логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 
Четириесет години од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ


Скопје, 11 јули (МИА) - Македонската православна црква на 17 јули ќе го одбележи големиот јубилеј - 40 години од возобновувањето на автокефалноста - самостојноста.

Во рамките на програмата по повод одбележувањето на јубилејот на 14 јули (сабота) ќе се одржи вечерна богослужба во црквата „Свети Климент Охридски“ на Плаошник. По завршувањето на богослужбата ќе се одржи свечена академија во катедралниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“. На 15 јули (недела) ќе се одржи Света божествена архирејска литургија во катедралниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“.

Пред 40 години (на 17 јули 1967 година), Светиот Синод на МПЦ во Охрид го свика Третиот црковено-народен собор и на свечената седница во охридската црква Свети Климент Охридски ја прогласи Македонската православна црква за автокефална. Тоа се случи точно 200 години по неканонското укинување на автокефалната Охридска Архиепископија во 1767 година, остварено со одлука на турскиот султан Мустафа Трети, а по барање на Цариградскиот Патријарх Самуил Први.

До Првата светска војна епархиите на сегашна Република Македонија се наоѓаат под црковна јурисдикција на Цариградската Патријаршија. По Првата светска војна епархиите потпаднаа под окупација на Српската држава и затоа преминаа под управа на Српската православна црква. Со почетокот на Втората светска војна српските епископи заедно со својата војска и полиција ги напуштија овие епархии со кои управуваа 20 години и на нивно место се најдоа епископите на Бугарската православна црква.

Пред завршувањето на војната, во 1944 година во селото Врановци е создаден Иницијативен одбор за организирање на Македонска православна црква. Во март 1945 година во Скопје се одржа првиот Црковно-народен собор на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија, како Македонска православна црква. Одлуката е доставена и до Архиерејскиот собор на Српската православна црква бидејќи пред војната епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата Православна црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна - Српска православна црква. Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифати одлуката и во своите натамошни барања Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо како автокефална бара да биде признаена како самостојна Црква, но повторно не наидува на одобрување.

Во 1958 година, во Охрид се одржа Вториот македонски Црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата Охридска Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква, а за нејзин прв епископ е избран г. Доситеј.

Одлуката за самостојност на МПЦ беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на јули 1959 година во црквата Свети Мина во Скопје, и во исто време е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ и даде самостојност на МПЦ, со тоа што таа и натаму останува во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот патријарх. По неколку дена во црквата на Свети Никола во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г.Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.

Во мај 1962 година во придружба на патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ во посета на МПЦ пристигна патријархот Московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе великодостоинственици на Руската православна црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата Пресвета Богородица - Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска Литургија на која што служел патријархот Московски Алексиј во сослужение на патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополот Македонски Доситеј. Тоа беше прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални цркви.

Доситеј беше поглавар на Македонската православна црква од 4 октомври 1958 до 20 мај 1981 година. По него архиепископи на МПЦ беа Ангелариј (18.08.1981 г. до 15.07.1986 г.), Гаврил (04.10.1986 г. до 09.06.1993 г.) и Михаил (21.12.1993 г. до 06.06.1999 г.).

Актуелниот архиепископ г.г. Стефан е поглавар на Македонската православна црква од 09.10.1999 година.

МПЦ има 13 епархии од кои седум се во Македонија и шест во дијаспората. Со епархиите управуваат 10 епископи на кои има помагаат над 500 активни свештеници. МПЦ има околу 500 парохии, со повеќе од 2.000 цркви и манастири. Со осамостојувањето МПЦ има основано Средно Богословско училиште и Православен Богословски факултет во Скопје.

Црковната традиција се одвива векови наназад.

Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и проширува Светиот апостол Павле при своите мисионерски патувања за што сведочат и делата апостолски. На тие негови патувања го придружуваат и апостолите Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои работат на христијанизација на овие простори. Низ Македонија проповеда и Светиот апостол Андреј Првоповикан кој и го поставува Светиот апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Светиот апостол Силуан бил првиот епископ во Солун, а Епафродит во Адрија или Адријакија (погранично место со Тракија). Што значи уште тогаш се поставени темели на организирана црква. Во тоа време Македонија била под римска власт така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Како резултат на христијанизацијата извршена во првите три века, веќе на почетокот на четвртиот век христијаните на просторот на Македонија имале организирана црква со црковна епархија, чии епископи понатаму редовно учествуваат на помесните и вселенските собори.

Во петтиот век на просторот низ цела територија на Македонија постојат повеќе митрополии и епископии од кои најпознати биле Солун, Скопје, Хераклеа, Баргала и Стоби. Во тој период низ цела територија на Македонија никнуваат многу ранохристијански базилики. За време на владеењето на царот Јустинијан Први (527-565) кој потекнувал од с.Таврисион, близу до денешно Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близина на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален архиепископ. Кателијан бил првиот архиепископ на Архиспископијата Јустинијана Прима во тоа време трета по чест меѓу помесните цркви, после Рим и Цариград. Имало и други архиепископи како што се Бененат, Павле, Јован Први, Леион и последниот Јован Деветти , кој во 680-681 година учествува на Трулскиот Собор во Цариград.

Делото на светиот апостол Павле и светиот цар Јустинијан Први го продолжуваат светите браќа Методиј и Кирил и нивните ученици светите Климент и Наум Охридски. Во втората половина на десеттиот век, во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална Архиепископија врз темели на Јустинијана Прима во достоинство на патријаршија. По паѓањето на Самуиловото Царство, повторно е сведена на степен на Архиепископија и како таква постои цели осум века, се до 1767 година кога е укината, а нејзините епархии се присоединети кон Цариградската патријаршија. рп/паг/7:54


 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная