логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 01.jpg

  02.jpg

13/26 април 2015 лето Господово,
Недела на Мироносиците

03.jpg

Првите човечки усни кои ја објавија серадосната вест за Воскресението на Спасителот Господ Исус Христос беа усните на жените Мироносици, оние чиишто души беа миросани со бескрајната љубов Христова. Тие во првиот ден од седмицата дојдоа на гробот многу рано да го помажат мртвото Тело на Бесмртниот, но наместо тоа, тие беа од Него помажани со воскресенскиот елеј на радоста. Светејќи силно со тој небесен елеј, станаа првите благовесници на славното Воскресение, соопштувајќи им ја радосната вест на Апостолите.

О, колку е чудесна, неискажлива и преубава Божјата промисла што уредила токму во оваа Недела на Мироносиците, тие преблагословени души што први ја превозгласија веста за Воскресението, да се случи ова денешно торжествено собитие, кое на сите им го објавува воскресението на Свети-Јовановиот дом крај Радика, на бисерот на Охридската Архиепископија, на  древното Бигорско светилиште. После пет и половина години од огнената Голгота во 2009 година, после толку многу страданија, молитви, солзи и труд на нашиот возљубен Старец, Архимандрит Партениј, на нашето монашко братство и сестринство и на бројното бигорско духовно стадо, најпосле  беа осветени новоизградениот конак Источен Палат и речиси целосно возобновениот Горни Палат. Всушност премудриот Бог си го предвести ова Бигорско воскресение уште тогаш кога го допушти огненото искушение, одбележувајќи го со чудо кое денес ни се откри: среде сето она што изгоре, единственото нешто кое ја преживеа огнената стихија и кое архитектите Искра и Владо Лековски го сочуваа за денес да му го предадат на нашиот Старец беа две обгорени страници од книга за Бигорски, на кои јасно се гледа дел од живописот во Големата трпезарија со Воскресението Христово и жените Мироносици во позадина, со ликот на Мајката Божја од другата страна. Другата, пак, страница носеше една поинаква порака: дека конакот кој изгоре ќе се обнови со посредство на светиот Јован Претеча, која јасно беше претставен на задната страна, во ликот на својата чудотворна икона. Свечениот настан што го објави Бигорското воскресение, започна најпрво со света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан, во сослужение со архиереите на МПЦ-ОА: нашиот надлежен митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, митрополитот Повардарски г. Агатангел и митрополитот Брегалнички г. Иларион, како и повеќе јеромонаси, свештеници и ѓакони. Молитвено учество на Божествената Литургија освен многубројниот верен народ, зедоа и повеќе државни претставници, меѓу кои и Претседателот на Република Македонија, г. Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, ректорот на Универзитетот „Свв. Кирил и Методиј“, г. Велимир Стојковски, министерката за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во РМ, амбасадорот на Руската федерација во РМ, г. Олег Шчербак, како и Високопреподобниот Архимандрит г. Евгениј, игуменот на Черногорскиот манастир „Свв. Козма и Дамјан“, близу Софија, со јеромонахот Никанор. Бидејќи храмот беше претесен да ги прими сите верници и гости, во дворот беше обезбеден и видео пренос од Литургијата.

12.jpg

19.jpg

20.jpg

23.jpg

Свечениот чин на осветувањето, кој беше внимателно следен од повеќе илјадниот народ што пристигна во манастирот, беше проследен и со церемонија на свечено доделување на црковни одличија и благодарници. Тоа беше единствен момент нашиот Старец, Архимандритот Партениј, најзаслужната личност за сеопштото бигорско воскресение, во своето духоносно слово да ги сподели со присутните верници и гости своите созерцанија, кои созреаја низ болката, утехата и радостите што се родија од искушението со пожарот. Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, со своето архипастирско слово за миг нѐ пренесе во оние тешки мигови, но потоа ни го посочи воскресението, истакнувајќи го Бигорски „како жив сведок и за вековите минати, но и за ова и за идното наше време“. Нашиот многупочитуван надлежен митрополит, г. Тимотеј, во оваа прилика во својата проповед го истакна ненадоместливиот придонес на Архимандритот Партениј, кој „како игумен на оваа света обител, заедно со неговото братство, подвизувајќи се веќе 20 години тука, се вградија како живи камења во возобновувањето на оваа свештена обител“. Како скромен дар за неговите заслуги, од негова страна на нашиот Старец му беше подарен граден архимандритски крст. За заслугите, пак, на сите оние кои помогнаа Бигорската светиња да се возобнови во полн сјај, манастирот приготви специјално одличие „Претеча“, кои со големи почести му беа доделени на Претседателот на РМ, г. Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, министерката за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, и државниот секретар, г-ѓа Наташа Стоиманова. Сите тие го истакнаа Бигорското братство како позитивен пример на сплотеност и меѓусебна пожртвуваност, кој треба да го следи целото наше општество, особено политичарите. Митрополитот Повардарски, г. Агатангел, заблагодарувајќи се за орденот, особено ја истакна заслугата на Архимандритот Партениј и неговото братство како амбасадори на автокефалната Македонска православна црква – Охридска Архиепископија. Голема радост кај присутните предизвика и изјавата на г. Ахмеди Зењељ, Македонец муслиман од с. Ростуше, срдечен пријател на Бигорскиот манастир, чијшто пример треба да го следат и останатите Македонци муслимани, особено младите. Тој трогнат до солзи и им порача на сите дека долги години е сведок на бројни значајни дела што беа направени од Старецот Партениј и братството, нарекувајќи ги „избраници на свети Јован“, и заклучи дека нема потреба ништо да додаде, бидејќи делата зборуваат сами за себе.

Покрај гореспоменатите, со одличието „Претеча“ се удостоија уште и:

 - Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски,

 - Министерот за финансии, г. Зоран Ставрески,

 - Министерот за транспорт и врски, г. Миле Јанакиески,

 - Академик, д-р Жан Митрев,

 - г. Мартин Протуѓер,

 - г. Кирил Божиновски,

 - г. Оливер Шамбески,

 - г. Александар Спасеновски,

 - г-ѓа Анета Стојановска-Стефанова,

 - г. Иво Јанкоски,

 - г. Атанас Цветкоски,

 - г. Андреј Куку, Лукоил,

 - г-ѓа Маја Чаначовиќ, Македонска филхармонија,

 - г. Мукрем Мехмеди, Градоначалник на општина Маврово-Ростуша

 - г. Онер Јакупоски, Директор на ЈУ НП „Маврово“

 - Полициска станица Ростуше,

 - г-ѓа Ѓурѓица Лековска,

 - г. Мише Клењовски,

 - г. Вељо Ангелкоски,

 - г. Предраг Мојсоски,

 - г. Младен Матески,

 - г. Сашо Наумоски, Витаминка Прилеп,

 - г. Петре Русески, Русески дооел,

 - г. Момчило Ивановски, Бонум,

 - г. Бранко Дамјановиќ, Жито полог,

 - г-ѓа Елпида Димитровска-Крстевска, Транскоп Битола,

 - г. Сашко Андреев, Макрпомет,

 - г. Живко Мукаетов, Алкалоид,

 - г-ѓа Елена Пандева-Китрозовска, Елена Лука

 - г. Трајко Леов,

 - г-ѓа Виолета Јованоска,

 - г. Русе Петрески

 - г. Владимир Локвенец, Колгејт Палмоливе,

 - г. Владимир Димовски

 - г. Јохан Тарчуловски,

 - г. Панајотис Сомалис,

 - г. Киро Кипроски,

 - г-ѓа Викторија Дулгерова

 - г. Таки Стерјо,

 - Јован Јовановски,

 - проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ,

 - г. Ламбе Алабаковски,

 - г. Борис и г-ѓа Живка Фидановски.

Во продолжение ги спомнуваме имињата на оние коишто се удостоија од Свештената Бигорска обител да добијат благодарница заради своите заслуги:

- Искра и Владо Лековски,

- Тихомир и Калина Јакимоски,

- Ангеле и Марија Мицевски,

- г. Марјан Тошески, Нова Градба,

- г-ѓа Искра Ветаџокоска Муцунска, Виталија,

- г. Боро Хрисафов, Цементарница „Титан Усје“

- Дојран стил,

- СИЗ Македонија Америт,

- г. Хари Локвенец,

- г. Живко Пандев, Жикол

- г. Благој Илиевски,

- г. Младен Бошкоски, Грациа,

- Тихомир и Душанка Бојаџиеви,

- Синпекс,

- Синтек,

- Мебел Инженеринг, Штип

- г. Јорданчо Велков, Дизајн фантази,

- г-ѓа Милка Симоновска, Симилак,

- г. Дончо Манасијев,

- г. Дане Делов, Салмак,

- Град Скопје,

- Општина Битола,

- Општина Охрид,

- Општина Прилеп,

- г. Тодор Деловски, Кнауф,

- г-ца Маргарита Столеска,

- г. Јонче Николски,

- г. Дејан Симоновски, Дема стил,

- г. Миле Алексоски,

- г. Серафим Илковски, Енергомонт,

- г. Слободан Мицковски, Енергомонт,

- г. Димитар Андоновски,

- г. Васко Павлевски, Горила продукција,

- Џико Инженеринг,

- г. Љубомир Славковски,

-  д-р Викторија Чалоска, Клиника за гастроентерохепатологија,

- г-ѓа Милица Ѓорѓиевска, Пекара „Специјал“,

- ЕМО Охрид,

- д-р Илче Милески,

- д-р Сашо Стојчев, Клиника „8-ми Септември“

- Мермерен комбинат Прилеп,

- Лабораторија Авицена,

- г. Илија Ѓорѓиевски, Мистер Фруит,

- г. Трајче Дамјаноски, Мистер Фруит,

- Емил и Зорица Ташевски,

- г. Владо Јовановски,

- МРТВ,

- г. Петре Никола,

- г. Ацо Стерјо и

- г. Тони Стојановски.

11.jpg

 24.jpg

27.jpg

31.jpg

35.jpg

37.jpg

 39.jpg

42.jpg

44.jpg

45.jpg

46.jpg

 47.jpg

 48.jpg

 53.jpg

 56.jpg

 58.jpg

Повеќе: Бигорски манастир

http://bigorski.mk/index.php?content_type=sluzhbi_bdenija&action=details&record_id=1738#

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »