логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 На 07.09.2014 година, во 13 Недела по Педесетница и на празникот на Пренос на мошти на св. ап. Вартоломеј и на св. ап. Тит, беше прославен големиот Јубилеј – 170 години од изградбата на храмот „Св. Козма и Дамјан“ во Пештани, Охрид. По тој повод, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Никола Христоски, Атанас Казанџиски, Димче Азески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред самиот почеток на Литургијата, беше осветен новиот иконостас, раскошно декориран, со сите особености на познатата македонска мијачка резба. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

Овој ден беше означен и со промоциите на две значајни монографии. Првата, посветена на самиот храм, е дело на д-р Сашо Цветковски, а промотор на делото беше Митрополитот Тимотеј. Втората монографија е дело на м-р Димитар Смилески, а промотор на книгата беше д-р Павле Митрески. На крајот, како благодарност за сите застапништва и духовното водство на Пештани и неговите жители, црковниот одбор од селото, на чело со парохискиот свештеник Атанас Казанџиски, му подарија на Митрополитот Тимотеј прекрасна митра, дело на сестрите од манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица.

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот, Синот и Св. Дух. Амин!
Драги браќа и сестри.
           
Од преголема љубов кон човечкиот род, Семилостивиот Бог го испраќа и Својот Единороден Син, да се роди од св. Дева Марија, да постане Човек и да биде во сè сличен на нас, освен во гревот. Кога Христос ќе наполни 30 години, ќе излезе на јавна проповед да го поучува израелскиот народ. Така, во една прилика проповедајќи во храмот, Му пристапиле народните првосвештеници, книжници и фарисеи прашувајќи Го: Со каква власт го правиш тоа? И кој Ти ја дал таа власт? Но, Христос не им одговара туку им вели: И Јас ќе ве прашам нешто и ако Ми дадете одговор и Јас ќе ви одговорам: крштевањето Јованово од каде беше, од небото или од луѓето? Овие лукави луѓе се советувале помеѓу себе и одлучиле да не Му дадат одговор. Тие си мислеле, ако кажеме дека крштевањето Јованово е од небото ќе ги запраша: тогаш зошто не го послушавте. Ако пак кажат дека е од луѓето, се плашеле од народот кој го сметал Јована за пророк Божји (Мат. 21, 23-27). Тогаш Исус не им дава одговор туку им кажува неколку параболи.

Во денешното св. Евангелие, на светата Литургија, ја слушнавме параболата за добриот домаќин кој насадил лозје, го заградил со плот, ископал бунар, направил кула и откако го предал на лозарите си заминал. По одредено време, ги испратил своите слуги да му ги донесат плодовите. Но, лозарите ги фатиле слугите, едните ги претепале, другите ги убиле а третите со камења ги засипале. Така постапиле и со вторите слуги, па на крај господарот го испратил и својот син, сметајќи дека лозарите ќе се засрамат од него. Но, тие и него го убиле, сметајќи дека ќе го присвојат неговото наследство. Христос ги прашал: А кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе направи со тие лозари? Тие му одговориле: Злосторниците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари, што ќе му ги даваат плодовите на време (Мат. 21, 34-41).

Под лозје, светата Црква го подразбира богоизбраниот еврејски народ. Господ Бог преку Авраама, кој имал праведен живот, му го ветува Месијата на светот, а еврејскиот народ, како избран народ, го подготвува за неговото дочекување. Бог покажува голема грижа кон тој народ во целокупната негова историја, за истиот тој народ да ја задржи вистинската вера во Бога. Преку Мојсеј го изведува од Мисирското ропство и го воведува во Ветената земја, му ги дава на Синај 10-те Божји заповеди, му испраќа повеќе пророци кои го опоменуваат и го враќаат на правиот пат. Но, и покрај сè, тие остануваат тврди по срце и душа и не го дочекуваат Месијата како што треба. Тие се лошите лозари, оние кои ги убиваат пророците и Божјите пратеници. Еврејскиот народ пророците не сакал да ги слуша, туку истите ги прогонувале, ги убивале, некои со пили ги сечеле, а некои со камења ги засипувале.

Слугите, и едните и другите, ги симболизираат пророците, учителите и апостолите на Црквата, кои се обидувале да го повратат народот на правиот и вистинскиот пат кон спасението. Но, истите, како што веќе кажавме, не биле примани. Синот на господарот, тука го претставува Господ Исус Христос. Но, и Он, како што знаеме, не е примен, туку напротив е осуден, понижен и на крај распнат на крст од страна на еврејските првосвештеници и од првенците на еврејскиот народ. Откако еврејскиот народ нема да го прими Христа Месијата, тогаш Бог, своето учење, својата наука ќе ја прошири кон сите луѓе, односно кон сите народи.

Можеби некој од вас ќе си постави прашање: Ако оваа парабола на Господа Исуса Христа се однесува на јудејските старешини, и таа ги обвинува за нивните постапки и лоши дела, тогаш каква смисла има таа за нас, односно за денешните христијани? Може да се каже дека оваа парабола е изговорена многу одамна и не е за денешната современост. Но, треба да знаеме дека нема ни еден збор од светото Евангелие, кое е старо и неактуелно. Како што Христос е Вечен и Неизменлив, така се вечни и неизменливи Неговите зборови и поуки.

