vozdvizenie.jpg

Распоред за богослужби при храмот
св. в.мч. Георгиј Победоносец - Криви Дол

за месец јануари 2010г.

 


 05/23- вторник - преп. Наум Охридски ;
 06/24- среда - преп.мч-ца Евгенија; БАДНИК
/Царски часови и вечерна со Василиева Литургија, почеток наутро во 08ч. /
07/25-четврток-РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО
/Бдение : утринска со Злат.Литургија почеток ноќта во 00ч.05м./
08/26-петок- Собор на Пресвета Богородица;
09/27-сабота-Св. Архиѓакон и првомаченик Стефан;

10/28-недела-св. 20000мч-ци во Нокомидија;
14/01 -четврток- Обрезание Господово;св.Василиј Велики;
Нова Година /Бдение: утринска со Вас. Лит. почеток ноќта 00ч.05м. /
17/04 - недела - Собир на 70_те апостоли; преп. Теоктист;
18/05-понеделник-св.мч-ци Теопемпт и Теона;ВОДОКРСТ
/Царски часови и вечерна со Василиева Литургија, почеток наутро во 08ч/
19/06- вторник-БОГОЈАВЛЕНИЕ -Водици;
20/07-среда- Собир на св. Јован Крстител;

24/11 - недела -за митарот и фарисејот -преп. Теодосиј Велики; блажен Михаил јуродиви;
28/15-четврток-св. Гаврил Лесновски; св. Павле Тивејски;

31/18-недела -за блудниот син- св. Атанасиј Велики и св. Кирил Александриски;
Напомена: Во наведениве денови утринските богослужби започнуваат во 07.30ч., Божествената Литургија во 08.30ч., со исклуок на празниците за кои е наведено во самиот распоред.

ХРИСТОС СЕ РОДИ!Благодата Божја со сите вас, мир добра волја и здравје во ова од Бога благословено лето 2010то, и за многу години амин!

Од свештенослужителот при храмот о. Горан Тасески тел.  075 484 236  075 484 236

                                                                                             и 

078 213 043  078 213 043

 

Друго:

РАЗРЕШУВАЊЕ ОД ПОСТ ПРЕКУ ЦЕЛА ГОДИНА

pravila.post.jpg

 

Ако Божик и Богојавление паднат во среда или петок на монасите им се допушта сирење и јајца, а на мирјаните се (и месо). Ако се случи мала Богородица, Сретение Господово и Голема Богородица да паднат во среда или петок, допуштено е да се јаде риба, масло и вино. На Преображение и Воведение (Пречиста), во кој било ден да паднат, се допушта вино, масло и риба. Во кој било ден да падне Благовештение до Врбица (Цветници), се допушта риба и масло. Ако Благовештение падне во Страсната седмица до Велики Четврток, се допушта само масло и вино, а ако падне на Велики Петок, се допушта само вино.

Петровден, Иванден и свети Јован Богослов ако паднат во среда или петок, се допушта вино, масло и риба. Дванаесет дена по Рождество Христово, една недела пред месопусната седмица, светлата седмица (седмицата по Воскресението), на монасите им се допушта сирење и јајца, а на мирјаните и месо. Првата седмица по Духовден допуштено е, исто така, на монасите сирење и јајца, а на мирјаните и месо. Од Воскресение до Духовден во среда и петок допуштено е да се јаде масло и вино.

 

 

Постот се ублажува уште и во следниве денови, ако паднат во среда или петок, или во време на пост:

 

pravila.post10.jpg  

pravila.post1.jpg

Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички

 

sv.gavril.lesnovski.jpg