логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 sv.Petar.Pavle.k.z.jpgЗа Петровденскиот пост

Секој ден е благословен од Господа, а особено посните денови кои се за зголемување на нашата духовна будност и внимание над срцето и негово чистење од страстите.
Пред нас е Петровденскиот или Апостолски пост, кој си има и свое правило на постење. И да не забораваме дека според каноните (правилата) на Црквата, ако ги практикуваме правилно сите пости и водиме редовен и правилен духовен живот под духовно раководство на духовен Отец, со негов благослов, можеме да се причестуваме секоја недела.
Имајте добар и благословен пост!
 
ПЕТРОВДЕНСКИ И БОЖИКЕН ПОСТ

Овие пости се востановени во чест на светите Господови апостоли и во чест на раѓањето на Господа Исуса Христа.

Тие се постат вака:

  • во понеделник, сред и петок не се јаде масло и вино;
  • во четврток и вторник се дозволува масло и вино,
  • а во сабота и недела масло и риба.

Ако падне празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува масло и риба. Ако падне празник на помал светител во среда и петок се дозволува масло и вино. Ако е голем празник во средa и петок се допушта, покрај масло, и риба. Ако падне ден на црковна слава во среда и петок, се дозволува масло и риба.
Од книгата “ Правила и одредби за Постот” од свети Гаврил Светогорец Епископ Велички 

 Друго:

 ПРАВИЛА И ОДРЕДБИ НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ЗА ПОСТОТ (2 дел)

 

Петровденскиот пост

Петровденскиот пост му претходи на празникот на светите првоврховни апостоли Петар и Павле; затоа се нарекува уште и Петропавловски или само Апостолски пост. Овој пост својот корен го има во древните времиња на Црквата. По сè изгледа тој првично претставувал пост за оние кои од некаква причина (на пр. патување) не постеле за Пасха, па затоа овој пост бил еден вид компезација за пропуштениот подвиг. Во Апостолските правила стои: „По неа (Педесетницата) празнувајте една седмица, па потоа постете, бидејќи е справедливо и да се веселите заради дарот Божји, но и да постите по олабавувањето“ (V,20).  Според ова, овој пост во себе ја содржи идејата на засилување на подвигот по празничниот пасхален период, кога сме се опуштиле со храната.

Овој пост се утврдува кога во 4 век, од страна на светиот рамноапостолен Константин Велики, биле подигнати храмови во чест на светите првоврховни апостоли Петар и Павле во Константинопол и Рим. Осветувањето на константинополскиот храм се случило на денот кога се празнува споменот на овие апостоли и оттогаш овој ден почнал да се одбележува особено торжествено како на Исток, така и на Запад.

Со празникот на светите апостоли Петар и Павле (29 јуни/12 јули по нов стил) завршува Петровденскиот пост, додека неговиот почеток е подвижен и зависи од празнувањето на Пасха (Велигден). Тој започнува една седмица по Педесетница, т.е. од понеделникот по Неделата на сите светии, а неговата должина варира од 8 дена до 6 недели.

Според прописите на Црквата, надворешната форма на овој пост, за разлика од Великиот, е поблага: (понеделник)[1], среда и петок е строг пост, во останатите денови е благословено да се јаде масло, а за викенди (сабота и недела) се дозволува и употреба на риба (можеби, како што велат некои, бидејќи апостолите биле рибари?); ако се падне празник во делничните денови се случува ублажување на постот за еден степен (ако е строг – се дозволува масло, ако е со масло – се дозволува риба); на Иванден (Раѓањето на св. Јован Крстител – 07.07.) се јаде риба, без разлика во кој ден и да се падне; ако има семејна слава, тогаш се разрешува употреба на масло, вино (=алкохол) и риба, во кој било ден и да се падне. Секако, со благослов на духовникот, ова правило може да се прилагоди (ублажи) во конкретни случаи.

Светите апостоли Петар и Павле биле толку различни: Петар бил необразован и сиромашен рибар, Павле бил син на богати и благородни родители, римски граѓанин со извонредно образование; Петар, маловерниот, трипати се одрекол од Христа, но горко се покајал и станал камен и основа на Црквата, Павле, најголемиот непријател на христијаните, кој жестоко се противел на Христа, подоцна станува најплодоносниот мисионер на Евангелието. Вдахновениот простак и избезумениот оратор, Петар и Павле, ја олицетворуваат духовната крепост и разум – двата најнеопходни мисионерски квалитета.

Овој пост веќе се исполнува во спомен и подражавање на светите апостоли, кои постеле пред да тргнат да го проповедаат Евангелието (Дела 13,3) и затоа тој за нас има мисионерска димензија. Ние не сме предметот на апостолската мисија, туку ние сме оние кои се нивни следбеници и продолжувачи на нивното дело. Овој пост во нас го поттикнува мисионерскиот императив, да сведочиме за Евангелието и за Царството Небесно, кое преку Христа веќе ни е дарувано, а кое особено го предвкусивме во веќе поминатиот пасхален период.

[1] Строгиот пост во понеделник, како и воопшто постот во понеделник, е монашка традиција која постои од времињата на древните византиски манастири. Освен средата и петокот, монаштвото почнало да пости во понеделник, кој во богослужението на Православната црква е посветен на ангелите. Монашкиот начин на живот претставува ангелски начин (образ) на живеење, уподобување на бесплотните сили. Бидејќи традицијата на пост во понеделник е сугубо монашка, таа не би требало да биде задолжителна за сите православни христијани, како што и е обичај во многу црковни јурисдикции низ светот.

 Извор: Мистагогија

 

 

ЗА ПОСТОТ



„...Бидејќи постот е почеток и основа на секое духовно дејство. Значи, сѐ што ќе изградиш на тој темел не може да падне и да се разруши бидејќи е изградено на цврста карпа.

А ако го отстраниш тој темел и на негово место ја поставиш ситоста на стомакот и неумесните желби, сѐ тоа како песок ќе го однесат лошите помисли и реката на страстите и ќе се разруши целиот објект на добродетелите.

Значи, за тоа да не ни се случи и на нас, радосно да застанеме на цврстиот темел на постот, да застанеме добро, браќа мои, да застанеме доброволно.

Бидејќи, оној кој спротивно на волјата се присилува да се искачи на карпата на постот, секако ќе пости оттаму, повлечен од желбата за тајнодејствие, а јадејќи, тој неосетно станува и храна на лукавиот.

Тоа е Божјиот закон, и оние кои си дозволуваат да го кршат, ѓаволот како крвник ги превзема и казнува, иако не веднаш ниту во истиот час, бидејќи Господ е долготрпелив кон нас и го очекува нашето покајание, но ние во секој случај нема да избегаме од неговата рака ниту овде,
ниту во идниот живот ако непокаено живееме во грев, туку, така постапувајќи, со него и од него ќе примиме осуда и на праведниот Божји Суд заедно со него ќе бидеме осудени на бесмртна казна.
Дури и ако се скриеме од вниманието на нашиот духовник, ние не можеме да се скриеме од Владиката и Господ на сите настојатели.“

Св. Симеон Нов Богослов

 

 

 За постот

Ѓаволот се бори да го прекине постот. Веднаш не ни вели да не постиме, туку постепено ни предлага по малку да го ублажиме. Тоа за него е доволно, бидејќи подоцна ќе бара отстапување од постот, па кога ќе нѐ види немоќни, ќе нѐ нападне и ќе нѐ победи.
Не смееме да заборавиме дека тој не спие ни дење, ни ноќе. Стои, чека и се труди да нѐ зароби. Лукавиот, остроумен и бесрамен ја чека нашата најмала невнимателност во врска со постот, за потоа да влезе во нашата душа и да ѝ наштети. Знаејќи дека човекот по природа ја сака удобноста и телесната утеха, истото го користи за во нас да ги поттикне грешните страсти.


Преподобен Исаак Сирин

 

 Св. Јован Златоуст - За постот



Постот за кој зборувам, не е оној пост кој го држат многу луѓе, туку вистинскиот пост. Не само воздржување од храна, туку и од гревови... Ти постиш? Тогаш, покажи ми го твојот пост преку делата. Т.е. какви дела? Ако видиш сиромашен, дај му милостиња. Ако го видиш својот непријател, помири се со него. Ако видиш пријател, кој не пости, не колни го. Ако видиш убава жена, одмини. Не пости само преку устата, туку и преку очите и слухот, со нозете и со рацете, очисти се од алчноста и среброљубието.
Постам со нозете, отстапувајќи од блудни и безакони патишта. Постам со очите, воспитувајќи ги да не потскокнуваат кон убави и соблазнителни глетки, ниту да се воодушевуваат од туѓата убавина. Затоа што гледањето е храна за очите. Но, ако е безакона и наметлива, таа му штети на постот, го попречува секое душевно спасение, ако пак е Богоугодна и го закрепнува духот, го уркрасува... Не јадеш месо? Не јади развратност преку твоите очи. Пости и со слухот. Постот со слухот е во тоа да не примаш обвиненија и клевети против својот ближен. „Празен глас не примај“ – вели Св. Писмо. Пости и со устата од срамни и хулни зборови. Каква ни е ползата, ако се воздржуваме од јадење на кокошки и риба, а ги гриземе и јадеме своите браќа? Ако обвинуваш, ја јадеш плотта на својот ближен. Не си ја повредил неговата плот со своите заби, туку си ја повредил неговата душа преку клеветата. Го повреди неговото добро име.

 

 

15ти јуни, лето Господово 2020

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »