логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Скопје, Македонија - Издавачкиот центар „Три“ завчера во Културно-информативниот центар го претстави зборникот со егзегетски беседи под наслов „Каскади“ на митрополитот американско-канадски Методиј Златанов.
Зборникот „Каскади“ го претставија монахињата Синклитикија и Дарко Петровски.
На промоцијата своја изведба имаше и хорот “Иоан Хармосин“ од Скопје, при храмот Св. Георгиј – Кривидол, чиишто членови како и многумина од присутните беа живи сведоци на создавањето на овие слова и први слушатели на егзегетските беседи на отец Методиј.

Почитувани гости, возљубени отци, драги пријатели, браќа и сестри,

Добра вечер и добредојдовте на промоцијата на книгата егзегетски беседи на Неговото Високопреосвештенство г. Методиј – Каскади. Најпрво, сакам со вас да ја споделам огромната радост и неизмерната среќа што сега имаме можност живите зборови на ава Методиј да ги имаме покрај себе, при рака, во нашите соби, на нашата полица, во патната торба, конечно – во нашите срца. Но, сакам да ја споделам и честа и задоволството што го имам да зборувам за овие беседи и да се обидам да пренесам барем малку од духот кој провејува во овој зборник. Особено, пак, што ја имав таа среќа – како и многумина од вас тука присутни – да бидам сведок на настанокот на овие слова и прв слушател.

Би сакал накратко да се задржам на еден исклучително важен аспект во оваа книга. Во овие беседнички слова – изречени за време на неделните и празничните служби во храмот посветен на Св. Ѓорѓи во Кривидол, ава Методиј се осврнува на сите димензии на христијанскиот живот: цврстината на верата, истрајноста во подвигот, улогата на покајанието, литургискиот живот, педагогијата на љубовта и милосрдието, достоинството на човекот како род избран, свет народ, царско свештенство, блаженствата – како најава на идното Незалезно Царство итн. Во сите нив се проткајува насушната потреба на христијаните – од постојано исчитување на Светото писмо, затоа што единствено така ние христијаните благодатно учествуваме во историските, но многу повеќе и надисториски настани од Стариот и Новиот Завет, прифаќајќи го на тој начин – етосот на секогаш-обновувачкото благочестие на нашиот живот со и во Бога.

Многу често наидуваме на противречности и нејаснотии, бидејќи според степенот на нашиот духовен раст – почнуваме да ги откриваме и насетуваме длабоките вистини на Христовата наука. Токму беседите на ава Методиј – ни помагаат да ги разбереме, сфатиме и прифатиме во нашите животи овие новооткриени тајни. Еден од столбовите на тоа познание, секако е ЉУБОВТА и тоа САМОЖРТВЕНАТА ЉУБОВ – која е: долготрпелива, полна добрина, не завидува, не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не го бара своето, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина радува, сè извинува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува (1Кор.13.4-7). Токму затоа и ава Методиј не поучува и советува: Зашто ако сме во љубовта Божја, ако во милоста Му се уподобуваме на Бога, тогаш нашата љубов и нашата милост нема да бидат само доволни за она што денес ни е потребно, туку тие изобилно ќе раѓаат и нова милост и нова љубов со која ќе можеме и понатаму да живееме давајќи се, т.е. раздавајќи се во името на живиот Бог. (Каскади, 45)

Ви благодарам.
(Дарко Петровски)

  

  

Почитувани присутни, браќа и сестри, богољупци!

Велат дека писмото и говорот се вистинско чудо, затоа што преку нив станува видлива нашата душа. Јазикот ја создава беседата, а беседата е врвот на совршеното во душата. И како што е заблуда дека писанијата ги пишува рака затоа што срцето пишува а не раката, така и јазикот не ја глаголи беседата туку тоа го прави душата.

Краснословието и мудрословието на беседите не се само празна игра со зборови, односно празнословие. Тие се мед што душата ги дава во мали капки, откако испила чаши и чаши пелин, искушенија и подвизување низ страдања. За беседа не е способен секој. За говор речиси сите луѓе.

И како што вели Св. Исаак Сирин: само оној што се нурнал во молчание може да роди слово што е одзив на првоначалното Слово. Беседата е глас што тихува и колку е потивок, толку повеќе кажува. Беседите на Неговото високопреосвештенство Митрополитот Американско-Канадски, Г-дин Методиј, во книгата што ја промовираме, се доказ дека душата станува видлива преку капките мед на беседата.

Неговите беседи кои се потпираат на традиционалното теолошко орудие - егзегезата, редовно толкуваат некој фрагмент или парабола од Светото писмо. Но, обичните световни толкувања се разликуваат од толкувањата во книгата, затоа што овие во книгата се толкувања од личен духовен опит. Тоа значи, алегориите и параболите се оживеани со опитот на сопствената душа, облагородена од личниот подвиг и воздигнување. При егзегезата Отец Методиј внесува светлина во нејасните или двосмислени делови од Светото Писмо и со личен дах ги оживува. Не е сеедно кој ќе толкува фрагменти од Светото Писмо, затоа што Светото Писмо е книга - планина во чие толкување секој се искачува до онаа височина која му е дадена од чистотата на сопствената душа.

Егзегетските беседи поставуваат многу повеќе прашања одошто даваат одговори. Знаењето е суетно и мисли дека го знае одговорот. Верата пак поставува прашања преку кои дава одговори и никогаш не се возгордува тврдејќи дека точно го отклучила текстот. Затоа овие беседи даваат топлина а не само светлина и од една беседа како и од една свеќа можат да се извлечат уште десетина, без притоа пламенот да се смали. Кога се дели љубовта кон Христа со ближниот, како што е случај во овие беседи, тоа е исто како од една свеќа да се запалат стотина, а пламенот да не се смали, туку да се умножи.

На едно место на пример, отец Методиј толкува едно од најпознатите евангелски четива. Станува збор за чудото - одење по вода. Петар тргнал кон Господа сакајќи да го направи истото, но се исплашил од брановите и почнал да тоне. Господ му ја подал раката и му се обратил со зборот МАЛОВЕРНИКУ. Овој збор е средиштето на егзегезата на отец Методиј. Тој го толкува изборот токму на тој збор, на ваков начин: “Овој страв што го беше опфатил Петра нема никаква врска со стравот Божји. Овој страв беше обичен човечки страв поттикнат од инстинктот за самоодржување, маловерен страв на човек кој буквално го губи цврстото тло под нозете, кој ја губи верата во Бога. Коренот на овој втор страв за кого зборува евангелскиот текст е СОМНЕЖОТ. Недовербата во себе, недовербата во светот и неговите законитости, и конечно недовербата во Бога”.
Сомнежот е отров кој ја разјадува душата онака како што молецот ја разјадува ткаенината што го родила. Сомнежот е дете на разумот, а кон Христа се стремиме не со разум, туку со очистено срце и душа.

Од каде го знае сето ова отец Методиј?  Од каде ако не од свој личен опит, покрај од книгите. Чудата се чуда за оние кои не веруваат; за оние кои веруваат чудата се знак на Божја наколентост и спасение. Така ги чита и ги толкува возвишената и подвизничка душа на отец Методиј клучните места од Светото писмо.

И на крајот, има ли поголемо чудо од самата беседа? Има ли поголемо чудо со слово да се посведочи невидливото, оти Он е невидлив само затоа што е насекаде и во се постои. Невидлив е затоа што е голем, а ние мали. Словата и беседите се Негов глас, кој одвреме навреме ни ги зајми и ни се јавува низ устите и душите на оние кои ја заслужиле Неговата милост. Како што е тоа случај со беседите на отец Методиј.

(промотивното слово на монахиња Синклитикија)

Извор: http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=801&Itemid=2

Посети: {moshits}

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

04/05/2026 - понеделник

Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него; Светиот маченик Теодор и другите со него;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная