логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 krstopoklona2020 1

„Денес се исполни пророчкото слово, зашто, ете, се поклонуваме на местото каде што стоеја нозете Твои, Господи: и, откако од дрвото на спасението вкусивме, од гревовните страсти слобода примивме, по молитвите на Богородица, единствен Човекољупче“ (богородичен на стихири за време поклонување на чесниот Крст, на Утрена на Крстопоклона недела“.

 krstopoklona2020 2

krstopoklona2020 4

krstopoklona2020 5

На 22.03.2020 година, во параклисот „Св. Кирил и Методиј“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Некатариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред започнувањето на Литургијата, беше изнесен светиот Крст, а по завршетокот на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј упати молитва кон Семилостивиот Бог, Он, со Неговата милост и милосрдие, да се смилува на нас, и да ја отстрани опасноста од опасниот вирус што ја зафати нашата земја, како и целиот свет, и да ги заштити болните и сите луѓе од оваа опасна наезда. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата од Митрополитот Тимотеј.

 krstopoklona2020 11

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

krstopoklona2020 10
Еве драги верници, денеска ја прославуваме третата недела од Велигденскиот пост. Денес за утврдување на нашата вера и зацврстување на нашите духовни сили на сред црква го изнесуваме светиот крст за поклонување и целивање од верните. Нашата света Црква не ги остава без духовна поддршка своите верни чеда во стремежот да го изодат крстниот пат на нашиот Спасител и достојно да го поминат периодот на постот и покајание. Да се поклониме на крстот Господов и побожно да паднеме пред дрвото на спасението на човечкиот род. Крстот Господов е животворен крст Христов и извор на вечен живот и вруток на нашето спасение. Како што е пријатно за испотен патник да дојде во некоја ладовина со студена вода, така и за нас кои се подвизуваме во овие денови на Велигденските пости е благодатно да се поклониме на вечномирисното дрво на нашето спасение. Да се поткрепиме со спасителните плодови на премудроста и избавувањето.


Што значи за нас крстот, што ние така умилно денеска му се поклонуваме во светата Црква? Ете, тој стои пред нашиот поглед и Господ наш Исус Христос нѐ привлекува кон Себе, зашто Тој заради нашите гревови ги рашири своите раце и нѐ прегрнува за да нѐ избави од секакви злоби, пакости и страдања. Но, еве како човечкиот род Му возвраќа на својот Создател и Спасител! Распнатиот Господ и понатака вика кон сите нас: не грешете и не Ме распнувајте повторно! Какви поуки ни дава Синот Божји, стоејќи во подножјето на Својот крст? Христос нѐ поучува да ги простиме сите навреди, да не се осудуваме, туку да ги сакаме не само ближните, туку и нашите непријатели. Сам Господ Христос пред Неговото страдање се моли за своите убијци: „прости им, Оче, зашто не знаат што прават" (Лк. 23, 34).


Крстот Господов е симбол на нашето страдање заради нашите престапи и гревови. Но, тој исто така е и наша надеж за победа над сите страдања и искушенија, кои ги победуваме само преку Христа. Без крстот не можеме да бидеме учесници ниту во славното Христово воскресение. Ете затоа со побожност и трепет денеска се поклонуваме на крстот Господов. Преку него да отстраниме од себе секаква гордост и секоја друга лоша работа, па така да се избавиме од сите искушенија. Во нашиот живот нѐ снаоѓаат многу маки и искушенија. Но, во сите нив нѐ утврдува крстот Господов, давајќи ни неискажлива поткрепа.


Крстот Господов ни открива нови духовни сили. Светата Црква знае дека времето на постот е исполнето со усилби и трудови, кои можат да ослабнат, а со тоа и да ја намалат спремноста за духовното совршенство. Поклонувајќи се на Христовиот крст и спомнувајќи си за страдањата на Господа ние добиваме поткрепа и се вдахновуваме за да продолжиме на патот кон духовниот подвиг и усовршување. Да припаднеме кон драгоценото дрво и да се поклониме на него, па радосно да го воспееме и славното Христово воскресение. Амин.

krstopoklona2020 6

krstopoklona2020 8

krstopoklona2020 9

krstopoklona2020 12

Крстопоклона недела
храм „Св. Кирил и Методиј“ - ман. „Св. Наум Охридски“, Охрид
22.03.2020 год.

Извор:

 http://www.dke.org.mk/index.php/3254-2020-03-22-17-36-24

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »