логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Денес напладне, во Претседателската резиденција на Водно, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата" на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител", по повод 1000-годишнината од неговото основање. На свеченоста свое обраќање имаа македонскиот претседател Пендаровски и старецот и игумен Епископот г. Партениј, а настапи и бигорскиот монашки хор.

3.angeli.so.truba

„По повод 1000 годишното постоење, Бигорски Манастир Св. Јован Крстител
го одликував со Орден за заслуги за Република Северна Македонија за зачувувањето и за продолжувањето на илјадагодишната традиција и за придонесот во негувањето на духовното и на културно-историското наследство, за грижата за уметничките реткости и за постојаните социјални и хуманитарни активности. Бигорскиот манастир со својата жива духовна и културна мисија и ангажман е едно од нашите најголеми духовни светилишта, кое низ вековите, и денес, во континуитет претставува извор на писменост, на култура и уметност", изјави во своето обраќање претседателот.

Епископот Партениј, игуменот на Бигорскиот Манастир потенцираше дека е значајно што орденот се доделува во време на духовна морална ерозија, кога искуството на предците до крајност е занемарено.

„Бигорски Манастир како место на постојана молитва и патоказ за духовна генерација испраќа силна порака во нашето општество за тоа дека калта на овој свет не може да го засени блесокот на златото (севкупното христијанско наследство и Светото православно предание), што ја одразува светлината на Божјата убавина на благородството и на љубовта", кажа во своето обраќање епископот г. Партениј.

3.angeli.so.truba

На свеченоста присуствуваше и г-ѓа Елена Пандева, долгогодишен пријател и поддржувач на Бигорскиот Манастир и на братството и сестринството. Со свои искрени честитки и желба за продолжување на благородната мисија на манастирот, таа упати топла порака до Светата Бигорска Обител.

„1000 години Св.Јован Бигорски, 1000 години љубов, верба и работа. Отец Партениј со братството и сестринството, вечни да сте! Бесконечна светлина на патот до нашиот Господ сте... Ве сакаме".

3.angeli.so.truba

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година од страна на јеромонахот Иларион, кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.
Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква, која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.

 3.angeli.so.truba

Најубавиот украс во црквата и она по што е најпознат овој храм е прекрасниот и единствен од ваков вид во православието иконостас, врвно дело на мијачките копаничари, кои по својата вештина на обработка на дрвото останале ненадминати и до ден-денес. Тоа се прочуените Петре Филиповски – Гарката од село Гари и Макариј Фрчковски од Галичник. Тие ова монументално дело го завршиле за зачудувачки кратко време, од 1830 до 1835 година.

Централната прослава за обележување на милениумскиот јубилеј ќе се одржи в недела во Бигорскиот Манастир.

 

Скопје, 15ти октомври 2020 г.

Извор: https://fashionel.mk/kultura/pretsedatelot-pendarovski-go-odlikuvashe-bigorski-manastir-so-orden-za-zaslugi-po-povod-1000

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Неправедно богатство (03.12.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Неправедно богатство (03.12.2020 )

Што ли тогаш човек, и како, да каже за Богородица и Секогашдева Марија? На несправедливиот слуга, вообичаено, на крајот од животот му текнува дека сѐ е суета и ништавило пред...

 Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )

Тоа го направиле мачениците, тоа го направиле вистинските монаси, тоа го направиле сите свети.Во очите на светот тоа изгледа како омраза кон татка си и мајка си, жената и децата...

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар...

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

« »