логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Радосна објава на Христовото Рождество ширум Македонија
28 декември/10 јануари 2013/14 л. Г.


det_2.png


Во секој човек постои една божествена искра, една таинствена нераскинлива врска со духовниот свет, која го потсетува постојано да копнее и да ја бара заедницата со Бога, да Му се радува на Бога и да Го чувствува во срцето. Да знае дека без Бога тој никогаш не е целосен, исполнет и дека таа празнина не може да ја пополни со ништо друго. Во детското срце, пак, духовниот свет е една широко отворена врата низ која детето непречено влегува и постојано заедничари со Бога. Никој не може да Му се радува на Бога онака како што Му се радува чистото детско срце. Додека Христос пребивал на земјата, децата постојано и радосно Му пристапувале како привлечени од некаков магнет и на сите им ја објавувале спасоносната Божја вистина. Ни денес не е ништо поинаку. Со своите озарени лица, со чистата детска вера, со распеаните ѕвонливи гласчиња, го будат светот заспан во своите грижи, објавувајќи ја насекаде небесната радост на Христовото Рождество. Каква чудесна и необична глетка е тоа! Распеаните дечиња, носејќи во своите раце украсена пештера, како образ на Витлеемската пештера, со фенерчиња и ткаени торбички во свечена поворка врват низ градските улици и одново потсетуваат дека треба да ги оставиме световните работи и да им се придружиме во радосното благовестие за раѓањето на Богомладенецот. Да се почувствуваме и ние како децата, да го отвориме срцето за во него да потече благодатната река на покајанието, и слевајќи се со детската радост, да ја запееме со нив радосната песна за вечниот Бог Кој слезе на земјата. Голема ни е радоста што оваа глетка повторно ги краси улиците на нашите градови; што покрај најмалите, и возрасните се придружуваат на оваа весела поворка во сè поголем број; што наместо оние примитивни песни, попримени поради незнаење, во сè повеќе наши градови одекнуваат стиховите на древната Божикна каланда „Вечниот Бог“. Не само што оваа прекрасна бадникова традиција после повеќе од педесет години одново воскресна во нашите убави стари градови како Крушево, каде што, характеристично за овој град, се пеела посебна каланда за поклонението на тројцата мудреци од Исток, Охрид, кој годинава беше закитен со преубава поворка од стотици дечиња и возрасни; Битола, каде овој начин на благовестење на Рождеството со пеење на Божикниот тропар никогаш целосно не замрел како обичај, но во последните години доби голема духовна сила и суштина; и секако убавата Струга, каде ваквите бадникови поворки, проследени со празничниот кондак „Дева денес“, се задржале благодарение на посветеноста и духовниот труд на упокоениот во Господа отец Владимир Санџаковски; туку се роди и веќе полека фаќа корен и во Скопје, Тетово и други наши поголеми градови.
Дека навистина будењето на оваа некогашна бадникова традиција Му е угодна на Господа и дека Тој се радува со неа, сведочи и фактот дека за само две години таа се рашири низ поголемиот дел од нашата земја. А сѐ започна со еден интересен детски спот што беше снимен низ улиците на Битола минатата година под организација на наќата обител, а во соработка со продукцијата „Наше Маало“ од Скопје и нашиот добар пријател Ламбе Алабаковски, кој со детска воодушевеност прифати да земе учество во спотот.
Му благодариме на милостивиот Христос што тоа прекрасно возвестување на Неговото Рождество толку благонаклоно се прима од нашиот верен народ и полека го зазема местото на измислените песни и ритуали кои немаат никакви допирни точки со суштината на празникот. Нека по Неговата милост и другите наши градови ја дожиеват вистинската убавина на радосната бадникова објава на доаѓањето на Спасителот на земјата низ благодатните стихови на Божикните каланди. Амин!

 

 det_2.png

 

❈ СКОПЈЕ ❈

 *  Видеото од коледарчињата од Скопје ќе биде додадено на оваа вест подоцна

 

 

 det_2.png

 ❈ БИТОЛА ❈

 

   det_2.png

 ❈ ОХРИД ❈

 

 det_2.png

 ❈ ТЕТОВО ❈

 

 det_2.png

❈ СТРУГА ❈



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »