логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Vecerna.Ksenija.jpg    Vecerna.Ksenija.jpg
             
                            
Света Земја Ерусалим
Поклоничка програма за православни верници

     ВЕЛИГДЕН И БЛАГОВЕШТЕНИЕ ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА
02.04.2010 – 09.04.2010
8 дена/7 ноќи
 
Ден први
02.04.2010 ( Велики Петок)

       Состанок на групата пред Соборниот храм Св. Климент Охридски
 ( во __:__ часот ). Молебен за среќен пат. Трансфер Скопје - аеродром Софија.Полетување од Софија,  за Тел Авив во 10: 50 часот со El Al Israel Airlines.  Слетување на аеродромот  Ben Gurion во Тел Авив во 13:15 часот. Средба со водичот на групата и трансфер до Ерусалим.
         Долина на Крстот . Манастир на Светиот Крст, изграден на местото
         каде израснало дрво, од кое бил изработен крстот на кој бил распнат
         Спасителот Господ Исус Христос.
Елеон .   Рускиот Спасо – Вознесенски манастир. Место на  прво и второ наоѓање на главата на Св. Јован Крстител и Претеча.Место на Вознесението на Господ Исус Христос.
         Гетсиманија.
Гетсиманиска градина. Руски манастир Св. рамноапостолна Марија Магдалена. Црквата на Сите Нации- современа црква,  изградена на местото на стариот византиски  храм. Во    Гетсиманиската градина  Спасителот Господ Исус Христос  ги  поминал   последните часови, молејќи се, пред да биде предаден. – “ Оче мој, ако е   можно нека ме одмине оваа чаша, но не како јас сакам , туку како Ти !“ Toj  се молел. Апостолите спиеле. На улиците на Ерусалим се слушале   чекорите на стражата...


        Храм Успение на Пресвета Богородица.
        Гробот на Пресвета Богородица.
        Чудотворната Ерусалимска икона на Божјата Мајка и др. светињи.
Витезда. Место каде што Спасителот Господ Исус Христос ги лечел     болните.
        Црква Рождество на Пресвета Богородица. На тоа место според
        преданието живееле Св. прав. Богоотци Јоаким и Ана- родители на
        пресвета Богородица.
        Патот на страдањето Виа Долороза.
Лифостратон – место каде што Понтиј Пилат го   осуди  Спасителот                                Господ Исус Христос ( дополително се наплаќа посета на музејот).
Планина Сион. Гробот на Цар Давид.Според  христијанското предание следните настани се случиле на Сион : Тајната Вечера ( тајната на Светата Евхаристија ),  слегување на Светиот дух и основањето на првата христијанска заедница  и Црква. Храм Успение на Пресвета Богородица.
Долина Акелдама.  Манастир Преп. Онуфриј Велики.        
         Вечера.
         Ноќевање во хотел Ерусалим.  
      
   Ден втори
   03.04.2010 ( Велика Сабота)

           Појадок.
Слегувањето на Благодатниот Оган на гробот на Спасителот   Господ Исус  Христос.
           Одмор во хотелот.
           Вечера.
           23:00 Велигденска богослужба во Храмот на Гробот Христов.          
                
 Ден трети
 04.04.2010 ( Недела)    Воскресение  Христово  Велигден 

          00:00 Велигденска Богослужба во Храмот на Гробот  Христов.
          02:00 Литија. Велигденска утринска литургија.
  Собор на Руската духовна мисија  -
           Литургија во Троицкиот Храм (како опција )
          Враќање во хотелот околу 5 часот наутро.
          Одмор и велигденска гозба.
          Појадок.
          Храмот на Христовото Рожденство .        
          Витлеемско Поле, каде се случила средбата меѓу Рута и Вооз. Тука
           поминало детството и младоста на цар Давид кој добил благослов
           (помазание) од пророк  Самуил да биде Цар.  Подземна црква  сместена 
           во пештера , каде ноќта пред Христовото раѓање на овчарите им се
           јавиле ангели, наговестувајќи го Христовото раѓање.
           Манастир Св. Теодосиј. Манастир Св. Сава Осветен.
           Хеброн. Мамвриски даб.
           Црквата на Николај Чудотворец во Бејт Џале.
           Вечера.
           Ноќевање во хотел во Витлеем.

   
Ден четврти
05.04.2010 ( Понеделник)

          Појадок.
          Одјавување од хотелот
          Заминување за Назарет по долината на реката Јордан.
          Пустина на Светиот Град. Така биле наречени сите манастири
          и лаври во Јудејската Пустина на брегот на Мртвото Море и реката
          Јордан. Манастир на Св. пр. Герасим Јордански.
          Манастир преп. Георгиј Хозевит.
          Јерихон. Планина на искушенијата .
          Манастир на Св. пророк Елисеј. Дрво на Закхеј.        
  Вифанија. Гробот на Св. Лазар. Место на  чудесното воскресение на                            четиридневно упокоениот Лазар извршено од Спасителот Господ Исус    Христос.         
          Вечера.
          Ноќевање во Назарет.
                
             
Ден петти
06.04.2010 ( Вторник)

         Појадок.           
         Река Јордан. Потопување во светите води на реката Јордан.
         Изворите на оваа позната река се наоѓаат на планината Емрон во
         Западна Палестина, а се влева во Мртвото Море. Од сите реки бил
         Избран големиот Јордан . Во неговите води биле измиени сите гревови.
 Во неа Св. Јован Крстител го крстил Спасителот Господ Исус Христос, и  од тука тој ја започнал својата служба. До денешен ден доаѓаат луѓе од сите страни на светот за да бидат крстени во оваа вода, понесувајќи и малку вода за  благослов во своите домови.
Галилејско Море. На брегот на Галилејското море Спасителот  Господ Исус Христос ги избрал своите ученици од рибарите, и ги повикал да служат како  апостоли. Тука тој проповедал, правел чуда, им се јавил на апостолите по своето Воскресение.
Гора на блаженствата. Местото на Првата проповед на Спасителот  Господ Исус  Христос.
Табха. Место каде Спасителот Господ Исус Христос се јавил втор пат на                               своите  ученици, Апостол Петар и останатите Апостоли.
Дел од Руската духовна мисија во Магдале - местото каде што Спасителот Господ Исус Христос ја исцелил Св.Марија Магдалена.        
         Вечера.
         Ноќевање во Назарет.

 


Ден шестти
07.04.2010 (Среда)  Свето Благовештение  
     
         Назарет. Црква Св.Архангел Гаврил кај изворот на Пресвета
         Богородица.
         Празнична Литургија .
         Појадок.
         Одјавување од хотелот.
         Црква Благовештение над домот, каде живеело Светото Семејство.
         Планина Тавор. Храм  на Светото Преображение.
 Кана Галилејска. Црква во чест на првото направено чудо на Спасителот                 Господ  Исус Христос претварајќи ја водата во вино на една свадбена веселба.
         Капернаум. Ниту еден град – ниту Витлеем, ниту Назарет, како и самиот
         Ерусалим не го добил името “ Негов Град “ како што го нарекувале
         Евангелистите. Манастир на Св. Дванаесет Апостоли.
         Патување до Средоземно Море.
         Постои можност :
         Прва варијанта - Манастир Кармелинов.  Пештера Св. пророк Илија.
         или втора варијанта -
         Лида. Храм посветен на Св.вмч. Георгиј Победоносец.
         Јафа. Стара Иопија, каде проповедал апостол Петар и ја воскреснал
         прав. Тавита. Храм посветен на Св.Апостол петар. Манастир прав.Тавита.
         Вечера.
         Ноќевање во Бат Јам.   


Ден седми
08.04.2010 (Четврток)

         Појадок .
         Слободен ден на Средоземно Море.
         Вечера.
         Ноќевање во Бат Јам.


Ден осмми
09.04.2010 ( Петок) 

         Одјавување од хотел.        
Трансфер до аеродром Ben Gurion во Тел Авив во 03:30 часот.      Полетување за Софија во 07:00 часот со а/к El Al Israel Airlines.  Слетување во Софија во 09:45 часот. Трансфер аеродром Софија- Скопје.
         Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
        

 


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ........57.500,00 денари


Во цената на аранжманот е вклучено:
- трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје ;
- авионски билет релација Софија -Тел Авив - Софија со а/к El Al Israel Airlines;
- трансфер во Тел Авив: аеродром- хотел -аеродром;
- сместување во хотел *** во 1/2 соби на база полупансион;
- транспортни улуги според програмот;
- услуги на туристички водич;
- организација и водство на патот.


         Во цената на аранжманот не е вклучено:
         Влезници за :
           -  Витезда       -  2 $
           -  Место на Вознесение                     - 1.5 $
 -  Место на Светиот Крст               - 4 $
 -  Гробот на Св. Лазар                        - 1.5 $
 -  Лифостратон                                  - 1.5 $
            -  Јордан                                                 - 1.5 $
            -  Патување со брод                            - 6 $
 - Ручек на Галилејското Море         - 10 $
            -  превоз до Манастир преп. Георгиј Хозевит - 10$
 - превоз до врвот на планината Тавор - 6$
            - надоместок за водичот и возачот на автобусот - 4 $на ден
 - трошоци кои ќе ги направи гостинот, а не се предвидени со                 програмата.

     Гратис: патничко осигурување

Потребни документи  :
- фотокопија од пасош
-  доколку не поседувате биометриски пасош (ќе биде потребна транзитна виза за Бугарија) потребни документи : фотокопија од пасош, слика со бела позадина со димензии
      3,5 cm x 4,5 cm, апликација да се потполни во агенција.

 

За реализација на ова патување важат општите услови на Т.А. НИКЕКС
Рок на пријавување до 05/02/2010 со предоплата од 50% од цената   на аранжманот, целосна доплата на аранжманот до  05/03/2010

* Туристичката агенција Никекс го задржува правото на промена на цената на аранжманот поради променливата вредност на аеродромските такси.

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

« »

Православен календар

 

23/06/2025 - понеделник

Петровденски пости (строг пост)

Св. свеш. Тимотеј, епископ Бруски; Св. маченици Александар и Антонина; Св. Васијан, епископ Лавдиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот  Христов подвижник Онуфриј Велики  25 јуни/ 12 јуни  2025

Тропар на светиот Христов подвижник Онуфриј Велики 25 јуни/ 12 јуни 2025

Блажен си ти о велики Онуфрие,кого Бог во борба го поведе,да покаже и посведочи дека телото може да се победи,стариот...

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј  24 јуни/11 јуни 2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј 24 јуни/11 јуни 2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

† Праз. на чуд. икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св. Христов апостол Варнава  24 јуни/11 јуни / 2025

† Праз. на чуд. икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св. Христов апостол Варнава 24 јуни/11 јуни / 2025

 Благодатта во тебе го поесеа семето на мирот,о ти кој си син на утехата,Варнаво апостоле Христов,сотрудник на Духот Свети постана,кога...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная