„Вака вели Господ: Од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим - словото Господово. И ќе им суди Он на народите и ќе изобличи многу племиња; ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои - во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна.
Од каде да почнам да ги оплакувам делата на мојот беден живот? И што да ставам за почеток на моето сегашно редење, Христе? Но, како Милосрден, дај ми прошка на гревовите.
Оди, бедна душо, со телото твое, на Творецот на сите исповедај се, и од поранешното
Посниот Триод го содржи редот на богослуженијата од Неделата на митарот и фарисејот до Велика сабота-последниот ден од велигденскиот пост. Песните имаат покајничка содржина, која соодветствува на
Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст; Преподобен Тит Печерски;
Ние монасите, но и верниците Христијани, сме научени на искушенија. Целиот наш живот е постојана борба помеѓу доброто и злото. Подготвени сме да се соочиме со искушенијата. Од срце посакувам Господ сите да нѐ држи исправени кога имаме жалости, притесненија, бидејќи
Својствено за човекот е да падне и да се повреди - дури и ако човечкиот живот на земјата трае само еден ден, зашто помислите на срцето на човекот се зли уште од младини ( 1. Мој. 9, 21 ). Меѓутоа, да се падне и потоа воопшто да не се стане, не е човечки. Покајанието го обновува човекот;
11. Зашто Оној, Кој рекол: „Не прави прељуба”, рекол и: „Не убивај!” Па затоа, ако не вршиш прељуба, а убиеш, ти ќе станеш престапник на Законот.
12. Зборувајте и постапувајте како оние, што ќе бидат судени според Законот на слободата.
13. Оти судот ќе биде безмилосен спрема оној, кој не покажал милост; милоста во судот се пофалува.
На празникот Богојавление, излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум – „Прирачник за празнични беседи“, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса.***„Да влеземе прво, преку четивото што следува подолу, во Стариот Завет и
На 18.1.2025 година, во навечерието на Светото Богојавление – Водокрст, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, присуствуваше на Света Златоустова Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
По Литургијата беше извршен Голем водосвет.
Тропар
Кога се вознесе Илија, се поврати тогаш реката Јордан од кожувот Елисеев, и се разделија водите на две страни и водениот стана за него сув пат, како праслика на вистинското Крштение, со кое текот на овој живот го поминуваме: Христос се јави на Јордан, за да ги освети водите.
Денешниот празник во народот е познат како Водокрштение, Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштевањето, односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за пост. Оваа година типикот дозволува пост со зејтин бидејќи е сабота. Овој празник е востановен во спомен на крштението на луѓето кои го примиле христијанството.
Оној којшто многу страда во срцето свое кога го срамотат и го нажалуваат, од ова нека познае дека внатре во себе ја носи древната змија. Според тоа, ако трпи молчејќи или ако одговори со многу смирение, ќе ја расслаби и ќе ја направи немоќна онаа змија.