логоFacebookTwitterYouTubeeMail

лого

 

zadusnica

(обновено)
 29/05/2015   Поуки - совети

 
Спасителу, Кој со Твојата крв ги искупи луѓето, и со Твојата смрт нè избави од горчливата смрт, и со Твоето Воскресение ни даваш живот вечен, упокој ги, Господи, сите кои починале благочестиво, или во пустините, или во градовите, или во море, или на земја, или во секое место: цареви и свештеници, архијереи, монаси, искушеници, отци, браќа и сестри наши, од секоја возраст и род, и удостој ги за Твоето Царство небесно! [1]

Човекот не е создаден за смрт. Нашата бесмртна душа е нашиот допир со вечноста. Таа е нашиот потсетник дека во часот на смртта, кога телото ќе биде предадено на гробот, тука не завршува сè – напротив, тогаш сме повикани на еден повозвишен начин на постоење, токму оној за кој сме биле и создадени. Затоа за нас, верните, оние што се преселиле од овој свет, се не помалку живи од оние што сè уште чекорат по него. Разделувајќи се за кратко од нас, тие го шепотат својот нем завет, својата неизговорена молба да не бидат заборавени во нашите молитви. И Мајката Црква не заборава да го исполни овој завет на нејзините упокоени чеда. Така, со молитвата за упокоените живите земаат свето учество во чинот на спасувањето на покојните, се молат и бараат од себлагиот Бог, и Бог, слушајќи ги нивните молитви на упокоените им дава милост. Но, молитвите за упокоените помагаат во спасението и на живите, зашто душата кон небесното ја управуваат и од привремената суета ја одвојуваат, срцето со најчиста љубов кон Бога го затоплуваат и со сеќавање на смртта и желба за одвраќање од злото го исполнуваат. И најважно од сè, будат поттик за великодушно и радосно трпење на маките, кои водат кон вечен живот без тага и болка.

Затоа овој ден, за сите нас е исполнет со посебна смисла и значење, бидејќи спомнувајќи си за упокоените чеда, исполнети сме со благодарност кон Бога, што ги имавме за образец и пример.

Господа и Спасителот наш Исус Христос, Кој ги раскина оковите на смртта и воскресна од мртвите, Го молиме Бога, душите на сите упокоени –  да ги вознеси во Царството Божјо, во животот што нема крај. Животот вечен, за кој што неуморно се трудиме и целосно се вложуваме…

Ова слабо слово би го завршил со следнава молитва: Спасителу, Кој си благ и милосрден по природа, и љубител на милоста, и бездна на милосрдието, сите Твои чеда што си ги преселили од ова место на злоба и смртна сенка, всели ги таму каде што е сјајот на Твојата светлина.

1] Од службата на Задушница;
Подготвил:

Петар М. Петковски,

(студент на ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје
задушница.

Сега дипломиран теолог)

Извор: Преспанско- пелагониска епархија

 

Извор

TVITer270

П.П. 2015-05-29 20:31:45

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021 )

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

« »