логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 



1. Ваше Високопреосвештенство г. Наум, дали постојат нови светски истражувања за животот на Господ Исус Христос или сè е веќе запишано во Библијата?

Она што се однесува на Божјата природа не може да биде предмет на научно истражување. Каков би бил тој бог кој би бил подложен на емпириски истражувања и за кого науката би можела да докаже дека постои? Никаков! Затоа, сигурно не постојат некои сериозни научни истражувања во тој правец. Кога би можело научно да се докаже постоењето на Бог, тогаш во многу би се нарушила човековата слобода на избор помеѓу доброто и злото. Божјиот дар на слободата е основно својство и вредност на човековата личност, создадена според икона и подобие Божјо. Она што се однесува на Божјите пројави, енергии или дела може да подлежи на научни истражувања, на пример археолошки, но може да се развива само во правец на докажување на библиските записи, а не во правец на нивно негирање.

Се појавуваат од време на време некои несериозни археолошки истражувања и тврдења како она што беше претставено во документарниот филм „Изгубениот Исусов гроб“ на познатиот холивудски продуцент и режисер Џејмс Камерон, емитуван на Discovery Channel. Но, тие за нас во Црквата не значат ништо. За нас во Црквата важи следното правило: кога би можело и научно да се докаже некаква вистина дека Христос не постои, јас повеќе би останал со Христос отколку со таа вистина.

Во Црквата не постои надворешен, научен критериум за познавање на вистината Христос, туку постои внатрешен, аскетско-исихастички (молитвен) критериум преку кој лично и опитно Го познаваме Христос Вистинскиот Бог. Кога човекот преку аскетски подвиг ќе го очисти своето срце од страстите (славољубие, среброљубие и сластољубие) тогаш во него ќе го открие Царството Небесно, односно благодатта Божја, која ја примаме преку светата тајна Крштение. Божествената благодат го преобразува целиот наш духовен живот и постоење: вообичаената секојдневна молитва добива друг квалитет – станува умносрдечна, умот се просветлува, а внатрешната борба со демонските страсти значително ослабува. Ако процесот на преобразување го достигне степенот на обожение и на душата и на телото, тогаш човекот, според свети Григориј Палама, со своите преобразени телесни очи ќе може да ја види несоздадената божествена енергија како светлина која на сè создадено соодветно му дава постоење, живот и словесност, односно како несоздадена светлина која на човекот му дава битие, благобитие и вечно благобитие.

Значи, сè е кажано во Светото Евангелие, само треба евангелските зборови да ги преточиме во лични дела. Како што велат светите Отци, Бог се крие во Своите заповеди и оној што ќе ги исполни, тој ќе Го познае Него.

2. Од кога во Македонија се празнува Рождеството Христово?

Ние во секоја света Литургија на Црквата го славиме секој момент од Христовиот живот. И Христовото воплотување, и Христовото рождество, и Христовата мисија, и Христовите страдања, и Христовото погребение, и Христовото воскресение, и Христовото вознесение, и Христовото седнување од десно на Бог и Отецот и светата Педесетница, односно, исполнувањето на ветувањето за Духот. Тоа не значи дека на секоја Литургија се повторува Христовиот Домострој за нашето спасение, туку значи дека на нас кои учествуваме во литургиското време и простор на црковната Евхаристија (благодарствена Жртва) повторно и повторно ни се пружа можноста благодатно и реално да учествуваме во Христовиот живот, причестувајќи се со Него. На овој начин Македонците го слават Христовото рождество уште од доаѓањето на светиот апостол Павле во Македонија и од нашето учество во првите Литургии на Црквата.

Официјално, како празник, славењето на Рождеството Христово е воведено негде после Миланскиот Едикт од 313 година, кога престанало државното гонење на Црквата. Ова славење намерно е одредено на 25 декември (според стариот календар) односно на 7 јануари (според новиот календар) за да се искорени и заборави идолопоклоничкото празнување на ‘раѓањето на Сонцето’.

На личен план, Рождеството Христово можеме вистински да го славиме само ако со умот го пронајдеме влезот за внатрешноста во нашето срце, влезот за пештерата каде што Христос положен во јасли лежи. 

3. Од каде потекнуваат обичаите да се украсуваат домовите со бадникови гранчиња, да се палат бадникови огнови и да се става паричка во пита?

            Обичајот на бадниковото гранче е препознатлив обичај на Србите и на Српската Православна Црква и на ниту една друга православна Црква и народ. Овој обичај е насилно воведен во нашите цркви после утврдената српска окупација на Вардарскиот дел од Македонија по завршетокот на Првата светска војна. Мене ми е разбирливо зошто овој обичај се задржал или се обновил во Скопје и на некои други места, односно во делот на Македонија каде што според последниот попис живеат околу 40.000 Срби, но не ми е јасно зошто истото се случува и во некои други делови од Македонија и зошто еден туѓ обичај прифаќаат Македонците? Дали е во прашање медиумската соблазна на народот или незнаење или среброљубие или сензација или пак некоја друга причина, Господ знае? Знам само дека е ова прашање на идентитет и знам дека со медиумското форсирање на ваквите обичаи се дефокусира јавноста од она што е битно, а тоа е исполнувањето на Божјите заповеди, исповедта на своите гревови и причестувањето со Телото и Крвта Христови. Очигледно, многу е полесно да се собираат гранки по шума отколку да се чекори по тесниот евангелски пат.

            Бадниковите огнови се во потполна несогласност со Црковното Предание. Палењето оган, печењето колбаси и пиењето ракија се во апсолутна спротивност со Божиќниот пост. Свештенството, за почеток, не треба да дозволи овие појави да се случуваат во црковните дворови. Истото важи и за бадниковата семејна вечера, ако луѓето се откажат од светата Причест заради јадењето зејтин и риба.

            Ставањето на паричка во лебот или питата за Бадник е исто така српски црковен обичај. Како и да е, ставањето на паричка во лебот на Бадник нема никаква основа ниту во теологијата ниту во преданието на Црквата.  Македонски црковен обичај е паричката да се става во лебот или во питата или во колачот на 14 јануари – денот на свети Василиј Велики, попознат во народот уште како Василица или како Стара Нова Година. Кој сака да знае повеќе за ова нека прочита во житието на свети Василиј Велики, кое може да се најде на македонски во православниот календар на интернет-страницата на Македонската Православна Црква – http://www.mpc.org.mk/.

4. Што мислите за идејата за прифаќање на новиот календар, односно Грегоријанскиот од страна на МПЦ?

            Знам дека ова прашање станува актуелно при крајот на секоја година. Можеби е попрактично и попастирски, за Црквата, да се слави Божиќ на 25 декември затоа што, на пример, многу повеќе луѓе би се причестиле со Светите Тајни на денот на Рождество Христово, кои тоа не го прават заради нарушувањето на постот за време на празнувањето на Новата Година. Но, исто така знам дека не постои Епископ во Светиот Синод на Македонската Православна Црква од кого би произлегла иницијатива за промена на календарот. Оваа идеја е моментално неприфатлива за нас заради фактот што на секоја Православна Црква која го вовела новиот календар ѝ се случило одлевање на верници до 5% од вкупниот број и формирање на паралелни цркви, односно ѝ се случил раскол. Уште полошо, ова одлевање на верници, во нашиот, случај би можело да заврши во сега безначајниот српски егзархат и на тој начин да ги зајакне неговите позиции.

            Сепак, треба да се знае и тоа дека, за Црквата, прашањето за календарот не е и непроменливо догматско прашање. Тоа е канонско прашање, но не само по себе туку поврзано со природното движење на небесните тела во космосот и затоа е и прашање на испитувањата на егзактната наука. Значи, нема да го смениме стариот календар, не заради вечни догматски туку заради времени црковно-политички причини.

5. Дали ќе продолжат разговорите со СПЦ?

            Нормално би било да продолжат разговорите со Српската Православна Црква откако ќе дојде до смена на нејзиниот врв и откако ќе се реши ‘косовското прашање’. Гарант за продолжување на разговорите меѓу нашите две Цркви е јасниот став на Руската Православна Црква и на Рускиот Патријарх Алексеј II (кој го има фактичкото првенство по чест меѓу православните поглавари) изразен преку изјавите дека проблемот што, според нас, Српската Православна Црква го има со името на Македонската Православна Црква може да се реши само со дијалог, а не со очајни и трагични (пак според нас) обиди за формирање на паралелни ерархии.

6. До каде е процесот на денационализација на имотите на верските заедници?

            Благодарение на сегашната Влада, процесот на денационализација, што се однесува до Македонската Православна Црква, во последно време позабрзано се одвива. Како се одвива овој процес во другите верски заедници, не ми е познато, но верувам дека и таму е подобро. Но, од тоа што го гледам и од тоа што го знам, не ми е јасно зошто малку побрзо не се одвива процесот на денационализација во корист на Еврејската верска заедница? Ова го прашувам затоа што со досегашното темпо само се попречува побрзата изградба на Еврејскиот холокауст центар, кој е од исклучително повеќедимензионално значење за овие простори. Кога јас би одлучувал, овој Холокауст центар би бил изграден од пари предвидени во буџетот на Република Македонија.

7. Како се случи МПЦ да го изгуби струшкиот хотел „Изгрев“?   

Ова прашање е, и било, надвор од доменот на моите размислувања и ангажмани. Единствено што ми е јасно и единствено што ми е должност во овие години на постојани искушенија е со сите сили да го штитам интегритетот и достоинството на Македонската Православна Црква и на нејзиниот Поглавар.

8. Што мислите, кога ќе се среди ситуацијата со имотот на МПЦ во Австралија?

            Најпрвин треба да завладее мир меѓу верните луѓе во Австралиско-новозеландската епархија на МПЦ, а тоа ќе се случи кога таму ќе бидат поставени еден или можеби двајца нови Епископи како надлежни Архиереи, позади чие пастирско дејствување едногласно ќе стои целокупниот Свет Синод на Македонската Православна Црква.

Нам во Австралија ни се случи промашување на нивоата на решавање на проблемите. Проблемите треба прво да се решаваат на духовно ниво, а потоа на материјално ниво. Проблемите треба прво да се решаваат молитвено во нашето срце, а потоа надвор од нас. Црква – тоа се пред сè луѓето, а потоа и објектите.

9. Која порака ќе им ја испратите на верниците за Божиќ?         

            Нашиот живот и постоење ни се дар од нашиот Небесен Отец. Како да Му заблагодариме за сѐ што Он направил за нас? Светото Евангелие вели: „Возљуби Го Господ Својот Бог со сета своја душа, со сето свое срце, со сиот свој ум и разум и со сите свои сили“. Сите ние треба да го посветиме својот живот и постоење на Бог и во Негова слава, исто како што и Он Својот живот го посвети на нас и за наше прославување. Секој од нас тоа ќе го направи според своите сили и според својата љубов, така што едни ќе донесат триесет, други шеесет а трети стократен плод. Треба да се исполнат зборовите: Бог стана човек за ние да станеме богови по благодат. Пресвета Богородице помогни ни и спаси нѐ!

Христос се роди!

Извор: МПЦ


rozdestvo.hristovo4a.jpg
{moshits}

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

« »

Православен календар

 

03/05/2025 - сабота

Преп.ТеодорТрихин; св.Атанасиј Синајски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април 2025

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април  2025

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април 2025

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим  28 април/15 април  2025

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим 28 април/15 април 2025

Патот кон Бога преку вашите стапалки е посведочено апостоли свети Христови,сотрудници на Павла, помошници на Петра великите,молете се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная