логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Во духот на минатогодишното меморирање на настаните, кои за нас, неговите жители, ги обележаа зрзеските време и место, за да ја споделам со вас, и во првите денови на 2011-та ја испишувам зрзеската меморија 2010-та
 
foto-otec-Kliment
 

Зрзеска меморија 2010-та

 

Новиот дом

Во раната пролет, врз сè уште неистопениот мартовски снег, се поставија темелите на епископскиот конак. Требаше да поминат девет месеци интензивна градба, овој проект, финансиски поддржан од Министерството за култура, да ја доживее својата завршница, и тоа токму на денот кога падна првиот декемврски снег.
  zrze-zima.jpg
Дотогаш, креативната тишина карактеристична за Зрзе мораше да и отстапи место на секојдневната исцрпувачка врева, настаната од делкањето на камењата, местењето на скелињата и ѕидањето, за повторно да се врати кога градењето на конакот заврши. Преку заложбата на проектантите, градителите и посветеноста на отците Никодим и Калиник, задолжени да ја надгледуваат работата на неимарите, по речиси една година, новиот дом блесна со сјајот препознатлив за македонската манастирска архитектура.
 
noviot-konak.jpg
 
 

Икони и книги

Pomegju-Frojd-i-Hristos.jpgСепак, и во такви вонредни услови, не запреа редовните богослужби и монашки послушанија, меѓу кои преведувањето, иконописот и, секако, читањето во ќелијата. На блогот на еден молдавски монах имав можност да прочитам: „Е, колку е убаво што си, колку е чудесно што сум...“. Така пишуваше префинетиот поет, покојниот Никита Станеску. Мислам дека ова е една од најубавите и најдлабоки изјави на љубов. Во неа, со божествена дискретност, присуствува Самиот Бог, изворот на бескрајната чудесност. „Колку е чудесно што сум, колку е чудесно што си... Колку е убаво што сме!“ Овие мисли на отецот Саватиј Баштовој посакав да ги споделам со нашите пријатели.
 
 
sveti-naum.jpg
Потребата за споделување на прочитаното, и за негово разговорливо и радосно коментирање, во братството е речиси неизоставно парче од секојдневието. И токму на тој начин, споделувајќи ги самостојно прочитаните записи во заедницата, за секој од нас се зголемуваат новите сознанија. А оние мудри провокативни мисли, се разбира, сакаме да ги споделиме и пошироко. Токму таков беше случајот и со книгата „Помеѓу Фројд и Христос“, од јеромонахот Саватиј Баштовој. Разговарајќи за ова дело, сфативме дека би било полезно пошироката македонска јавност да го има при рака, да може да се запознае со современата православна теолошка мисла. Отецот Јов, кој го познава романскиот јазик, ја преведе книгата на македонски и, благодарение на издавачката куќа „Пунктум“, таа веќе е издадена.

Зрзеската иконописна работилница раководена од отецот Тихон, со несмален интензитет продолжи со својата работа и во годината што измина. Во чест на јубилејот, илјада и сто години од упокојувањето на свети Наум Охридски, испорача икони со изобразениот лик на светителот, кои од страна на домаќинот на Втората светска верска конференција во Охрид им беа подарени на гостите-учесници.
 

Изворот Бојаник

Изворот на вода во Зрзе е извор на живот, цивилизација и култура. Иако според некои авторитети од лингвистиката топонимот Зрзе е изведен од поимот созерцание, теза вредна за сериозна анализа, сепак предноста им ја давам на оние што го нагласуваат ономатопејскиот корен на глаголот зрзорење или жуборење на водата и од таму го вадат топонимот Зрзе.

Пред да надојдат есенските поплави, водите од западната страна на манастирот се акумулираа и истовремено се регулираше дел од коритото на манастирскиот извор Бојаник. Енергијата од природните водни ресурси со кои е богат зрзескиот микрорегион треба да се ползува за добробит на сите негови жители. Се надевам дека ќе дојде тој ден и за нас кога енергијата од водата на Бојаник ќе биде правилно искористена. Би спомнал и за пријателскиот подарок на честити добротвори, благодарение на кои се возобнови и старо-новата локација на манастирската чешма, која поради вградениот бигор, травертин, мермер и керамика од народот веќе го доби името Шарена чешма.

Верен слуга

Годинава што измина беше последна за остарениот манастирски пес Бигор, кој беше верен слуга во манастирот цели десет години. Отецот Филип за него напиша расказ, кој се надевам и посакувам заедно со другите „Зрнца од синап“ што поскоро да ја види светлината на денот. Во расказот, меѓу другото, тој вели: „Смртта доаѓа како муграта. Кога таа ќе пристигне, човек станува свесен дека некој или нешто го исполнило своето време. И од тој исполнет миг извираат спомени исто како што извираат спомените за преспаната ноќ, кога очите ќе ја видат светлината на новиот ден“.

Мост на духот

Вредно за паметење е и следново. При крајот на ноември, Интерфакс пренесе дека со указ на владата на Руската Федерација од 11.11.2010, со бројот 1.948, гробот на игуменија Ирина Козицкаја, кој се наоѓа во манастирот Зрзе, се прогласува за споменик од историско–меморијално значење за руската нација. Со овој акт, личноста на матушка Ирина (на која отецот Никола и го посвети својот труд „Света Русија – записи од Македонија“) уште еднаш се потврди како мост на духот меѓу едноверните браќа на рускиот и македонскиот народ.

ruski-grobovi.jpg  
 

Обновен полет

Настан што посебно би го одвоил од сите оние што ја обележаа годината што одмина е одговорот на повикот Божји на двајцата наши помлади браќа, кои пловејќи по разбрануваното море на животот, своето пристаниште го препознаа во зрзескиот манастир. Од ова место тие го фрлија сидрото на третото небо. Им посакувам добар почеток со светогорскиот поздрав „добро трпение“ и им благодарам за обновениот полет и динамизам во меѓуличносните односи во монашката заедница.

Цветно место

Манастирот „Зрзе“ многумина го препознаваат како свој дом. За нас, црнорисците, тој е единствен, но за многумина искрени вљубеници на овој простор тој со благословот да вдомува станува пасхална икона на она што следува по преминот од смрт кон живот. Оваа релација е заемна, оти и Зрзе има своја меморија и памети кој како му пристапил па, уште одовде, секому му дава според неговиот влог. „Затоа, ако му допуштиме да зрзори, ќе нè напои со вода жива од која никогаш не се ожеднува“. Ова свое сознание, тивко и со големо достоинство како за последно, седум дена пред да премине, ми го исповеда мојата незаборавна пријателка, која на денот на соборот на светите Архангели застана пред лицето на Живиот Бог. Со радосотворна тага последниве денови од оваа 2010 година се молам нејзината личност да биде населена во место цветно, како што и беше името, во место светло какво што и беше срцето, во место на одмор, од каде што што избегаа секој печал, жал и воздишка.
     
Автор: Владика Климент



Објавено во Нова Македонија, 04.01.2011
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1411718323&id=9&setIzdanie=22174

 

Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

21/06/2026 - недела

Петровденски пости; (риба)

Св. Ефрем, патријарх Антиохиски; Преп. Зосим Финикиски; Пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная