логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


V.Jerotic1.jpg

Скопје, 07. мај 2014 год.-  Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“

  V.Jerotic2.jpg

    Предавање на проф. д-р Владета Јеротиќ: „Кога религиозноста станува психолошки проблем?

 V.Jerotic1.jpg

V.Jerotic1.jpg

  


 

V.Jerotic3.jpg

  •     На покана на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, на 7 мај 2014 г. се одржи предавање на познатиот и признат психијатар и академик, проф. д-р Владета Јеротиќ. Предавањето се одржа на богословскиот факултет, во преполнетата сала „Архиепископ Доситеј“, и на истото присуствуваа Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, митрополитите г. Петар и г. Јосиф, истакнати и докажани професори и научни работници, како и голем број студенти и верници.

  V.Jerotic.jpg

V.Jerotic.jpg

  • Гостинот беше претставен од страна на проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ, а со поздравно слово на присутните им се обрати и деканот на факултетот, проф. д-р Ацо Гиревски. Тема на предавањето беше „Кога религиозноста станува психолошки проблем?Академик Владета Јеротиќ говореше за човекот како за homo religiosus, и понуди историски осврт на развојот на религиите. Беше разгледан и самиот феномен на вера наспроти неверие, и соодветно, беше разгледана психодинамиката на верата. По предавањето следеше полчасовна дискусија на која присутните имаа можност да постават прашање или да дадат коментар на темата.

 V.Jerotic.jpg

V.Jerotic.jpg

  • Владета Јеротиќ (1924 г.) е лекар, психијатар, книжевник, академик, роден во Белград, Србија. Специјализирал невропсихијатрија, а во Швајцарија, Германија и Франција – психотерапија. Од 1985 година предава пастирска психологија и медицина на Богословскиот факултет во Белград. Има објавено голем број студии и колумни, и над 30 авторски книги. Приредувач и преведувач е на делата на Сигмунд Фројд на српски јазик. Добитник е на значајни награди и орден за заслуги. Во тек е преведување и издавање на неговите дела на македонски јазик.

 V.Jerotic.jpg

 V.Jerotic.jpg

   V.Jerotic.jpg

 V.Jerotic.jpg

 V.Jerotic.jpg

 

 V.Jerotic.jpg

  • За Преминпортал: Милан Јаковчевски 
  • Друго:

V.Jerotic.jpg

  •   Според зборовите на деканот на Факултетот, проф. д-р Ацо Гиревски, ова е резултат на интерфакултетските активности на ПБФ, на отвореноста, на тоа што Факултетот е членка на УКИМ, но и на тоа што оваа наставно-научна институција на МПЦ-ОА се закити и со редовен член на МАНУ. Секако, без да ги занемариме активностите на младиве професори од ПБФ, кои прифаќаат активности и учества на симпозиуми и конференции во земјата и надвор од неа, стекнувајќи нови пријателства и контакти со колеги од сродните факултети и институти, изјави деканот Гиревски.

 

  V.Jerotic.jpg

  8-ми мај, лето Господово 2014



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »