логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


  Празникот на светите Кирил и Методиј во патријаршискиот соборен храм во Софија (12.05.2014 )



Вчера, во Неделата на раслабениот беше одбележан и празникот на светите солунски браќа, словенските просветители Кирил и Методиј. Во патријаршиската соборна црква, ставропигијалниот храм посветен на свети Александар Невски во Софија, беше отслужена Света Литургија од страна на Браницкиот Епископ Григориј, викар на Софискиот Митрополит, и клирот при соборниот храм.

За време на Литургијата во светиот олтар се молеше Неговата Светост Бугарскиот Патријарх Неофит. Молитвено, заедно со него, исто така, присуствуваше и Поглаварот на Македонската Православна Црква Архиепископот Стефан заедно со Струмичкиот Митрополит д-р Наум и Хераклејскиот Епископ Климент, секретар на Светиот Синод на МПЦ. Високата делегација на МПЦ пристигна во Софија заради заедничко чествување на празникот на светите браќа од страна на Бугарската Академија на науки и Македонската Академија на науките и уметностите. Но, бидејќи МПЦ не е признаена од страна на останатите Православни Цркви, нејзиниот клир не можеше да учествува во празничната богослужба.

На крајот од Литургијата слово за светите словенски просветители и нивното свето дело прозинесе Епископот Григориј. Потоа Патријархот, Епископот Григориј, Тивериополскиот Епископ Тихон, Маркијанополскиот Епископ Константин и останатиот клир, кон кои се присоединија свештениците од градските цркви, излегоа од олтарот во средината на храмот, каде што го започнаа празничниот молебен. Заедно со нив од олтарот излегоа и гостите од Македонија.

После молебенот Патријархот Неофит од амвонот прознесе празнично слово за сеславните просветители. Следеше многулетие од тројцата ѓакони, при што вториот благослов љубезно беше отстапен на Архиепископот Стефан. Пред да заврши молебенот Епископот Тихон му соопшти на верниот народ во храмот дека на денешниот празник на светите Кирил и Методиј присуствуваа и Поглаварот на МПЦ со нејзините архиереи и клирици.

Традиционално, по празничните богослужби во синодската сала беше приреден краток прием на кој присуствуваа и гостите од МПЦ.



   
    
Извор: Dveri.bg

Преземено од МПЦ- ОА


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво,...

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

« »