логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  3.angeli.so.truba

Скопје, 22ри мај  2020 г.- храм Рождество на Пресвета Богородица

 3.angeli.so.truba

sv.Arsenij.jpg

Светиот апостол и евангелист Јован  

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

Кoи мисли сe лoши? Ситe oниe кoи дoаѓаат спрoтивнo на закoнoт Бoжји, на слoвoтo Бoжјo. Лoшитe мисли сe самoвoлeн чoвeчки закoн, кoј чoвeкoт самиoт на сeбe си гo припишува и пoкрај и прoтив закoнoт Бoжји. Акo ли, пак, чoвeкoт e цврстo рeшeн да сe придржува кoн
закoнoт Бoжји, лoшитe мисли тoгаш сe нeмoќни какo сeнки штo брзo сe пoјавуваат, нo, истoтака, и брзo исчeзнуваат. Тoгаш чoвeкoт e гoспoдар над свoитe мисли, бидeјќи гo чувствува Бoга какo гoспoдар над сeбe. Тoгаш закoнoт Бoжји e закoн, а лoшитe чoвeчки мисли сe ништo.
Eтe, ќe испратам прoтив oвoј нарoд пoгибeл, гoвoри Гoспoд. Каква пoгибeл? Плoд на нивнитe мисли. Oднoснo, јас ќe дoзвoлам самo да гo oжнeат oна штo гo пoсeалe и oдглeдалe, бидeјќи злoтo ниту e Мoe сeмe, ниту e Мoја жeтва. Злoтo штo јас ќe гo испратам на бeззакoнитe луѓe e плoд на нивнитe мисли. Спoрeд свoитe мисли тиe трeбалo да прoцeнат каквo злo ќe ги снајдe какo штo сeјачoт спoрeд сeмeтo прoцeнува штo ќe мoжe да жнee. (Пролог)

 3.angeli.so.truba

 На 22ри мај .2020 година, во петата недела на Воскресение (на Самарјанката), кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува споменот на  Светиот апостол и евангелист Јован,  свештеникот Борислав Лазов во солужение на  ѓаконот Благоја Ристевски, отслужи  Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.На светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba 

  3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 По Литургијата

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 По Литургијата старешината на храмот протоереј ставрофор Трајче Петковски, откако отслужи Мал петочен водосвет,

ја прочита Молитвата против коронавирусот

од Романскиот патријарх Даниил:

Господи, Боже наш, Кој си богат во милосрдието и со Твојата мудра промисла раководиш со нашиот живот, услиши ја нашата молитва, прими го покајанието за нашите гревови, прекини ја новата заразна болест (новата епидемија), како што си го запрел страдањето на Твојот народ во времето на цар Давид. Ти Кој си лекар на нашите души и тела, дарувај им оздравување на болните, брзо подигнувајќи ги од леглото на страдањето, за да Те прослават Тебе, нашиот Милостив Спасител, а здравите, пак, заштити ги од која било болест.

Со твојата благодат, Господи, благослови ги, укрепи ги и заштити ги, сите оние што човекољубиво и пожртвувано се грижат за болните во нивните домови или во болниците. Изгони ги сите болести и страдања меѓу луѓето и научи нè да го цениме животот и здравјето како Твои дарови. Твојот мир дарувај ни го Боже и исполни ги нашите срца со силна вера во Твојата заштита, со надеж во Твојата поткрепа и со љубов кон Тебе и кон ближниот. Зашто Твое е да нè милуваш и спасуваш, Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.“

.(Романскиор патријарх Даниил)

 3.angeli.so.truba

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

 

7.Vselenski.sobor

Божествена Литургија во храмот Рождествона Пресвета Богородица, Скопје (03.11.2019)

Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (15.12.2019)

Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (20.09.2019)

Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (09.06.2019)

Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (26.10.2015)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

« »