На секој еден од нас, Господ Исус Христос ни дава добрини во нашиот живот, односно ни дава лозје, а од нас се очекува да дадеме плодови. Многумина забораваме на ова. Забораваме дека треба да дадеме одговор пред својата совест, и најпосле пред Господарот на сè, пред Христа Бога. Ние често пати сме спокојни и наивно пристапуваме кон исповедта со зборовите: Јас не сум убил, не сум украл, зошто имам потреба да се каам? Ние, најчесто се угледуваме на лошите лозари. Ние, го забораваме најглавното, дека треба да извлечеме полза од сите благодети коишто Господ ни ги дава, и да возвратиме со плодови на пофалба и благодарност, со плодови на труд и добродетелен живот.

Често пати ќе слушнеме зборови од христијани, дека се добри и ревносни верници и исполнители на православната вера. Но, кога ќе го запрашате колку браќа има, многумина ќе ви одговорат: Имам двајца, но не зборуваме. А кога ќе го прашаме како стоите со комшиите, ќе ви одговорат: Со едниот не разговараме, а со другиот сме на суд уште од дедо и прадедо. Ова не значи дека сите христијани се такви, но, честопати има вакви случаи кои навистина се далеку од животот на вистинските христијани, а уште подалеку од ревносните христијани. Ако сакаме, не само формално, да се нарекуваме православни верници и вистински делотворно да живееме, треба да се одвикнеме од овие лоши и нехристијански навики. Да научиме да проштеваме, да научиме да ги сакаме и блиските но и далечните. Не само оние што ни направиле добро, но, и оние кои ни посакуваат зло. Ние, не можеме да ги натераме да не сакаат, но, тоа е нивен проблем. Ние можеме да го молиме Бога, да ни даде сила, да не ги мразиме нашите блиски, соседи и познаници. Да не им завидуваме на нивните успеси. Да не се гневиме на нивните искажани зборови против нас и да не бидеме ние судии, туку, да ја оставиме правдата и судот во рацете Божји. Во светото Евангелие се вели: „Не судете, за да не бидете судени“ (Мт. 7, 1).

Од сето досега кажано, можеме да заклучиме дека треба да внимаваме на сите наши зборови, на сите наши постапки, бидејќи сè се бележи во вечната книга. И еден ден, ќе мора да дадеме одговор за сè што сме зборувале, мислеле, работеле, а тоа се одговара пред Праведниот Судија.

Денеска сме собрани во овој свет храм, да одбележиме 170 години од неговата изградба од страна на вашите предци. Треба да знаеме дека тие живееле во едно многу потешко време, отколку современото во коешто живееме ние. Но, нивната вера, нивната љубов кон Бога и оданоста кон својата света Црква, ги мотивирала да одделат од своето немање и со здружени сили да го изградат овој прекрасен дом Божји. Во него 170 години пештанци се крштеваат, венчаваат и Го слават Бога. Овој свет храм, во права смисла на зборот. бил брод во кој луѓето што живеат во Пештани, поминувале низ разни овоземни бури. Но, имајќи го Христа за кормилар, ги поминувале сите бранови и сите бури и ветрови, впловувајќи во мирното пристаниште и живеејќи вистински христијански благодетен живот. Затоа сме должни да им искажеме искрена и топла благодарност за подигнувањето на овој Божји храм посветен на светите Козма и Дамјан.

Не помала благодарност би сакал да му искажам и на црковниот одбор при овој свет храм кој вложи труд, време и средства да го направат онака како што му доликува на еден дом Божји. Исто така искажувам благодарност и кон д-р Сашо Цветковски, кој вложи големи напори во својот научен труд, во монографијата за црквата св. Козма и Дамјан, за расветлување на историјата и богатството на овој свет храм.

Да се обратиме со искрена молитва кон Господа, нека ги умножи даровите во сите нас, да можеме да дадеме добри плодови во лозјето Господово, за прослава на Бога и за спасение на нашите души, сега и во сета вечност. Амин!

Честит јубилеј и за многу години!

 

 



13-та недела по Педесетница
07. 09. 2014 год.
храм „Св. Козма и Дамјан“ - Пештани

 

Извор:

 http://www.dke.org.mk/novosti/novost.asp?PodatociID=1046


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

« »

Православен календар

 

04/05/2025 - недела

Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него; Светиот маченик Теодор и другите со него; Света Тамара Грузиска ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов маченик Сава стратилат и со него седумдесет војници 7 мај/ 24 април 2025

Тропар на светиот Христов маченик Сава стратилат и со него седумдесет војници 7 мај/ 24 април 2025

Седумдесет свеќи се запалија од тебесвет стратилате Саво,кој пламен благодатен од Господа прими,и со таа свита храбро пристапикон војската маченичка...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај/23 април / 2025

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај/23 април / 2025

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април 2025

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная