логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

14/27 септември 2016 лето Господово,
Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст


„Пријдете сите богољубиви, гледајќи како Чесниот Крст се вознесува, заедно да го возвеличиме, и на единствениот Избавител и Бог, слава да Му оддадеме, викајќи: ’Ти, Којшто на дрвото крстно се распна, не презирај нè нас коишто се молиме‘“(Стихира на Малата Вечерна)

02.jpg

Крстот не е  знак на пораз, туку символ на доброволно смирение, живот предаден за другите, жртва и љубов. На него Христос умре од љубов. Гледајќи во него, ние ја гледаме сета љубов Божја како се излева кон нас. Денес, сите ние, со љубов и почит ги подигаме нашите мисли и срца кон Крстот Господов, се допираме до она до коешто светот не можеше да се допре, ја примаме доброволната жртва на љубовта Божја која вселува мир во нашите срца. Ете зошто, како што опишува Св. Апостол Павле, безумството на Крстот ги збунува мудрите – мудрите можат да влијаат на умовите, но Крстот може да го смири и залечи умот, да ја поправи волјата и да го преобрази срцето. Така останува камен за сопнување за моќните, а нам ни дава богатство што не пропаѓа и кое крадците не можат да ни го одземат. Ете зошто го издигнуваме денес Чесниот Крст: бидејќи на него, нашиот Господ го изврши нашето спасение и ни ја покажа сета длабочина на Неговата љубов – нешто што никој не може да ни го одземе и кое ќе го надживее светот што Он го создаде.
Домот на Светиот Победоносец Георгиј во Рајчица вчера и денес беше домаќин на оние кои, подобно на нашиот Спасител, животот свој го обликувале според учењето за Крстот, оние коишто цврсто решиле да живеат за Христа и ближните, а не за себе, оти духовниот човек знае дека животот му е даден не за да си угодува на себеси, туку да им служи и да ги радува другите, а тоа е радост и за него самиот. За да се стигне, пак, до таа радост, потребен е крстовоскресен подвиг за Христа. А, токму за тоа вдахновено словеше и душите кон Бога ни ги воздигнуваше нашиот христољубив и крстољубив Старец, Архимандрит Партениј, по завршувањето на Вечерната богослужба.

04.jpg

06.jpg


 И во текот на денешниот ден очигледна беше радоста на сестрите и браќата, кои со посебна љубов се потрудија секој од присутните да ја почувствува тајната на Крстот и достојно, со смирени мисли да се поклони пред Чесното Дрво, на за нас Распнатата Љубов. Неизбежно беше чувството на умиление кога во празнично украсениот и цветен храм, во присуство на нашиот достојнопочитуван Митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, и многубројниот верен народ, високо се издигна сребрениот филигрански крст со честица од Крстот Господов, небаре присутните се најдоа таму, на Голготската гора, каде што со посебно достоинство Ерусалимскиот Патријарх победнички го издигна Христовиот Крст. Таа победоносна благодат што зрачеше од Крстот Христов уште повеќе се засили на Светата Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше нашиот Владика. И како добар пастир, кој се грижи за своето стадо, тој и овој пат духовно ги поткрепи нашите души со својата пофална беседа за Крстот. И како што крстот и воскресението одат заедно, така и чинот на осветувањето на темели по Крстовденската Литургија за новиот манастирски конак донесе вистинска пасхална радост кај сите присутни а особено кај благочестивата наша ктиторка и кај сестрите кои после 15 години најпосле дочекаа да го видат почетокот на проширувањето на нивниот убав дом.

07.jpg

10.jpg

 

12.jpg

 14.JPG

 15.jpg

16.jpg

 21.jpg

 23.jpg

 34.jpg

 35.jpg

 38.jpg

40.jpg

42.JPG

46.JPG

47.JPG

 49.jpg

51.jpg

53.jpg

55.jpg

56.jpg

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

02/05/2024 - четврток

Велигденски пости; (пост на масло)

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК – Преп. Јован Ветхопештерник; Св. мчци. Христофор, Теона и Антонин

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Блажен си ти Јоване преподобен, радост на големиот Григориј – твојот учител, смирен по срце, сотрудник на Јосиф, славејот на...

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная