логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

Stefcho.Lit.jpg

 Stefcho.Lit.jpg

Скопје, 12.01.2014 год,- храм на св. Јован Крстител

Stefcho.Lit.jpg

о .Стефчо Беќарски

  Беседа:

НЕДЕЛА  ПО  РОЖДЕСТВО  ХРИСТОВО


Само неколку дена торжествено празнување за Христовото раѓање, здружени со ангелските сили го славиме мирот на земјата, а веќе се соочуваме со фактот, дека има некој кој не го посакува мирот и радоста во овој свет помеѓу луѓето. Силен плач се слушало во Витлеем и неговата околија. Плач на 14. 000 мајки кои лелекале за своите новороденчиња убиени од злогласниот цар Ирод, кој подбуцнат од сатаната дека ќе му биде одземен престолот од Новородениот Цар Јудејски издал наредба да се убие секое новороденче до две години во Витлеем и пошироката околија. Тоа е плодот на омразата кога ќе го помрачи човечкиот ум блaгочестиви христијани. Тоа е плодот на сите богоборци што ги знае човековата историја. Не се свесни дека го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Но зошто Бог допушта да биде пролеана невина детска крв? Зошто толку невини жртви? Овие прашања се соодветни и на прашањето-зошто невиниот Син Божји пострадал со крсна смрт? Зошто пострадале ап-те, или пак 1000-те маченици? Одговорот е: за да се покаже свирепоста на демонизираниот човечки ум, кој кога ќе се преокупира со својот егоизам, животите на останатите луѓе му се безначајни. Но постигнувањето пак на највозвишената цел не познава граница во поднесување на жртвата. Особено ако таа е исполнета со безмерната Божја љубов. Христос претрпе крсна смрт заради спасението на целиот човечки род. Апостолите и сите маченици пострадаа за сведоштвото на вистинската спасителна вера, верата во Христа и верата во вечниот живот со Него во Неговото царство.
Трнливиот пат  на Богомладенецот започнал уште при неговото раѓање. Тој не се раѓа во палата, туку во пештерска штала. Поминува неизвесен пат кој трае со денови преку пустински суровости до Египет и пак потоа назад. Кога ги повикува своите на љубов, тие му возвраќаат со омраза, а на крај за сите добрини-исцелувања од најтешки болести, е предаден од својот ученик, чие предавство завршува со крсна смрт. Но Бог е Бог на животот, смртта ја гази со силата на животот, живот во вечност преку светлото воскресение.

Stefcho.Lit.jpg

  • Убиството може да биде и телесно и духовно. Духовното убиство е пострашно од телесното. Со него се убива највредното во човекот, се убива душата. Причината рековме дека е егоизмот заслепен од овоземното уживање. Еве и во денешно време сме сведоци на безбројни убивања по целиот свет. Сведоци сме и на убиства на безброј невини дечиња, уште пред да дојдат на овој свет, од жени кои не сакаат да станат мајки. Од оние кои не сакаат да си го нарушат комодитетот на овоземното живеење. Но таквите невини дечиња Господ ќе ги спаси, а тешко на нивните убијци, бидејќи на таквите невини дечиња е Царството Небесно. Што станува со оние дечиња кои духовно се убиваат. Кои ја добиваат трајната вечна смрт. Кои од презфатеноста на своите родители, кои се преокупирани со грижите за придобивање на овој свет и неговото богатство, ги препуштаат на несоодветно воспитување. Тие немаат време за свите рожби и со својот пример ги соблазнуваат и заведуваат  и своите деца водејќи ги во амбисот на пропаста од каде нема враќање. Затоа сите ние и како родители и како возрасни мораме да внимаваме како се однесуваме кон невините деца, каков пример им даваме.

    Stefcho.Lit.jpg

    Нека и денешниов пример од прочитаното Св. Евангелие, за плодовите на помрачениот Иродов ум, го разбуди нашиот подзаспан ум, па просветени со Витлеемската ѕвезда која ги водеше мудреците кон Царот на царевите, го провети и нашиот ум, па наместо злато и смирна, на Христа да му подариме чисти срца и богоугодни поколенија. Христос се роди !

Stefcho.Lit.jpg

 

 

Друго:

Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, Скопје (12.01.2014)

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

20/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (риба)

Светиот маченик Теодот Анкирски; Светите маченички Кирјакија, Валерија и Марија; Светиот свештеномаченик Маркел, папа Римски; Светиот свештеномаченик Маркелин, папа Римски; Преподобен Даниил Скитски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная