логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  

 Се надевам на коректност, дека овој напис како реакција на „Украина 2.0„ од Д. Митревски ќе го објавите во целост, и со тоа ќе придонесете во објективноста на информирањето. Ви благодарам!

Goran.S.Velig.jpg

  Зошто за Русија?

 
Христос Воскресе! И јас кога ќе прочитам во нашите весници колумна во која авторот навива за „демократската„ влада во Украина, и мене како православен ми доаѓа да ја ставам главата во вреќа од срам, ама кој ме прашува мене. Украина ни давала оружје 2001 година (иако тоа не е истата влада, што е сега е во Киев) и сега треба заради тоа, мнозинството Македонци на интернет требало  да бидат на нејзина страна, а не на страна на Русија.

 
Тоа што, мнозинство Македонци на интернет биле на страната Русија или како што сакаат да спинуваат, па велат Путин, не е за чудење, тоа доаѓа од срцето на тие нашинци на интернет, само се молам да не навиваат за жртви на едната или другата страна, бидејќи треба да се радуваме на животот, а не на смртта на било која конкретна личност независно од припадноста. Па, на Македонците им е преку глава од двојните аршини на т.н. меѓународна заедница, која нема еднаква дефиниција за терористи во Авганистан и терористи во Сирија, исто како што немаше и на овие простори, исто како што подеднакво не ги брои жртвите. Па, луѓе мои, во Сирија, Нигерија, Египет секојдневно гинат христијани од други луѓе кои сите знаеме дека политички работат под покровителство на западната демократија.
 
Да објасниме за „заземањето„ на страната, прво, тоа што Македонците на интернет во „мнозинство„ заземале руска страна знаат за духовната и книжевна врска на Охрид со Киевска Русија, и обратнопропорционалната врска за време на османлиското владеење на Балканот. Второ, ако некој случајно ја прочитал изјавата на Карл Билт (присутен во сите „мировни„ дејствија на Балканот во последниве дваесет години), парафразирам, дека Русија била православен бастион против западната цивилизација, и следствено на тоа дека православието му штети на Западот повеќе од исламскиот фундаментализам (што најверојатно го контролираат, а православието во Русија, не!), тогаш да не се чудиме која страна ќе ја заземеме личносно, бидејќи како држава веќе сме се определиле за ЕУ и НАТО, но срцето секогаш зборува друго и искрено. Трето, пред неколку години, рускиот претседател изјави, дека Русија ќе се развива согласно својата духовна култура и традиција чии корени ги има во православното христијанство, а тоа треба да бидеме искрени дека не кореспондира со философијата за западната цивилизација и очигледно страшно ја фрустрира (бидејќи е ерес да размислуваш против Запад), а ние бидејќи знаеме дека нашите корени се во просветителството на светите Кирил и Методиј и светите Климент и Наум Охридски чие дело е познато кај сите Словени, и пак можеби е јасно која страна која ќе ја заземеме. Четврто, одамна уште пред Болшевичката револуција, на царска Русија и финансиските моќници завидувале за територијата, поточно за ресурсите што ги поседува, и дека треба да ги дели со останатите земји, а по реформите од 1905 година царска Русија сериозно се развива, но ете, „сучајно„ како и со Мајдан, дојде до октомвриската револуција, притоа никој во светската историографија не се интересира откаде Ленин се финансира (погледајте ги документарците, Бојкотиран триумф и Падот на Византија), па така и денес, не е заради демократијата во Украина, туку заради ресурсите (нафта, јаглен, гас, дијаманти, злато) во Русија, значи за пари е, а не за слобода, и во таа алчна битка за ресурси, човечките жртви воопшто не им се важни, а нашиот народ не е алчен, можеби затоа се приклонува на страната на оние што се бранат. Петто, треба многу добро да се познава историјата на Русија и да се даде било каков суд, па да се знае за Киевска Русија, за битката на Чудското езеро, и за наметнатото унијатство кое до ден денес е камен на сопнување на релација Ватикан и Московска патријаршија, да, треба да се знае и за четири и пол милиони Украинци жртви во Втората светска војна, но и за три до четири пати загинати Руси, за Сталинград и Ленинград и придонесот за слободата од фашизмот (Нормандија била невозможна мисија без успехот кај Сталинград), а приказните дека Хитлер им давал на Украинците, тоа што Сталин им го земал, и поистоветувањето на денешната Русија со нацистичка Германија или Советска Русија е смешно, па и овде ќе најдете сведоштва дека германски офицер давал чоколади на деца во Куманово, дека германски војници преврзале рани на македонски селанец, дека издале признаница за земени крави и волови во кичевско село (но, нашиот народ правилно се определил против фашизмот), тоа се човечки ситуации и немаат врска со алчноста за богатење и политиките во таа насока кои предизвикале милиони жртви и затоа не ме чуди што начинот на кој Гебелс водел пропаганда во Третиот Рајх за жал ја прифатија и западните демократии и не само таму, тоа нашиот народ го препознава и велам, можеби затоа ја симпатизира Русија.

Не ми беше целта да навивам за некого, можеби Русија во својата политика како светска сила не била секогаш наклонета кон Македонија, но како кон православен и словенски братски народ била. Немам намера да ја глорифицирам, бидејќи како светска сила и таа не постапувала правилно и се раководела од своите интереси како и денес. Но, голема е и непремостива разликата меѓу Исток и Запад, и на духовен , и на културен, и на материјален план, но не треба да се наметнуваме едни на други, кога едни се наметнуваат другите се бранат. За жал во тоа наметнување се губи Христовото, дека човек на човек му е брат, а се раѓа она револуционерното, дека човек на човек му е волк. Да се помолиме за сите луѓе  кои денес страдаат заради човечките страсти, и не само во Украина, да не се срамиме да се помолиме и за непријателите, бидејќи ако некои го заборавиле фактот на Христовото Воскресение, ние да не се срамиме, туку да исповедаме дека Христос Воскресна!

 
п.с. Ако веќе дошло дотаму да се избира, како што вели големиот Достоевски, дури и да докажат дека Христос не постои, јас пак ќе бидам со Него!





Goran.S.Velig.jpg

свештеник Горан Стојчевски

Друго:

 

4-ти мај, лето Господово 2014 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

04/05/2026 - понеделник

Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него; Светиот маченик Теодор и другите со него;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная