логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Goran Taseski

РАСПОРЕД ЗА БОГОСЛУЖБИ ПРИ ХРАМОТ„ СВ. ВМЧ. ГЕОРГИ ПОБЕДОНОСЕЦ “ -
КРИВИ ДОЛ ЗА МЕСЕЦ МАРТ / од 16до 30/ НЕДЕЛА-15/02-/ Крстопоклона/ свешт.- мч.Теодот Киринрјски; преп.
Агатон; / почеток во 07.30ч.утринска во 08.30ч.
литургија(Василиева) /

СРЕДА- 18/05- св. мч. Конон Исавријски; преп. Марко Подвижник;
/во 07,30ч.: Великопосни часови, изобразителна
и Предосветена Литургија/

ПЕТОК – 20/07 - св.7свешт.-мч. Херсонски;преп. Павле Препрости; /во 07,30ч.- Великопосни часови,изобразит. и Предосветена Литургија
Во 17,00ч. повечерие со Акатист/

НЕДЕЛА -22/09- /св.Јован Лествичник/ св. 40 мч-ци во Севастија; св. 40
Битолски преп.мч-ци; / почеток во 07.30ч.утринска во 08.30ч.
литургија(Василиева) /

СРЕДА-25/12- св. Григориј Двоеслов; св. Симеон Нов Богослов;
/БДЕНИЕ ПОЧЕТОК 16ч. : Читање на великиот канон на
св. Андреј Критски, потоа во 18ч. : 9-ти Великопосен час,
изобразителна и Предосветена Литургија

ПЕТОК-27/14 - преп. Бенедикт Нурсијски/ СЛУЖБА НА АКАТИСТОТ //БДЕНИЕ почеток во 21ч. : понношница, утрена со Службата на Акатистот,
литургија (Златоустова)/

НЕДЕЛА-30/17-/на св. Марија Египетска/св.мч. Агатангел Битолски;
/ почеток во 07.30ч.утринска во 08.30ч.
литургија(Василиева)

+ + + Благодатта Божја со сите вас - од свештенослужителот при
храмот о. Горан Тасески email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
ЗА ЦРКВАТА
...Христос книги не оставил, но оставил живо општество, жива заедница којашто се нарекува Црква, заедница која Него лично го познава. Велам: познава, а не само познавала. Од столетие во столетие сите оние кои станале верници, на овој или оној начин Го сретнале Христа, можат да ги повторат зборовите на апостол Јован, упатени кон нив во едно од своите Посланија: „Ние ви говориме за тоа што виделе нашите очи, што што допреле нашите раце, што слушнаа нашите уши“.
Ние говориме за тоа дека за нас реалноста е апсолутна и несомнена затоа што – таа е во границите на нашето искуство. И така тоа продолжува од столетие во столетие со неизмерен број луѓе. И треба да запомниме дека Црквата – е заедница која што е соединета, како што се вели во катехизисот, не само преку заедница на таинствата, догматската вера, обредите. Сето тоа, секако, го има во Црквата и се манифестира како нејзин составен дел, но срцевината на Црквата е поинаква. Тоа е – средба лице во лице со Христос. Таа средба може да биде потресна, може да се случи постепено, одвај забележително, но секогаш е должна да постои за човекот да може да каже : „ јас – сум верник“. / извадок од книгата Степени од епископ Сурошки Антониј која се спрема за печатење на македонски јазик/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

« »