Во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, во Петок од Светлата седмица, кога Православна црква го прослави празникот Балаклија, во чест на чудата кои се случувале на изворот кој се наоѓал покрај храмот „Животоносен источник“ во Цариград, посветен на Пресвета Богородица, свештеникот Ангел Сердарски отслужи Божествена Литургија.Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.