markov.sv.Zlata1.jpg

Нa 20 jуни пo Светата Божествена Литургија во Maрковиот манастир - Св.Вмч.Димитриј, во 12 часот во обновената манастирска терпезарија од 14 век се одржа изложба на подарени икони, изработени од учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје. На изложбата се обрати и директорот на училиштето  со радост и надеж за понатамошна соработка за идна ликовна  колонија која традиционално ќе се одржува во манастирот и за  многу нови икони кои ќе го најдат своето вистинско место во манастирот. Благословот од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан го пренесе протоереј-ставрофор Коста Станоевски и изрази благодарност за придонесот на ова училиште  кон манастирот како дел на МПЦ, а игуменијата Илијана не го криеше своето воодушевување за зрелоста на вештите раце на учениците кои ги изработија иконите. Галеријата на иконите е отворена за поклониците и посетителите на Марковиот манастир.

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg  markov.sv.Zlata1.jpg

   markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg    markov.sv.Zlata1.jpg

Известува: отец Дејан Трајков