Премин Портал

Кожувчанка

Нови  писма од Груевски до Метју НИМИЦ и  до  БАН КИ-МУН

И МПЦ во пакет со името

Премиерот Никола Груевски испратил ново писмо до посредникот Метју Нимиц, во кое бара дел од пакетот решенија да биде и грчко признавање на Македонската православна црква.


Македонија ќе се обиде во евентуалното решавање на спорот за името да го вклучи и решавањето на црковниот спор што Македонската православна црква го има со Грчката православна црква.   Премиерот Никола Груевски, како што дознаваме од дипломатски извори, испратил ново писмо до посредникот Метју Нимиц, чија содржина главно е посветена на односите ГПЦ-МПЦ и во кое бара дел од пакетот решенија да биде и признавање на македонската црква. По отворањето на прашањето за македонското малцинство, писмото е вметнување на уште една тема како дел од разговорите за името.„Ве молам, ако е можно, да го вклучите ова прашање во Вашите обиди за решавање на спорот со нашето уставно име, а од неодамна обременето и со повеќе други отворени прашања, и ако Вашите напори резултираат со успех, а имајќи предвид дека покрај името постои расположение од Ваша страна да решите и повеќе други отворени прашања помеѓу Република Македонија и Република Грција, ова прашање да го вброите во редот на нашите приоритети“, му пишува Груевски на Нимиц.Тој во писмото му излага на посредникот подолга елаборација и историјат на црковниот спор што МПЦ го има со дел од православните цркви, главно со српската и со грчката црква, притоа нагласувајќи ја нивната блискост и солидарност. „По долги дискусии и преговори, според информациите што ги добив од МПЦ, се констатира дека корените на проблемот лежат повторно во спорот што го наметна Грција и е поврзан со нашето уставно име. Имено, Српската православна црква (СПЦ) меѓу другото е солидаризирана со ГПЦ, бидејќи значаен дел од Синодот на СПЦ се образовани и долго време поминале во црквите и манастирите во Грција, каде што стипендирани од фондовите на ГПЦ до денес останале под нивно силно влијание па поради нивното дејствување од умерената струја на епископи се наречени грчко крило“, објаснува Груевски.

Во образложението зошто му пишува вакво писмо, македонскиот премиер вели дека писмото никогаш не би го напишал ако црквата и државата и во Грција беа одвоени како што е во Македонија и во повеќето европски земји. Но, според Груевски, кај нашиот јужен сосед постои „силна спрега“ помеѓу црквата и државата.„Убеден во Вашите искрени напори да му помогнете на регионот и во обидите на ООН да најде решение за повеќегодишниот спор, нагласувам дека прашањето поврзано со црквите го отворам исклучиво поради односот на грчките власти и ГПЦ, кој е далеку поблизок, посоработувачки и со значително поголемо влијание отколку во која било друга држава во ЕУ и во НАТО, со почитување на правото на секоја држава да си го уредува внатрешниот систем. Само во таков контекст и само во таква рамка Ве молам да го разберете отворањето на ова исклучително сензибилно, но и важно прашање за Република Македонија.“

Вчера во Владата не сакаа да го коментираат последното писмо што премиерот му го испратил на Нимиц. Оттаму само кусо изјавуваат дека се надеваат оти Нимиц ќе ги земе предвид барањата и приоритетите на Македонија во потрагата на компромисно решение за спорот.Освен до Нимиц, Груевски во текот на минатата недела испратил и ново писмо до Бан Ки-мун во кое го известува за прекршувањето на Приремената спогодба од Грција со ветото во Букурешт и за „чекорите на Атина во последните неколку месеци поврзани со прекинување и отежнување на економските врски, протокот на стоки, луѓе, забавувањето и оневозможување на транспортот, отежнувањето на културната соработка, како и загрозувањето на личната безбедност на македонски граѓани во Грција“.

Да се преименува солунскиот аеродром

Како што „Дневник“ веќе пишуваше, Македонија побарала од Грција да го преиспита преименувањето на солунскиот аеродром „Микра“ во „Македонија“. Потврда за ваквите информации е последното писмо на Груевски до Нимиц, во кое се вели:„Би сакал да нагласам дека не се чувствуваме пријатно кога илјадници туристи со збунетост прашуваат зошто името на нашата држава, нашиот сосед го користи за име на аеродромот во Солун. Оттука, Ве молам уште еднаш, имајќи предвид дека со последната Ваша идеја покажавте амбиција, покрај прашањето за името, да отворите и повеќе други прашања вклучувајќи го и името на нашиот аеродром ‘Александар Велики’, да го вклучите и ова важно прашање“.

Сашо Кокаланов-Дневник

Посети: {moshits} 


 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најнови вести

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов  5 ноември/23 октомври  2026

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 5 ноември/23 октомври 2026

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше...

 Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври  2026

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври 2026

Бoг му гo пoкажал мeстoтo кадe ќe сe пoдвизува. Тoа мeстo билo eдна пoлјанка крај рeката Пчиња. Oвдe св. Прoхoр...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная