логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 07.jpg

Слово на Архимандрит Партениј на споменот на Св. Партениј Лампсакиски

7/20 февруари 2016 лето Господово

Ваше Високопреосвештенство, наш возљубен архипастиру,

Сечесни отци, монаси и монахињи,

Мили браќа и сестри,

Срдечно Ви благодарам што денес се собравме на овој прекрасен молитвен собор, за заедно да се помолиме на благиот наш Спасител, Господ Исус Христос, и на Неговиот украс меѓу Светиите, преподобниот отец наш Партениј Лампсакиски, чиешто големо и славно име со страхопочит го носам веќе 20 години, јас, недостојниот игумен на Бигорската свештена обител.

Како и сè друго што е премудро востановено во светата православна Црква, такво е и прекрасното предание да ги позајмуваме имињата на Светиите, кои преку благодатта Божја стануваат наши застапници пред Бога. Тој, возљубениот наш Бог, им дава таква слобода, така што тие реално и благотворно дејствуваат во нашите животи, ги помагаат нашите добри дела и нашите подвизи, нè поткрепуваат во нашите таги и страдања, ги слушаат нашите молитви. Гледајте со какво достоинство сме удостоени – да ги носиме имињата на Светиите кои проживеале богоугоден живот на земјата, го оправдале својот призив и со својот подвиг Го прославиле Бога – кои, всушност, го реализирале достоинството што Бог ни го постави како императив, а тоа е да Му се уподобиме Нему! И не знам дали има поголема радост од таа – да се осветиш и да влезеш во трајната благодатна заедница со Бога, а со тоа и да станеш пример за многумина. Ние, недостојните, со самото тоа што го носиме нивното име, сме посветени на нив, како своевидни храмови... Колкава е нашата одговорност, но и колкав е нашиот дар! Затоа, должни сме не само да се задржуваме на значењето на името на нашиот патронен Светител, тука и да се задлабочиме во неговата личност, спознавајќи ја од неговото житие и од молитвеното општење со него. Зашто, тој не само што е наш молитвеник пред Господа, закрилник и застапник, туку е и јасен пример какви би можеле да бидеме и ние, доколку ја подражаваме неговата вера, неговиот подвиг. „Според името (на Светијата што го носиш), да биде и животот твој!“ – говорел преподобниот Амвросиј Оптински. Но тука не треба да заборавиме и една многу суштинска работа – дека сите ние во Црквата, небесна и земна, имаме едно заедничко свештено име, име што ни покажува чии сме и Кого следиме, а тоа е името на нашиот Господ Исус Христос. Читаме во житијата на светите Маченици дека кога биле прашувани за нивните имиња, со гордост одговарале дека се Христијани. И навистина, нема поголемо достоинство од тоа да се именуваш со името на Оној, Кого, како што вели Св. Ап. Павле, Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име, та во името на Исуса да се поклони секое колено на сè што е небесно, земно и подземно, и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бога Отецот (Фил. 2: 9-11). Сите Светии, меѓу кои и денес прославуваниот Св. Партениј Лампсакиски, го оправдале тоа највозвишено христијанско име и со своите животи се уподобиле на Христа.

А кога го спомнуваме преславното име на мојот небесен закрилник, Св. Партениј, навистина не би можел, а да не ја искажам својата посебна и огромна благодарност кон Неговото Високопреосвештенство, Митрополит г. Тимотеј од чиишто архијерејски раце го примив монашкиот потстриг и од чиишто усни го слушнав моето ново име. И денес живо се сеќавам на тој ден пред моето монашење, како и на душевниот трепет со кој го очекував примањето на монашкиот крст. И бидејќи во тоа време јас бев само еден од неколкуте монаси во нашата држава, а и една од првите монашки рожби на Митрополитот Тимотеј, пред чинот на монашење тој ми даде слободен избор и ме праша кое име сакам да ми го даде. Откако малку размислив, му одговорив: „Дедо, ете, по Божјо провидение и со Ваш благослов, јас ќе станам не само монах, туку и старешина на овој Манастир, па не би сакал на самиот почеток да ја истакнам својата волја. Затоа, Ве молам, Вие изберете ми име и нека биде тоа моето прво послушание кон Вас“. И така, до самиот миг на потстригот не знаев кое ќе биде моето монашко име. Кога, пак, на самиот чин на монашење го слушнав, целата моја внатрешност се исполни со преголема радост; името Партениј го почувствував толку блиско до моето битие, едноставно како да сум се родил со него. После монашењето, го прашав Владиката по кој светител ми го даде името. „Избери ти по кој Светец сакаш“, ми одговори тој, „јас ти го дадов тоа име бидејќи од овој Манастир произлегле двајца славни Партениевци, па сакав во нивна чест да ти го дадам тоа име, а и да продолжи таа традиција, да воскресне нивното дело...“

И навистина, кој наш верник или образован човек не слушнал за името на великанот на македонската преродба, Неговото Богољубие, Партениј Зографски од славноименитиот Галичник? Просветлувачкиот блесок од богоугодната дејност на овој наш црковен и општествен деец, народен трибун, прв учебникар, книжевник, историчар, филолог, преведувач, беседник, фолклорист, преродбеник, просветител, до денес свети во нашите души. Зарем не е достојно за секаква пофалба и зачудувачко дури и за Ангелите, тоа што овој смирен Христоносец, и покрај што имал можност да остане духовник на рускиот царски двор, во слобода и секакво удоволствие, или да биде влијателен царски претставник во Цариград, или, пак, да ужива секаков спокој и сигурност како митрополит на Цариградската Патријаршија, сепак, самопожртвувано пренебрегна сè само за да му Го доближи Христа на својот народ и да даде свој придонес (кој ќе се покаже огромен) за формирање на домородна словенска црковна јерархија и за ширење на просветното народно дело! Затоа, не случајно, еден негов современик премудро ќе заклучи дека работата на великиот Партениј „не задоцни да покаже колку почесно и пофално е да биде некој безумен со својот народ, отколку мудар против него“. Неговиот бесмртен подвиг не престанува да биде наше вдахновение, а неговата молитвена закрила – наша потпора и утеха. Едноставно, светоста на Митрополитот Партениј не престана да ја грее и топли оваа Свештена Обител, во која тој ги направил своите први чекори во духовноста и образованието. По тешкиот аскетско-монашки живот, исполнет со титански трудови и подвизи, овој богообразен Христов работник се одмори од своите дела и заспа со блажен сон во Господа, во ноќта спроти 7 февруари 1876 лето Господово, токму на својот именден, на споменот на Св. Партениј Лампсакиски. Денес славиме точно 140 години од неговото блажено успение. Неговите свети молитви нека бидат со сите нас!

И вториот Партениј Бигорски е личност која на овој Манастир му дава посебен сјај. Тој, исто така, бил игумен во специфично време, во епско време, време исполнето со хероизам и жртва, во времето на Илинденскиот проблесок за слобода. Овој родољубив Старец, родум од с. Манастирско Доленци, Кичевско, бил неуморен борец за возвишени идеали. Не само што го помагал поробениот народ со својот молитвен подвиг, туку заедно со своите браќа монаси изработил и два топа, со кои бил означен почетокот на востанието. Ова дело сведочи за слободољубивиот дух со кој јеромонах Партениј го водел своето братство. Но, за жал, овој свештен порив на игуменот бил насилно прекинат со неговата маченичка смрт во 1918 година, кога по наредба на тогашните српски окупаторски власти бил на ѕверски убиен и фрлен во река Радика. Нека му биде споменот вечен!

Впрочем, во тоа злокобно време, голем дел од македонското домородно духовенство страшно пострадало од насилно воспоставуваниот великосрпски хегемонистички државен и црковен режим во нашата Татковина. И токму затоа денешните аспирации на дел од клирот на Српската црква, таа да се претставува како Мајка-Црква на МПЦ-ОА, се чинат не само целосно апсурдни, туку и анахрони, национал-романтични, некоректни, нехристијански. Крајно време е, навистина, Српската црква нелицемерно да ја прегрне својата сестра, да ѝ подаде братољубива рака, и да го признае автокефалното достоинство на Охридската столица, на која низ вековите, почнувајќи од рамноапостолниот Климент Охридски, седеле многу славни и свети Архиепископи. Со ваквиот христољубив и братољубив чекор од страна на СПЦ, не само што би се израдувале духовите на светите Охридски Архиепископи, туку би се исцелиле и историските рани што се јавуваат како непробојна преграда за вистинското братољубиво зближување на православниот македонски и српски народ. Тогаш секој Македонец во своето срце ќе негува голема љубов и благодарност кон своите православни и словенски браќа од Србија. А во спротивно, доколку и понатаму продолжи одрекувачкиот и вулгарен однос на Српската црква кон нас, како и во изминатите пет децении од обновата на Охридската Архиепископија, тоа ќе придонесе само кон продлабочување на јазот и кон поголемо отуѓување на нашите народи.

На крајот, би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на верните чеда и поклоници на оваа Света Обител, бидејќи без нивната сестрана поддршка – и молитвена и материјална – Бигорски во никој случај немаше да биде она што е денес – една семакедонска православна светиња, во која духовен потслон наоѓаат илјадници души од сите краишта на нашата Татковина.

Нека ни е на помош Св. Партениј Лампсакиски, и би ве замолил да се помолите вечерва на него, да не ја одвраќа својата закрила од мене, но да продолжи да ми помага со своите силни и чудотворни молитви пред Најсветата и семилостива Троица во носењето на игуменскиот крст, како што тоа го прави во изминатите 20 години.

Ви благодарам! За многу години!



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная