поврзана со создадената ипостас, односно со човечката личност. Со овој термин се означува слободната падната волја на создадената ипостас – која, колебајќи се помеѓу доброто и...

Митрополит Струмички Наум: Дејствување сега и овде (30.01.2021 17:13)

Митрополит Струмички Наум: Дејствување сега и овде (30.01.2021 17:13)

Сѐ нешто чекаме да се случи, па да преземеме некакви конкретни чекори кон подобрување на нашиот духовен живот. На пример, подобри услови за молитва.Или, чекаме работите во нашиот живот да...

о. Сашко Николовски: Недела по Богојавление

о. Сашко Николовски: Недела по Богојавление

За денот и часот на второто Христово доаѓање нe се знае, така ни вели Светото писмо, но со сигурност знаеме дека тоа ќе биде кога повторно во светот ќе царува...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

« »