логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Sample Image

Ве известуваме дека во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 08. 04. 2014 година до 14. 04. 2014 година на Скопскиот саем, Повардарската епархија ќе ги претстави сите свои изданија од својата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“.

Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“, како и примероци од илустрираната едиција „Библиски настани“. Истоврмено,

Ве информираме дека на првиот ден од саемот ќе биде одржана промоција на книгите „Старец Јосиф Исихаст“ и „Св. Серафим Саровски“, на која промотор ќе биде протоереј Миле Штрбевски, а ќе присуствува и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел,

а на вториот ден од саемот ќе биде одржана промоција на книгата „Пејач на покајанието“, на која промотор ќе биде свештеник Дарко Милев, а исто така ќе присуствува Митрополитот Агатангел. Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

Извор: Повадрдарска епархија

+++

 Известување

 Ве известуваме дека од 08.04 до 14.04 2014, во Скопје, ќе се одржи 26. Меѓународен саем на книгата. И оваа година на него ќе учествува Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија со својата издавачка дејност. На нашиот штанд ќе бидат изложени поголемиот дел од црковните изданија. Саемот ќе биде отворен за посетители од 10:00 до 20:00 часот.
Во оваа прилика, ќе се реализираат и следниве промоции:

Вторник, 08. април
, во 13:00 часот,  промоција на книгите „Старец Јосиф Исихаст“, „Старец Сампсон“ и „Св. Серафим Саровски“, во издание на Повардарската епархија.

Среда, 09. април, во 18:00 часот, промоција на книгата „Пејач на покајанието“, во издание на Повардарската епархија.

Петок, 11. април, во 17:00 часот
, промоција на книгите „Плаошки мироглед“ и „Евхаристија“, во издание на Дебарско - кичевската епархија.

Сабота, 12. април, во 13:00 ч
асот, промоција на издавачката дејност на Скопската епархија.

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »