логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Скопје, 28ми декември 2018- храм на св.Петка, н. Црниче

На 28ми декември  2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :Свети Стефан Исповедник Сурожски;Преподобен Павле во Латра;

Светиот свештеномаченик Елевтериј

vozdvizenie.jpg

 

 

 Старец Софрониј

Единствено што нè привлекува е Христос, Неговата личност. И должни сме да Го живееме Христа како мерило на секое естество, божествено и човечко. Во Христа го имаме својот Бог Создател. Во Христа го имаме примерот, откровението на Планот Божји за човекот. Љубовта Христова секогаш треба да го исполнува нашето срце. Во Бога не живееме со интелектуално размислување. Бог ни се открива преку Своите енергии. Христа го живееме како наш личен живот, а не само надворешно.

 

 

 

 

Во триесеттата  недела по  Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено  го прослави споменот на  свети Стефан Исповедник Сурожски;преподобен Павле во Латра;светиот свештеномаченик Елевтериј, свештеникот Зоран Велковски во сослужение на ѓаконот Мартин Ѓуровски отслужи Божествена Литургија во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Вообичаено, секој петок во овој храм по Литургијата се прави мал петочен водосвет, а денес тоа го направи протаереј Јован Ристовски.

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Лето Господово 2018



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Велика сабота (22.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велика сабота (22.04.2022)

Не можам, смрт, а да не те дочекам со добредојде. Кога и да е тоа. Кога и да ти дозволат. Зашто откако Богочовекот Христос дојде, сѐ од Него е добредојде....

 Митрополит Струмички Наум: Велик петок (21.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велик петок (21.04.2022)

Да внимаваме, некои од Божјите дарови, обично, на самиот почеток не ги препознаваме веднаш како дар – во сите негови димензии, зашто ни се даваат прво како крст. Крстот, пак,...

 Митрополит Струмички Наум:  Велик четврток (20.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велик четврток (20.04.2022)

Што да напише човек за светата Евхаристија (Литургија), а истовремено да не ја открие и содржината на својот живот? Нема разлика помеѓу Евхаристијата и нашиот живот, или ако има –...

Митрополит Струмички Наум: За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица (17.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица (17.04.2022)

Изразувањето на слободната волја, во градење на односот со Бог, е суштински поврзана со лојалноста, верноста. Преку слободно насочената волја кон исполнување на заповедите Божји и градење на личносна заедница...

Прот. Александар Шмеман: Цветници- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

Митрополит Струмички Наум: Лазарова сабота (15.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Лазарова сабота (15.04.2022)

Одговорот на сите овие можни недоумици е дека, всушност, се случува нов квалитет на личносни односи меѓу нив, и тоа не толку поради Христовата љубов кон нив – Неговата љубов...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

 Митрополит Струмички Наум: Благовест (06.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Благовест (06.04.2022)

Сакам да ве потсетам на уште нешто: човекот е создаден бог со самото тоа што на Бог може да му каже „не“. Но, едно е на Бог да Му кажеш...

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (03.04.2022)

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (03.04.2022)

Бог не ги тера со сила луѓето да го земат крстот, но ги повикува доброволно да Го следат Него. Не е лесно да се земе крстот на страдањето, но Он...

« »