логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

01.jpg

Новото Лето Господово и кратка поука за монасите

1/14 јануари 2017 лето Господово

02.jpg

Оној што е невидлив по природа, денес е видлив во тело: Несоздаденото Слово сега раѓано од Чиста Дева се создава. Затоа, заради нас луѓето, како осмодневен младенец според законот се обрежува. Нему, како наш Спасител, да Му се поклониме (Седален на празникот)

03.jpg

04.jpg

 07.jpg
08.jpg
 

Создателот на Вселената, Оној Кој со Своето доаѓање на земјата го облече човечкото тело за да го спаси и обожи, докрај го исполни и Законот што го даде. Еве денес, на осмиот ден од Своето раѓање, Он според Законот доброволно се обрезува и со тоа нов почеток на благодатниот живот ни подарува. Он се покажа како целосен исполнител, а не противник на Законот Божји, а слепите, пак, еврејски старешини, кои се беа нарекле чувари на Законот, Него хулител на Бога Го нарекоа, та според Законот Го осудија и на Крст Го распнаа. Какво смирение Создателот на сите твари ни покажа, каква бездна на човекољубие, какво неискажливо таинство со кое во осмиот ден обрезанието престанува, а со тоа и вечниот живот во осмиот невечерен ден на идниот век ни се изобразува.

За овие чудесни небесни таинства, пак, неботајникот Василиј непрестајно сведочеше, та затоа и неговиот спомен денес Божјата промисла одредила Црквата да го прославува. Оти Црквата ни го подари овој огнен проповедник кој со своите учења прелеста ја согорува, и како цврст бедем и ограда со своите молитви непрестајно ја закрилува.

Двојна, пак, благодат денес во Бигорската и Рајчичката Обител се излеа, заради двојниот спомен што Црквата го прославува. Озарените лица на мноштвото присутни гости во нашите два Манастири силно сведочеа за оваа небесна литургиска посета, а нивните срца од радост воскликнуваа кога устата на нашиот Старец источи поуки, чијашто духовна сладост длабоко ги трогна нивните души. Особено радосен беше мигот кога најмалите и најчисти гости на манастирот пред Старецот и присутните ангелоподобен рецитал изговорија, и на тој начин уште повеќе придонесоа за духовно богатата и торжествена атмосфера.

16.jpg

Поука на Неговото Високопреподобие, за Новото Лето Господово, изговорена во гостинската одаја во Рајчица

Мили мои, да сте сите живи и здрави и нека ни е благословено Новото Лето Господово! И ете, уште на почетокот, ве преколнувам, како што често се поучуваме, да бидете добри во сѐ, послушни и смирени, со љубов полни, а не неодговорни и немарни, зашто во светот сѐ потешко и потешко станува, околу нас сѐ повеќе соблазни има... Затоа, да се трудиме да бидеме силни во верата и неотстапни во подвигот. Оти нас Господ нè повикал на свет апостолски и монашки подвиг. Ние тој свештен повик доброволно сме го прифатиле и сме се определиле да им бидеме светлина на другите...  Не смееме тоа да го заборавиме! Нашата вера треба да им биде пример на другите, а нашата љубов – прибежиште и закрила. Тоа е целта на монахот: да спасува луѓе. А ќе спасуваме, доколку ние самите, првенствено преку послушанието, смирението и молитвата, се трудиме себеси да се спасиме. Тогаш, според поредокот на духовните закони, ќе направиме големо добро и за ближните. Да гледаме што посовесно да го исполнуваме монашкиот призив, монашкиот подвиг. Во спротивно, може да ни се случи нешто многу несакано и погубно. Да не ги пропуштаме безгрижно дури ни најситните нешта, туку да внимаваме на себеси, да бидеме постојано будни, оти Бог тоа од нас го бара. Зашто времето работи против нас и доколку не се трудиме постојано, многу нешта ќе пропуштиме - сѐ ќе замине во неповрат. Оној што го поминува времето во молитва, во послушание, тој ќе ја освои вечноста. А непослушниот ќе остане заробен во канџите на времето и не ќе може да продре во пределите на блажената вечност. Оти, клучот што ја отвора вратата на вечноста е послушанието и смирението; вистински послушниот, оној кој доброволно се поробил себеси заради Бога, полека се ослободува од заробеноста на материјалните нешта и на времето, и сè повеќе ги здобива карактеристиките на вечноста. Како што велат светите отци: послушниот не е можно да умре.

Деца, простете ми и помолете се да бидам подобар следнава година, да можам подобро да ви послужам. Да ја оставам немарноста и неодговорноста, да бидам постојано буден и одговорен. Тоа важи за сите нас: секој нека почнува прво од себеси. Сите страдаме од истата болест: опуштеност и немарност. Го правиме тоа што не го сакаме да го правиме, поради нашите слабости. Но, Божјата благодат е тука да нè поткрепува и чува. Доколку се држиме до послушанието, Божјата благодат никогаш нема да нè остави и нема да бидеме посрамени, сѐ до крајот. Да Му послужиме верно на Бога! А оној што ќе го остави послушанието..., не сакам ни да зборувам за последиците што ќе ги понеси. Деца, ајде да продолжиме цврсто по патот! И Господ ќе ни дава сили поради нашиот труд и искреност, сообразно со големото дело што сме го избирале. Од искуството на Црквата, а и од наше лично искуство знаеме дека подвигот на монасите спасува многу луѓе, затоа треба постојано да се молиме да останеме докрај непосрамени во верата. Да ни даде Господ сили никогаш да не се вртиме наназад, оти нема пострашно дело од тоа монахот да се сврти назад! Ние мораме да мислиме на спасението на сите луѓе. Вие сте сега духовни татковци и духовни мајки. Секој монах е духовен татко, секоја монахиња е духовна мајка. Ќе кажете: „Па не можеме сите да бидеме духовници“. Да, не секој е повикан да биде исповедник и духовен раководител, меѓутоа монасите и монахињите, на некој начин, со самиот свој живот, навистина се духовни татковци и мајки, зашто во нивните животи луѓето гледаат примери за себе. Прво, за роднините сме духовна мајка или духовен татко; тие се надеваат на нашите молитви, се поучуваат од нашиот пример. Потоа, и за оние што ги посетуваат нашите манастири и нè познаваат, а и за сите други на кои монаштвото им е совршен образец за служење на Бога и посветеност. И колку е страшно монахот да се сврти назад кон светот! Веднаш ќе се случат страшни падови, не само за него, туку и за многумина околу него. Како што телесниот родител се труди да не ги соблазнува своите деца и да ги изведе на вистинскиот пат, така и ние духовните татковци и мајки мораме да ги изведеме на духовен пат чедата што Господ ни ги дал. А многу ни дал... Гледам дека многу души гледаат со надеж во нашите Манастири, очите им се вперени во нас. Ние сме им пофалба, сфаќате? Не смееме да ги изневериме! Треба да ги изведеме на вистинскиот пат. Затоа, деца мои, барајте сили од Бога. А Он, не го остава оној што бара во смирение.

Добро, милички мои? Се надевам дека следната година ќе бидеме уште поревносни во послушанието, во одговорноста, во монаштвото. Ниеден од нас да не биде посрамен, и како што еднаш рековме, да бидеме сите како зрнцата во калинката. Сите како едно; сите монаси да се како едно! Како што вели и големиот учител на монаштвото, Свети Василиј Велики, кого го славиме денес: „Сите за еден, еден за сите“.

Рецитал на децата во Рајчица

I дете: Добро утро! Јас сум ангелот што ги буди децата и ги води во црква на молитва!

III дете: Децата треба да научат да се молат, за да бидат послушни и радосни.

II дете: Јас сум ангелот што ги храни децата!

III дете: Децата кога јадат треба да Го молат Бога да им испрати ангел на гладните и сиромашните деца и да ги нахрани.

I дете: Време е за учење! Јас сум ангелот што им помага на децата да учат!

III дете: Децата треба да учат за да бидат паметни и среќни.

II дете: Време е за убави вести! Јас сум ангелот кој на децата им кажува убави нешта!

III дете: Ангелите кажуваат само убави вести, затоа и децата треба да кажуваат само убави нешта.

I дете: Време е за спиење! II дете: Дојде ангелот што ги носи децата да спијат!

III дете: Ангелите се верни чувари на децата. Дури и кога децата спијат ангелите се будни и им даваат на дечињата убави сништа.

Поука: Ангелите најмногу ги сакаат и чуваат децата, затоа и децата треба да бидат како ангели

15.jpg

 16.jpg

 17.jpg

 19.jpg

20.jpg

 40.jpg

 39.jpg

Повеќе

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная