Ново издание од Повардарската епархија (23.01.2016)

На почетокот од своето свештеничко служење се соочил со неукоста и неупатеноста на народот, и морал речиси секој ден да зборува на исти теми. Па како плод на тие разговори, и за да создаде еден вид катихизис, кој ќе биде соодветен за секој човек, тој ќе ја напише првата книга „Воцрковување“, во вид на брошура, па потоа „Флавијан“, без некој план или намера за понатамошни книги.












Тоа што сум јас монах, а ти не си, не значи ништо. Бог подеднакво го слуша и монахот и човекот од светот, под услов и двајцата да се вистински верници. Бог бара срце полно со вистинска вера, во кое ќе испрати од Својот Дух, зошто во човечкото срце е Царството Божје.
Црквата е место каде што просторот е исполнет, место на изобилие од слобода и љубов, на вистински спокој, на длабоко вдишување. Таа е простор каде што душата дише длабоко, каде што срцето нормално ти отчукува, каде што не трепериш, ниту, пак, стравуваш, каде што твоето сопствено јас е вистинско, автентично, чесно и искрено.




























