логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

Скопје, 13.03.2020 год.- Соборен храм Св.Климент Охридски (17ч.)

  3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

На 13. 03. 2020 година, во Втората недела од Великиот пост, во Соборен храм  во Скопје, отец Зоран Копчаревски во сослужение на о.Сашо Николовски и о.Бранислав Стојанчов, отслужи  Мало повечерие со читање на втората статија од Акатистот кон Пресвета Богородица

 КОНДАК 3
Силата на Севишниот
за зачнување Ја осени Неискусобрачната,
и плодната утроба Нејзина
нива беспрекорна стана
за оние што спасение сакаат да жнеат,
пеејќи непрестајно:
Алилуја!

3.angeli.so.truba

ИКОС 3
Имајќи Дева утроба Богоисполнета
при Елисавета поита; а младенецот Елисаветин,
познавајќи го поздравот Нејзин се зарадува,
и со игра како низ песна
на Богородица • воскликна:
Радувај се,
лозо со Ластар несовенлив.
Радувај се,
на плод бесмртен стекнување.
Радувај се,
Сотворителке на Творецот човекољубив.
Радувај се,
Ти, Која Насадителот на нашиот живот го роди.
Радувај се,
ниво која обилниот плод на штедроста Го раснеш.
Радувај се,
Трпезо Која обилно очистување носиш.
Радувај се,
зашто рајската сладост ја расцутуваш.

3.angeli.so.truba

Радувај се,
на душите пристан им приготвуваш.
Радувај се,
преслатко молитвено кадење.
Радувај се,
на сиот свет очистување.
Радувај се,
кон смртните Божјо благоволение.
Радувај се,
на смртните кон Бога дерзновение.
Радувај се, Невесто Неневестна!

3.angeli.so.truba

„Поради сите овие натприродни чуда на Пречистата Богомајка, ние го празнуваме овој празник. А го именуваме Акатист, бидејќи таа ноќ сиот народ остана стоејќи за да ја пее химната на Мајката на Словото. Ако при пеење други песни може и да се седи, овие на Божјата Мајка сите простум ги слушаме.
По молитвите на Твојата непобедлива Мајка, Христе Боже наш, избави не и нас од неволјите што не притискаат, и помилуј не како единствен Човекољубец.“ (

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 Преминпортак (к.т.)

 

 Друго:

 

 

 3.angeli.so.truba

„Акатистот се чита во повеќе прилики, а не само во постот. Светогорското предание вели дека Пресвета Богородица им се јавила на повеќе светогорци и им објавила дека, оние кои секој ден ќе го читаат нејзиниот акатист, таа нема да ги остави сами ниту во овој живот, ниту на судот, туку Самата Таа ќе ги закрилува и нема да дозволи да бидат осудени. Затоа во манастирите се чита секој ден заедно со малото повечерие, а верниците го читаат во своите домови, особено во петок, бидејќи празникот „Животворен извор на Пресвета Богородица“ се слави во петок, и акатистите се читаат во петок, па така останал обичај во Црквата, секој петок да читаме акатист на Пресвета Богородица.“(извадок)

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

« »