логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

bogorodica.k.dol.jpg

ПЕТТА КНИГА

bogorodica.k.dol.jpg

ПСАЛМ 106
Благодарствена песна на избавените кои Го призиваат Господа во мака
 
1 Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова!
2 Така да велат избавените од Господ, оние што ги откупи од непријателска рака.
3 И ги собра од земјите, од исток и од запад, од север и од морето.
4 Тие скитаа по безводната пустина и нигде пат ниту населен град не најдоа;
5 трпеа глад и жед, душата им ослабна во нив,
6 но во жалоста своја Го повикаа Господа, и Тој ги избави од нивните неволји
7 и ги поведе по правиот пат, за да одат кон населен град.
8 Нека Го слават Господ за милоста Негова и за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки:
9 зашто Тој ја напојува жедната душа и душата гладна ја исполнува со блага.
10 Тие седеа во темнина и смртна сенка, оковани со сиромаштија и железо;
11 бидејќи не се покорија на зборовите Божји и се противеа на волјата на Севишниот.
12 Тој го скрши нивното срце со мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне.
13 Тогаш во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од маките нивни;
14 ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни,
15 Нека Го слават Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки,
16 зашто Тој ги здроби бронзените порти и ги скрши железните резиња.
17 Неразумните страдаа поради своите грешни патишта и поради беззаконијата свои!
18 Од секоја храна им се одвраќаше душата, и се приближија до вратата на смртта.
19 Но во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од неволјите нивни;
20 го испрати Своето слово, ги излекува и ги спаси од пропаст.
21 Нека Го прославуваат Господ за милоста Негова спрема синовите човечки!
22 Нека Му принесуваат похвална жртва и нека ги разгласуваат делата Негови со радост.
23 Оние што запловија по море на кораби, што имаа работа по големите води -
24 тие ги гледаа делата на Господ и чудесата Негови во длабочините.
25 Тој рече - и настана бурен ветер и високо ги издигна морските бранови;
26 се издигаа до небесата, слегуваа до бездната; нивната присебност се губи во неволјата;
27 тие се збунуваат, се нишаат како пијани, и сета нивна мудрост им исчезнува.
28 Тогаш во скрбта своја повикаа кон Господ, и Тој ги изведе од маките нивни.
29 И ѝ заповеда на бурата и таа се претвори во тивок ветрец и брановите молкнаа.
30 Тие се развеселија, зашто стивнаа, а Тој ги упати кон нивното сакано пристаниште.
31 Нека Го прославуваат Господ за милоста Негова и за Неговите чудесни дела спрема синовите човечки!
32 Нека Го возвеличуваат со собранието народно и нека Го слават во советите на старешините!
33 Тој претвора реки во пустина, и водни извори - во сушна земја,
34 земја плодородна - во солница, поради злобата на оние што живеат во неа.
35 Тој претвори пустина во езеро, а сува земја - во земја со водни извори;
36 таму насели гладни, а тие изградија град за живеење;
37 засеаја ниви, насадија лози, и тие им даваат свои плодови.
38 Тој ги благословуваше, и тие многу се размножуваа, и добитокот нивен Тој не им го намалуваше.
39 Кога беа проредени и пострадаа од притисокот на злото и од неволјата,
40 Тој изли презир над кнезовите и ги остави да скитаат по пустината, каде што нема патишта.
41 Но бедниот го извлече од сиромаштија, го умножи родот негов како овчо стадо.
42 Праведните го гледаат тоа и се радуваат, а секоја злоба си ја затвора устата своја.
43 Кој е мудар и го пази ова, ќе ја разбере милоста Господова.

 

Aleksand.Lit.jpg

„Ќе му пеам на Господа се додека постојам.  “


Од преполнетото срце на Давида и другите псалмописци, се изли копнежот на секое срце човечко да заедничари со Бога да испроси од Бога прошка за согрешенијата, изливајќи го низ благопријатната песна своето покајание пред престолот Божји и од Сесилниот Господ да побара заштита од злото кое постојано го притиска.


Секоја Богобојажлива душа колку повеќе ги чита светите псалми се повеќе во неа се буди радоста која произлегува од посетата на Божјата благодат и се влева во неа мир и сигурност од закрилата на цврстата закрила  Божја. 
Господ наш  Исус Христос ги посочува и како пророштва за она што стана со Него а заради нашето спасение /лк.24.44/.Светите Апостоли пак ги препорачуваат на верните за усовршување во верата/Еф.5.19/. Великите отци наши /св.Атанасиј Велики , св.Григориј Ниски , св. Јован Златоуст .../со голема радост говорат за нивната душеполезност во своите беседи и одговори на верниците за поуките од псалмите, препорачуваќи ги на верните што повеќе да ги читаат. Светата Црква поделуваќи ги во таканаречени катизми ги распоредила во богослужбениот неделен циклус со цел да се прочита целиот псалтир за една седмица, а за време на Великиот пост и два пати. За жал денес катизмите честпати се прескокнуваат на богослужбите од причини да се постигне во време и другите обврски да можат да се завршат, а ако се земе во обзир и тоа што во многу храмови не се служзи секојдневно/ да не бидам погрешно сватен ова најчесто се случува од практична па и финансиска невозможност/за да не се маргинизира псалтирот и верните да не се исклучат од големите дарови кои произлегуваат од неговото читање се препорачува на верните покрај молитвеното правило во своите молитви да го практикуваат и читањето на псалмите со голема богобојазливост за да нацрпат од овој благодатен извор многу дарови за своја душевна полза - за мир, утешение, здравје и спасение .Амин!

о. Горан Тасески

vinjeta.m.jpg

 ПСАЛМИ

Вовед

Псалмите се најдолгата книга во Светото Писмо. Тие се песни кои се пееле со музичка придружба, или, пак, се рецитирале како молитви. Значителен број псалми се напишани од Давид, но има и од други писатели, како што се Асаф, Мојсеј, Соломон и потомците на Кора. Овие песни биле собирани подолго време и заземале важно место во богослужбите на израилскиот народ.
Името Псалми потекнува од насловот на оваа збирка песни во грчкиот превод на Стариот завет.
Сто и шеснаесет псалми содржат пред-текст кој дава податоци за потеклото, видот и музичката придружба на соодветниот псалм. Можат да се издвојат повеќе видови псалми, меѓу кои:
1. Химни, или славословија кои Го слават Господа. Такви псалми се: 8, 9, 32, 99, 102-104, 110, 112, 113, 116, 134, 135, 144-149.
2. Псалми во кои Господ е прикажан како Цар: 46, 92, 95-98.
3. Псалми за владетелите: 2, 17, 19, 20, 44, 71, 88, 100, 109, 143.
4. Сионски песни: 45, 47, 75, 86, 131.
5. Псалми за верата во Бога: 1, 36, 48, 72, 77, 111, 118, 126, 132.
6. Псалми испеани во неволји: 11, 43, 57, 59, 73, 78, 79, 82, 84, 89, 93, 105, 107, 122, 125, 136
7. Молитви упатени кон Бога, поради несреќи: 5-7, 12, 16, 21, 24, 25, 27, 30, 34, 37, 38, 40-42, 50, 53, 56, 58, 60, 62, 63, 68–70, 85, 87, 101, 108, 119, 129, 139-142.
8. Благодарствени псалми: 9-10, 29, 31, 33, 39, 91, 106, 115, 117.
Инаку и Исус пеел некои псалми, заедно со Неговите ученици (види Мр. 14,26).
Псалмите се цитирани повеќе од сто пати во новозаветните книги. Некои псалми содржат прототипови за Личноста на Исус Христос. На пример, псалмите 21 и 68 ги претскажуваат Христовите страдања, додека псалмите 15, 109 и 117 содржат елементи на Христовото воскресение и слава. Псалми во суштина се состои од пет книги и тоа: 1. Пс. 1-40, 2. Пс. 41-71, 3. Пс. 72-88, 4. Пс. 89-105 и 5. Пс. 106-151.

Извор: БИБЛИЈА

Друго:

bogorodica.k.dol.jpg

„НА РЕКИТЕ ВАВИЛОНСКИ“

 Ново издание од Повардарската епархија (18.02.2010)

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

29/05/2025 - четврток

Вознесение Христово – Спасовден; Преподобен Теодор Осветен; Блажената девица Муза; Свети Никола Мистик, патријарх Цариградски; Светиот новомаченик Николај; Преподобните маченици Саваити;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

 Тропар на преносот на моштите на светиот Христов чудотворец Николај Мирликијски 22/05/2025

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов чудотворец Николај Мирликијски 22/05/2025

 Велики угодниче Божји, Николае свети,чии молитви нѐ закрилуваат нас коипловиме по морето на овој живот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная