логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Божикно послание на Архиепископот Охридски и Македонски
† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕНСТВЕНИОТ И
ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ
ХРИСТОС СЕ РОДИ!

Еве, ви соопштувам голема радост,
која ќе биде за сите луѓе;
зашто денеска, во градот Давидов,
ни се роди Спасител, Кој е Христос Господ...[1]

Возљубени празникољупци,

Дојдете да се возрадуваме и да воскликнеме пред витлеемскиот Богомладенец! Пријдете, со радост и восхит

да извикаме: Слава на Бога во височините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја![2]

Оној, Кој предвечно постои, се роди кога се исполни времето.[3] Бог ја прими нашата плот, нашето човечко тело, за да го возобнови и исчисти од гревот нашиот извалкан образ и, како созданија подложни на смртта – да нè обесмрти. На овој ден, Синот Божји воспостави нова заедница со целото човештво. Бог стана човек – се вочовечи, за човекот да го соедини со Себеси.

Во градот Витлеем, длабоко во ноќната тишина, Словото Божјо – Богочовекот Христос, дојде на земјата – се облече во нашето тело, сакајќи да го обожи со Своето Божество, објаснува свети Климент Охридски. На ист начин Синот Божји постојано се раѓа и во нашите души – онаму каде што замолкнува разумот, таму каде што единствено е присутна молитвата и каде што умот е исправен пред Бога. Господ Христос, очекуваниот Миротворец[4], се роди на земјата како незнаен и непознат, и само мудреците, пастирите и ангелите дојдоа да Го пресретнат во витлеемските јасли. Па да им се придружиме и ние на тие први поклоници и дарители пред Богодетето, како и на сите праведници и луѓе со добра волја, славејќи Го и фалејќи Го Бога за сè што е чуено и видено[5], зашто голема е тајната на побожноста – Бог се јави во плот..., им беше проповедан на народите и светот Му поверува[6]

Возљубени чеда во витлеемскиот Богомладенец

Преку воплотувањето и вочовечувањето, Синот Божји – ветеното спасение на сите луѓе[7], од Невидлив стана Видлив и се смести во Своето создание[8], се облече во нашето тело за да го обнови човечкиот лик изветвен од гревот[9], како што поучува свети Климент Охридски. Тој спасоносен настан направи за нас луѓето повеќе да не постојат пречки за средба и единство со Седржителот и Создателот на сè. Преку Христовото рождество се урна преградата помеѓу созданието и Бога, која беше подигната поради човековиот грев; вратите на Рајот се отворија и човекот се врати при Дрвото на животот од коешто ќе може вечно да се храни со Небесниот Леб.

Семилостивиот Бог, според Својата бесконечна добрина и неизмерна љубов, од Своите созданија прави благодатни учесници во Својата слава, изобилно дарувајќи ги со Своите бесконечни совршенства. Тој ни подари сè што е потребно за живот, та да може нашата немоќ да биде исполнета со силата Божја, нашата неправда да биде исправена со вистината Божја и нашето незнаење да биде просветлено со светлината Божја. Господ Христос, Спасителот на светот, е во нас и меѓу нас! Ете, Тој е славната Тајна на денешниот ден! Затоа, слава Ти Господи што ни го даде овој ден за прославување, за благодарност и за радост! Слава во височините на Бога, слава на Неговото неискажливо милосрдие, слава на Неговата бескрајна премудрост, слава на Неговата промисла! Слава на Неговото големо човекољубие!

Возљубени чеда на нашата Светиклиментова Црква,

Да Го молиме Семилостивиот Бог да нè удостои во претстојното 2016-то лето Господово, и овде во Татковината и меѓу Македонците по светот, достојно да ги одбележиме 1100-те години од упокоението на најголемиот македонски духовен великан – свети Климент Охридски, просветителот, чудотворецот и основоположникот на славната Охридска Архиепископија – патронот и закрилникот на нашата Македонска православна црква. Во оваа светиклиментова година, добро е да се потсетиме на великите дела, на огромното духовно наследство оставено од овој наш небесен покровител, па преку личен подвиг да го следиме неговиот пример.

Свети Климент трудољубиво и предано работеше на македонската духовна почва и закрилувајќи се со Христа – Светлината на светот, ги растеруваше темнината и мракот на незнаењето и неверието меѓу нашиот народ. Тој правилно ја разбираше силата на Божјата благодат и духовната светлина, која просветува и осветува, па затоа преку поука и личен пример ја утврдуваше добродетелта во срцата на доверениот му народ. Вооружен со силата на евангелската поука, многумина доведе до богопознание, ја искорени грубоста на мислата и го облагороди карактерот на личноста. Него, како учител, покрај другите добродетели, го красеа љубовта, молитвата, смирението и трудољубието. Преку својата пастирска дејност, вршејќи евангелско дело, македонскиот род го преобрази во свет народ, па затоа од Бога беше удостоен со апостолска благодат и рамноапостолско достоинство.

Во претстојната година, исто така, ќе се одбележува и 1000-годишнината од упокоението на свети Јован Владимир, кој маченички пострадал во Преспа. Житието на овој сведок за верата е силна поука за тоа колку можат да бидат уништувачки себељубието, предавството, братоубиствената војна, борбата за овоземна власт и слава, раздорите и слугувањето на туѓи интереси, како и сведоштво за тоа колку живее споменот на праведниците.

Возљубени чеда во Господа,

Подучени од светите богоугодници, да Го молиме Господа нашите срца да станат плодни ниви на добродетелта, па во секој од нас да потече извор на мир и братска љубов. Господ Христос е нашата моќ, нашата помош, нашата утеха, нашата радост и нашата надеж. Тој, како Човекољубец, со благодатната сила на Својата правда, нека ја поткрепува нашата Света Црква за да истраеме по патот на вистината, да го заштитува нашиот боговерен народ и со Својот Свет Дух да ја ороси нашата македонска земја. Да ги запре омразата, поделбите и меѓусебните непријателства. Да нè умудри сите заедно вдахновено да работиме за добробитот и напредокот на нашиот народ. Да ги исполни нашите домови со љубов и изобилна радост. Да ги земе под закрила нашите училишта, да ги просвети со спасоносната светлина благочестивите учители, наставници и раководители. Да ги благослови со Своите добрини нашите ученици и младината, зашто тие се утрешниот разум и совеста на Татковината. Домовите на сиромасите да ги поткрепи и исполни со вера и трпение, а на богатите да им подари сила за чинење на добродетели и милосрдие. Милостивиот Господ да биде покрај постелата на болните, да ги заштити вдовиците и сираците и на сите ним да им подари вера и блажена утеха. Во Господа е нашата радост, нашата љубов и нашиот живот. Затоа, Нему Му се молиме да ги чува нашата Светиклиментова Црква, слободата и независноста на нашата Татковина.

Светлината на витлеемска ѕвезда нека ни го осветлува патот кон духовното совршенство, та исполнети со благодарност и во мир да воскликнеме со целото свое битие: „Радувај се Вселено – Христос се роди!“ Амин!

ХРИСТОС СЕ РОДИ!


ЧЕСТИТО И БЛАГОСЛОВЕНО
НОВОТО ЛЕТО ГОСПОДОВО!
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
†СТЕФАН
со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско – гостиварски
† ЈОСИФ, Митрополит Кумановско – осоговски
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски

На Божик, 2016 Лето Господово
[1] Лк 2, 10-11
[2] Лк 2, 14
[3] Гал 4, 4
[4] 1 Мојс 49, 10
[5] сп. Лк 2, 20
[6] 1 Тим 3, 16
[7] Авак 3, 13
[8] Св. Климент Охридски, Поучно слово за раѓањето на Господ Исус Христос
[9] Св. Климент Охридски, Слово за Рождество Христово



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

27/04/2024 - петок

Велигденски пости; ( пост на масло)

Лазарова сабота; Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная