логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 svnaumlet2016vec

„Навистина, со радост и веселие на душата си дошол дури до прекрасните живеалишта во домот Божји, себлажени, каде што е гласот на оној што празнува, отче, каде што се слушаат прекрасни зборови, слатки пофалби, и неискажлива радост и сладост, блажени. Откако само нив ги засака, телото го умртви и нив ги прими, украсувајќи се со божествената правда, и молејќи Го Христа, Кој на светот му дава милост голема“ (стиховна стихира на Вечерна на преподобен Наум Охридски).

 

Преблажениот Наум, кој ревносно го следеше примерот на Христовите апостоли, како и на своите двајца учители, Кирил и Методиј, неуморно го проповедаше Евангелието на народот во Македонија и ја вложуваше љубовта Христова во секоја човечка душа. Ова неуморно дело на храбриот Црноризец, нашиот народ никогаш нема да го заборави, па оттука и доаѓа таа почит кон преподобниот Наум. Затоа и верниците од Охрид и од поблиските градови, како и големиот број верници од соседна Албанија, со часови чекаа на жешкото сонце, за да се поклонат на гробот на Светителот и да го помолат тој да биде нивни застапник и молитвеник пред Господа.

Прославата во чест на преподобниот Наум Охридски Чудотворец започна на 02 јули во манастирот на Белото Езеро, кој самиот го изградил, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, игуменот Григориј, свештениците Димче Азески и Владо Недески, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Откако заврши Вечерната богослужбба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.


svnaumlet2016vec 1


 svnaumlet2016vec 4

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Вечерва, нашата света Црква прославува еден од Божјите угодници, преподобниот Наум, Охридскиот Чудотворец. Преку прославувањето на Божјите угодници светата Црква има за цел да нè поучи. На светиите не треба само да им се восхитуваме и да ги почитуваме, туку, пред сè, да ги поддржуваме. Односно, да одиме по оној пат по кој оделе тие. Да водиме таков живот, каков што живееле тие. И секој еден светител имал свој сопствен пат. Но, Бог, уште во Стариот завет му кажал на Еврејскиот народ: „Бидете свети, затоа што сум свет, Јас Господ, вашиот Бог" (Левит 19, 2). Затоа во светата Црква постојат повеќе видови на светии. Едни се прославуваат како светители, други како преподобни, трети како маченици, пустиножители и други. Сите оделе по различен пат, но имале една цел, а тоа е уподобување на Бога и остварување на светоста. Секој човек е создаден и повикан да ја оствари таа можност, бидејќи е создаден според образот и подобието Божјо, а неговата душа тежнее да се соедини со својот Создател и Промислител. Додека, пак, телото, коешто е храм на душата, тежнее, често пати, бивајќи создадено од земја, кон земните работи. Затоа постои дуализмот кај секој човек, или со други зборови, постојана борба помеѓу душата и телото. Божјите угодници, пак, се тие кои $ дале предност на душата, а преку тоа и на Бога. Со нивниот живот, преку молитва, пост и подвизи, се издигнувале кон небесните височини и го исполнувале повикот Божји: „Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен" (Мт. 5, 16).


Св. Наум, кој е еден од учениците на светите браќа Кирил и Методиј, имал долг и трнлив пат. Тој, заедно со неговиот сотрудник св. Климент, ќе ги следат светите браќа во Моравската мисија каде ќе го проповедаат словото Божјо на словенски јазик. Заради оваа просветителска дејност ќе бидат обвинети дека проповедаат на недозволен јазик и затоа ќе претрпат страдања, малтретирања и прогон. Ќе бидат протерани од Моравија, а засолниште ќе најдат кај царот Борис во Плиска. Но, таму ќе претрпат друго шиканирање, во Моравија од латинското свештенство а во Плиска од грчкото. Најпосле ќе дојдат во овие наши простори каде што непречено ќе го словат словото Божјо на разбирлив мајчин словенски јазик. Ќе преведат богослужбени книги, ќе основаат училиште, а св. Наум, подобно на својот собрат св. Климент, ќе го основа овој манастир посветен на светите Архангели. Тука ќе се подвизува, ќе учи, ќе го утврдува стадото Христово во православната вера, живеејќи свет испоснички монашки живот. Заради неговиот подвиг и свет живот, Бог богато ќе ја излие Својата благодат врз него. Уште додека е телесно жив, со силата Божја, ќе лекува најразлични болести, ќе изгонува нечисти духови, а особено Божјата благодат се излива над свети Наум по неговото преселувањето од овој времен живот во вечноста.


Неговиот свет гроб е лекувалиште на секоја христијанска душа која со вера и надеж му се обраќа за помош, за утврдување на верата и исполнување на законот Божји. Свети Наум со неговите молитви им помага на сите луѓе. Тој од нив бара само цврсто и непоколебливо верување дека Бог е Милостив и подготвен на секоја душа да и помогне која нема сомнеж ни дилеми дека Бог е Семоќен и дека сака сите луѓе да се спасат и да спечалат вечен и блажен живот.


И ние вечерва, наоѓајќи се во неговиот свет манастир, да се обратиме со искрена молитва кон св. Наум, Охридскиот Чудотворец. Нека измоли милост Божја над сите нас кои го чествуваме и прославуваме неговиот свет спомен. Да ни ја умножи љубовта и да ни ја утврди верата. Па да ја сведочиме верата православна на секое место и во секое време прославувајќи Го Семилостивиот Троичен Бог сега и во сета вечност. Амин!

 

Вечерна на преп. Наум Охридски
02.07.2016 год.
Манастир „Св. Наум Охридски"

svnaumlet2016vec 2

svnaumlet2016vec 3

svnaumlet2016vec 5

Извор: Дебарско- кичевска епархија



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная