логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

image

Богојавление - Водици

image
Богојавление - Водици Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света Литургија во соборниот храм св.Кирил и Методиј-Тетово.Верниот многуброен народ се причести со Светите Тајни.По Литургијата во дворот на храмот во Тетово беше извршен голем Богојавленски водосвет .

Митрополитот се обрати кон верниот народ со своја беседа кој меѓу другото нагласи:Браќа и сестри од преголема љубов кон човечкиот род и со желба да го спаси од гревот и смртта, Сèмилостивиот Бог, на Предвечниот совет на Светата Троица, благоволил Второто Лице од Светата Троица да се воплоти и роди од света Дева Марија. Така, Синот Божји, Господ Исус Христос, се овоплотува во утробата на света Дева Марија и постанува човек во сè сличен на нас, освен во гревот.И ние денеска, наоѓајќи се во овој свет храм овде во Тетово,на овој голем празник Богојавление, со покајни солзи да ги измиеме нашите престапи, грешки и гревови, и така очистени од секакви духовни нечистотии, да измолиме милост Божја. Милоста Божја да слезе врз нас. Да ни го осветли патот и да ни го просвети  умот за да може да одиме по Христа. И така, живеејќи во Христа да спечалиме живот вечен и царство небесно. Амин!

 image

 image

 image

 

http://tge.mk/product/bogojavlenie-voditsi-2

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (26.03.2023)

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (26.03.2023)

Бог не ги тера со сила луѓето да го земат крстот, но ги повикува доброволно да Го следат Него. Не е лесно да се земе крстот на страдањето, но Он...

о. Горан Стојчевски: Дија(ш)лог

о. Горан Стојчевски: Дија(ш)лог

Во Христа не се укинуваат разликите туку во Него стануваат сите едно без да се мешаат. "Но не се молам само за нив, туку и за оние, што по нивните...

Поука на денот (18.03.2023)

Поука на денот (18.03.2023)

Зoштo нeкoи дoбрo oбразoвани луѓe и крстeни какo христијани oтпаѓаат oд христијанствoтo и паѓаат на филoзoфијата и на научнитe тeoрии, какo на нeштo пoвистинскo oд христијанствoтo? Oд двe главни причини:...

БEСEДА  за Христoвитe дeла

БEСEДА за Христoвитe дeла

Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка...

† БЕСЕДА ВО ВТОРА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ(12.03.2023)

† БЕСЕДА ВО ВТОРА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ(12.03.2023)

  Ослободувањето од гревот е ослободување од најстрашната болест, затоа што физичката болест е возможна само во физичкиот свет, а гревот е болест која ја разрушува душата, ја заразува со...

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

Но светиот Григориј имајќи го опитот на аскетите на Света Гора и на сите свети Отци на Црквата ни, се спротистави на оваа прелест, на рационализмот на западниот Варлаам, со...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на православната вера (05.03.2023)

Митрополит Струмички Наум: Недела на православната вера (05.03.2023)

Согласно опитот на сите Светии, единствен темел на вистинскиот духовен живот е вистинската вера. Вистинската вера го соединува човекот со Бог. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено значи и...

Александар Несторовски:НЕДЕЛА СИРОПУСНА / СВ. АП-ЛИ АКИЛА И ПРИСКИЛА 26/02/2023

Александар Несторовски:НЕДЕЛА СИРОПУСНА / СВ. АП-ЛИ АКИЛА И ПРИСКИЛА 26/02/2023

Со зборовите за покајание Господ ја започна својата наука, а со зборовите на простување ја заврши. Покајанието е семе, простувањето е плод. Никакво покајание нема вредност без простување. Да не...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

« »