логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 image

 Cесловенските просветители св. Кирил и Методиј

На 24.05.2020 на празникот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј во соборниот храм на Тетово посветен во нивни спомен,надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф со свештенсвото од Тетовското намесништво богослужеше света Литургија. По Литургијата беа благословени кумските лебови.На крајот од Литургијата Митрополитот г. Јосиф пред верниот народ се обрати со пригодна беседа.

image

 image

 image

 image

 image

 

 

 imageг. Јосиф, митрополит Тетовско-гостиварски

„Верувам, Господи“ [1]

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Верувам, Господи“

 (Јован 9,38)

Драги браќа и сестри,

Во оваа петта недела по Христовото воскресение позната како Недела на слепиот, со голема молитвена радост се собравме во овој соборен храм, соборно да го прославиме сечесниот спомен на големите македонски и сесловенски просветители и учители, солунските браќа, рамноапостолите свети, Кирил и Методиј и на тој начин и оваа година достоинствено и торжествено да го прославиме црковно-државниот празник, како и храмовата слава на овој храм подигнат во чест на денешните наши светители, кои со своето рамноапостолско дело и со својата проповед ги евангелизирале словенските народи, кои како слепиот човек од денешното евангелие биле духовно ослепени и непросветлени од Христовата светлина.

Најнапред да Му заблагодариме на Бога што ете и оваа година покрај сите искушенија, Бог нѐ удостои да се собереме во овој наш централен храм, храм во кој по молитвите на светите просветители духовно се просветлија и просветлуваат многу генерации тетовчани. Стоејќи денес пред сите вас и знаејќи дека од овој амвон многу пати сме зборувале за животот и делото на светите браќа и токму затоа претпоставувајќи и верувајќи дека нивните житија ви се познати, овој пат сакам да позборуваме повеќе за значењето на нивното дело, за живеењето според нивната проповед, за денешната евангелизација и за потребата од духовно просветлување на современиот човек.

Почитувани,

Живеме во свет, каде по налетот и влијанието на светските искушенија, на брзиот начин на живеење, на технолошкиот развој, постепено не само што се отуѓуваме од ближните, туку се отуѓуваме и од духовниот дом, од Светата Црква, каде духовно се родивме, и многумина наши браќа и сестри, започнуваат, нажалост, да живеат еден живот надвор од Христа и евангелието, на тој начин постепено губејќи ја верата во својот Создател – Троичниот Бог. Со неколку зборови кажано живееме во време на духовно слепило. Слепи сме за гревовите, слепи сме за убавината на светот, слепи сме за другиот. Живееме само за себе си. Живеејќи во едно вакво време, како никогаш до сега, ние верните треба да се свртиме кон евангелските вредности, кои ги посеаја на ова македонско парче земја светите Кирил и Методиј.

Во време на духовно слепило околу нас, ние верните сме тие кои сме повикани по примерот на светите браќа Кирил и Методиј, да се бориме против злото и суетата на светот, продолжувајќи го нивното спасоносно дело на верата, кое ни го оставиле нам и на сите христијани во наследство. Тие, како беспрекорни проповедници и мисионери со својот живот и дело ни оставиле големо завештание, ни трасирале беспрекорен пат по кој со вера, надеж и љубов и ние православните македонци и македонки треба да чекориме кон прегратките на нашиот воскреснат Господ, Спасителот наш Исус Христос.

Затоа како православни верници, треба да знаеме дека ние сме немале поголеми учители во верата од нашите просветители, но ако го знаеме тоа треба и да го продолжиме нивното дело, како што тие го продолжија Павловото апостолско дело и така позитивно одговориле на Христовиот вечен повик: „Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“ (Матеј 28,19). Светите браќа несомнено живееле со овие зборови. Имајќи го како пример за следење светиот апостол Павле, кој го донел христијанството во нашата земја Македонија, но пред сѐ Првообразот, Самиот Исус Христос, „Началникот и Завршителот на верата“ (сп. Евр. 12,2), тие без двоумење целиот свој живот го поминале во мисија за ширење на христијанското слово, најнапред во нашата земја, а потоа и помеѓу Словените, кои со многу труд „ги изведоа од многу мрачното ѓаволско море... и наоружани со вистинска вера, со силата на крстот и со помошта на перото и разбирливиот збор“ успеале да ги воведат во христијанската вера и да ги просветлат оние кои во тонеле во мракот на гревот и незнаењето.

Заради сета таа света дејност нашата земја и нашиот македонски народ, следејќи го нивното свето дело, овој празник го прославува како и државен празник, како Ден на сесловенската писменост. Во овие празнични мигови за нашиот народ сакам да упатам една порака: Да празнуваме, така што ќе го продолжиме нивното дело. А ќе го продолжиме нивното дело, само ако духовно се просветлуваме себеси и сите околу нас. Духовното просветлување и будење да ни е на прво место, бидејќи во овa време тоа ни е најпотребно – ако сакаме да опстоиме како народ. Затоа апелирам да го започнеме тој процес што поскоро, пред тоа да биде прекасно. Да започнеме со преиспитување на своите дела и со покајние, со ширење на љубов и со живот исполнет со надеж и вера во Бога.

Возљубени,

Славејќи го Христовото чудо над слепородениот и светиот спомен на овие два наши ангели Божји – Кирил и Методиј, кои се удостоиле преку своето рамноапостолно дело да застанат пред Христа Воскреснатиот, нам верните и не ни останува ништо друго, освен да го продолжиме нивното дело, нивната проповед за Христа, Кој и нас духовно ослепените, кои со вера и покајание му приоѓаме како и слепиот од денешното евангелие духовно нѐ прогледува за да и ние просветлени речеме: „Верувам, Господи“ (Јован 9,38) и таа вера како и нашите учители Кирила и Методија да ја сведочиме пред целиот свет, сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Нека ни е честит црковно-државниот празник на светите солунски браќа Кирил и Методиј, нека ни е вечна храмовата слава и вечно име на сите, кои ги носат имињата на овие две наши светила, кои ни го осветлуваат вистинскиот пат кон Царството небесното царство!

За многу години!

https://tge.mk/tekstovi/veruvam-gospodi

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

« »