логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

 
    ИЛИНДЕН И ПРЕЧИСТАНСКИ ПРЕПОДОБНОМАЧЕНИЦИ (02.08.2014)



„На огнена колесница, на облак се вознесе и во светловидна страна премина, Илие Тесвиќанецу, откако ги посрами безбожните пророци. И, како што небото со збор го врза, така разреши ги и нашите гревови, со твоите молитви кон Господа, и спаси ги нашите души“ (стихира по Евангелие на Утрена на Илинден).

Празникот на светиот пророк Илија – Илинден и на светите Пречистански преподобномаченици Евнувиј,Пајсиј и Аверкиј, и оваа година беше торжествено прославен во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево. Похвалата кон светителите започна на 01.08.2014 година со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Стевчо Тошевски, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески, Владо Недески и Александар Матески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната и благословувањето на петтолебието, за првпат во историјата на нашата Македонска православна црква, но и општо во православниот свет, официјално беше отслужен Акатистот посветен на светите Пречистански преподобномаченици.

 

  • Прославата продолжи утредента (02.08.2014), со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Спасе Стефановски, протосингелот Климент (од Романската православна црква), игуменот Агатон, еромонасите Григориј и Ефросиниј, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески, протоѓаконите Антонио Дујовски и Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.








По завршувањето на Литургијата, беше отслужен Молебенот кон светите Пречистански преподобномаченици, а свештеникот Никола Христоски, со благослов на Архиепископот Стефан, го прочита синодското Илинденско послание, во кое меѓу другото, се вели: Илинден е ден на црковно и народно празнување, ден на потврда на несебична љубов кон ближниот, и јавен изразна копнежот по слобода. Впрочем, ако се задлабочиме во минатото на светот, ќе забележиме дека сето она што се случувало на историската сцена е резултат на слободата и во служба на слободата. Одземањето на слободата е понижување на човековото достоинство, но и противење на Бога, Кој го создал човекот слободен, а сите луѓе еднакви меѓу себе. Притоа, никогаш не треба да се заборави дека вистинската слобода може да се има само со Бога и во Бога. Слободата е моќ вкоренета во разумот и во волјата, и благодарение на неа, човекот одлучува и раководи со себе; таа е сила која треба да расте и да созрева во вистината и добрината, и така да стане совршена во Бога. Слободата е онаа човекова способност со која доброволно се прифаќа и се сака доброто. Слобода не е да се прави што се сака, туку да се сака доброто кое се прави! И вистинската слобода е можна само со љубов кон Бога и ближниот. Црквата, пак, како заедница на надежта и љубовта, е местото каде што спасението се остварува токму преку слободата...


На овој свечен ден, беше осветено и новото ѕвоно, тешко 1.850 килограми, а излиено во Русија. Ѕвоното е украсено со четири претстави, и тоа: Благовештение (како храмов празник); светите Кирил и Методиј; светите Климент и Наум и светите Пречистански преподобномаченици. На горниот дел од ѕвоното е испишан прокименот од Благовештение, а на долниот стои историскиот запис, во кој се вели дека ѕвоното е излиено за време на началствувањето на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, како и на игуманијата Агнија. По осветувањето на ѕвоното, Архиепископот г.г. Стефан се обрати кон верниците со поучно слово. Посакуваме и се молиме ова ново ѕвоно силно да одекнува во душите на сите луѓе и да ги побудува на молитва, та непрестајно да ги славата нашите пречистански Преподобномаченици, Пресветата Богородица, нашата постојана заштитиничка и сите светии, сега и во сите векови. Амин!

 

Извор: Дебарско- кичевска епархија

 

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво,...

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

« »